Македонија ќе биде под влијание на снежни врнежи до среда. Најсилни ќе бидат во западните и југозападните делови во вторник, а во среда снег ќе има на повеќе места во државата. После тоа, облачноста ќе се намалува, но студот ќе остане интензивен, носејќи арктички услови низ цела Македонија, информираат од УХРМ. Минималните температури ќе се движат околу -10 степени во утринските часови, а на некои места и до -15. Дневните температури ќе бидат ...

Регулаторната комисија за енергетика денеска попладне ќе ги објави новите цени по кои по полноќ ќе се продаваат нафтените деривати на бензинските пумпи низ Македонија. Минатата недела Регулаторната комисија за енергетика ги зголеми цените и тоа за 1 денар на бензинот и за 1,5 денари на дизелот. Во моментов 95 октанскиот бензин чини 78 денари, 98 октанскиот 80,5 денари а дизелот се продава по 72,5 денари. Тоа е највисока цена на горивата од ...

За оваа зима, државните институции во земјава склучиле договори за јавни набавки за зимско одржување на улиците и патиштата во вредност од 219 милиони денари, односно 3.569.106 евра, покажа најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации. Склучени се вкупно 49 поединечни договори, коишто, покрај изнајмување возила и работници за зимско одржување, вклучуваат и набавки на сол и ризла за патиштата. Вакви тендери имаат: Јавното ...

Покрај Швајцарија и Србија изрази подготвеност да биде домаќин на евентуална средба помеѓу следниот претседател на САД, Доналд Трамп и претседателот на Русија, Владимир Путин. Српскиот претседател, Александар Вучиќ изјави дека Србија е заинтересирана за таков настан и дека може да гарантира целосна безбедност за двајцата претседатели. Според него, Србија во основа е надвор од двата блока, односно НАТО и ОДКС и во суштина е независна земја. ...

Основните и средните училишта во повеќе општини во северниот дел на Грција денеска ќе бидат затворени поради снежната бура што од вчера ја зафати земјата, а на одредени патни правци постои забрана за сообраќај на тешки возила, јави дописничката на МИА од Атина. Научната Комисија за проценка на опасности од Министерството за климатски кризи и цивилна заштита вчера одржала вонреден состанок и, според грчките медиуми, издадена е препорака за ...

Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од -3 до 3 степени Целзиусови. Во Скопје претежно облачно и студено со повремен снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а ...

Имаме две добри вести, првата е дека конечно ќе се воспостави директна линија од Скопје до Амстердам, што е огромна можност за туризмот, со оглед дека Македонија е популарна дестинација за Холаѓаните. И најновата вест е дека авиокомпанијата Изиџет формално поднесе документи во министерството за Скопје-Париз до аеродромот „Орли”, кој што е најблиску до центарот на Париз, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој ...

Според проценката на американската мултинационална компанија за финансиски услуги „Џеј Пи Морган“ (JP Morgan), економските загуби од шумските пожари во округот Лос Анџелес веројатно се двојно повеќе во последните 24 часа и сега изнесуваат близу 50 милијарди долари. Се проценува дека осигурените загуби ќе надминат 20 милијарди долари, а таа бројка може да се зголеми во зависност од тоа кога пожарите конечно ќе бидат под контрола, според „Џеј Пи ...

Финската влада објави дека има намера да го продолжи затворањето на границата со Русија, продолжувајќи ја важноста на контроверзниот привремен закон кој им дозволува на граничарите да не дозволуваат влез на барателите на азил во Финска под одредени услови. Привремениот закон стапи на сила на 22 јули како одговор на приливот на баратели на азил кои пристигнаа на границата со Русија во есента 2023 година. Хелсинки инсистира на тоа дека нивното ...

Реизбраниот американски претседател Доналд Трамп ги повторува заканите дека ќе ја преземе контролата врз Панамскиот канал, додека панамската влада инсистира дека нивниот суверенитет над водениот пат не може да се доведе под прашање. Очите на светот повторно се насочени кон тој стратешки поморски премин што ги поврзува Атлантскиот и Тихиот океан. Еве неколку факти за Панамскиот канал: Кој го изгради Панамскиот канал? Трамп сака да го потсети ...

Со македонски пасош без визи може да се патува во 129 земји, што го рангира на 40-то место според индексот на најмоќни патни исправи во светот за 2025 година, на британската консултантска компанија Хенли & Партнерс. Индексот на Хенли & Партнерс е најчесто цитираното рангирање на пасоши и се заснова на официјални податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА). Примарниот одлучувачки фактор за одредување колку е „моќен“ ...

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. По котлините во поголем дел од денот ќе биде тивко со појава на магла или ниска облачност Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 6 до 15 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде претежно облачно и тивко со појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе ...

Лидерот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека, доколку биде осуден за непочитување на одлуките на високиот претставник за Босна и Херцеговина, ќе преземе чекори за отцепување на Република Српска од БиХ. –Ако дојде таква одлука, веднаш ќе има одлука на собранието за отцепување и референдум за независност на РС, изјави Додик во интервју за РТРС. Додик е обвинет од февруари 2024 година за непочитување на одлуките на високиот претставник ...

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп одби да ја отфрли можноста за употреба на воена или економска сила за преземање на Панамскиот канал и Гренланд. Трамп, кој стапува на должност на 20 јануари, на прес-конференција во неговото одморалиште на Флорида ја претстави идејата за претворање на Канада во сојузна држава на САД, и вети дека ќе го промени името на Мексиканскиот Залив во Американски Залив. Две недели пред преземањето на ...

Тројца Тројца повредени во сообраќајна несреќа на патот Охрид-Св.Наум. Според иформациите, до несреќата дошло кога автомобилот излетал од патот. Повредените се млади лица на возраст од 20 и 21 година. „Денеска (08.01.2025) во 00.15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид – Св.Наум, патничко возило „пежо 206“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Л.(20) од с.Оровник, општина Дебарца, излетало надвор од ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,46 % во однос на одлуката од 30.12.2024 година. Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра ...

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – ноември 2024 година, изнесува 7 216.6 милиони евра и бележи пад од 5.8 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 10 126.5 милиони евра, што е за 0.6 % помалку во споредба со 2023 година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – ноември 2024, изнесува 2 909.9 милиони евра,а покриеноста на ...

Бројот на загинати по вчерашниот напад во Њу Орлеанс се зголеми на 15, а најмалку 35 лица се повредени, јави денеска Си-Ен-Ен. Американскиот државјанин Шамсуд Дин Бахар Џабар (42) е осомничен дека со својот пик-ап влетал во толпа луѓе на улица и убивал минувачи. Тој беше убиен во пресметка со полицијата вчера околу 03:15 часот по локално време, во дел од Њу Орлеанс каде се одржуваа неколку новогодишни прослави. ФБИ соопшти дека во неговото ...

Александар Камбовски едногласно избран за претседател на Судски совет. јавува Телма За него гласаа сите 13 члена на советот со право на глас. Претседателката на врховен и министерот за правда, кои се членови на советот без право на глас, не дојдоа на седницита „Уште еднаш сакам да ви се заблагодарам на укажаната доверба и искрено се надевам дека заеднички сите ќе ги посигнеме највисоките стандарди на професионализам највисоките стандарди на ...

Авио сообраќајот и утрово се соочува со проблеми поради густа магла на скопскиот аеродром. Во моментов авион од Лондон на компанијата Виз Аир кружи над Скопје и не може да слета поради намалена видливост. По неколку обиди тој најверојатно ќе биде пренасочен кон соседството. Од утрово, авионот не пристигна за Цирих и доцни повеќе од 4 часа. Речиси три часа доцни и авион за Истанбул, а 50 минути за Измир. Доцнење има и кај полетувањата бидејќи ...

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -7 степени, -6 било во Скопје Петровец, -5 во Скопје-Зајчев Рид и Струмица, -4 во Битола, Велес, Куманово и Попова Шапка, -3 во Тетово, Штип, Демир Капија, Кавадарци и Крива Паланка, -2 во Лазарополе, -1 во Гевгелија и Прилеп, 0 во Охрид и Претор, 1 во Виница, Дебар и Маврови Анови, 2 во Крушево. Висината на снежната покривка утрово во 7 часот изнесувала 45 сантиметри во Маврови Анови, 44 во ...

Човекот, кој беше во автомобилот што експлодира пред хотелот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Лас Вегас извршил самоубиство пукајќи си во главата пред експлозијата, соопштија претставници на американската полиција. Метју Ливелсбергер (37) од Колорадо, бил високо одликуван припадник на Зелените беретки на американската армија, кој бил распореден двапати во Авганистан и веројатно планирал да направи најголема можна штета, ...

Скијачкиот центар „Михајлово“ од вчера стартува со работа. Центарот располага со ски стаза, ски лифт и сите неопходни елементи за скијачки центар. Местото е оддалечено околу 35 километри од Кавадарци, а според локалната самоуправа има потенцијал и за понатамошен туристички развој со ресторанско и хотелско работење и индивидуални сместувачки капацитети. До скијачкиот центар организиран е превоз од Кавадарци, од страна на јавното претпријатие ...

Главниот град на земјава, Скопје, утрово е втор најзагаден град во Европа, покажуваат податоците на платформата за мерење на квалитетот на воздухот „Ај-кју ер“. Скопје утрово е на 10. место на листата со индекс на загаденост 172. Според платформата, во моментов, воздухот во главниот град е означен во категоријата „нездрав воздух“. Податоците од платформата за мерење на квалитетот на воздухот „Ај-кју ер“.Фото: Принтскрин Прв на листата на ...

Британската полиција денеска соопшти дека пронашла жена која исчезнала од градот Ковентри пред 53 години. Шејла Фокс, која исчезна од Ковентри во 1972 година кога имала 16 години, е безбедна и живее во друг дел од земјата, соопшти полицијата на Вест Мидленд. Во декември, полицијата упати нов апел за помош во пронаоѓањето на Фокс и објави нејзина фотографија од времето на нејзиното исчезнување на нивната веб-страница и социјалните мрежи. Во рок ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Утрото ќе биде ведро и студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Минималната температура ќе се движи од -7 до 3, а максималната од 7 до 14 степени. Во Скопје утрото ведро и студено со појава на утринска магла, а во текот на денот сончево и тивко со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе ...

За учениците во основните и средните училишта почнува зимскиот распуст од учебната 2024-2025 година. Наставата од второто полугодие ќе продолжи на 20 јануари. Учебната 2024-2025 ќе заврши традиционално на 10 јуни. Нема да биде продолжена како минатата учебна година, кога за основците заврши на 17 јуни, бидејќи ќе нема пролетен распуст кој беше воведен лани (29 април – 6 мај 2024). За оваа одлука Министерството за образование и наука во оваа ...

Светското население ќе се зголеми за повеќе од 71 милион луѓе во 2024 година, достигнувајќи над 8,09 милијарди луѓе до крајот на годината, покажуваат податоците на Американското биро за попис на населението. Се проценува дека до 1 јануари 2025 година, популацијата ќе достигне 8.092.034.511 луѓе. Процентуално, светското население ќе порасне за речиси 0,9 проценти во 2024 година, што е мало забавување во однос на 2023 година. Тогаш имаше ...

Пет години откако беа регистрирани првите случаи на ново белодробно заболување во кинескиот град Вухан, Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека се уште очекува целосна соработка од Пекинг за да се разјасни потеклото на пандемијата Ковид-19, јави ДПА. „Ова е морален и научен императив. Продолжуваме да ја повикуваме Кина да сподели податоци и пристап за да можеме да го разбереме потеклото на Ковид-19. Без транспарентност, споделување ...

Генералниот директор и Претседател на УО на АЛКАЛОИД АД Скопје, Живко Мукаетов, е дел од престижната листа ТОП 25 за 2025 година, во категоријата Бизнисмени, подготвена од регионалната медиумска мрежа Bloomberg Adria. Листата ТОП 25 за 2025 година ги вклучува најистакнатите бизнисмени и компании од Северна Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и од Босна и Херцеговина. Изборот беше направен во вкупно пет категории – компанија, бизнисмен, ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
93%
1008
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
1.54
94%
1013
weather icon

Загреб

10ᴼ / 10ᴼ
8.75
62%
1017
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
95%
1010
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
4.5
93%
1011
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
68%
1017
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.13
77%
1003
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1005
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
5.14
47%
1006
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 10ᴼ
7.2
81%
1011
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 10ᴼ
4.63
63%
1018
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
6.69
93%
1005
Currency

61.535

Currency

56.8742

Currency

73.5317

Currency

35.6019

Currency

39.5387

Currency

64.4906

Currency

7.95294

Currency

0.67129

Currency

0.38043

Currency

0.52485

Currency

1.49922

Currency

0.6653

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15715.00

Рутениум

20190.67

Калај

36.07

Сребро

1079.73

Злато

99960.97

Бакар

10.10

Паладиум

3118.62

Платина

31670.15

Родиум

183259.26

Цинк

2.83