Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Во рамки на постапка за организиран илегален увоз и дистрибуција на медицински средства што се користат при естетски зафати, под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полицијата спроведува обемна и координирана акција на повеќе локации низ државата. Од Обвинителството информираат дека акцијата ја реализира Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, при што се вршат интензивни претреси и се обезбедуваат лица за кои ...
Посети на министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис на земјите од Западен Балкан во следниот период, како и министерска средба во Атина до крајот на годината, според портпаролката на грчкото МНР Лана Зохиу, се планираните активности на Грција за зајакнување на европската перспектива на регионот. На брифингот со новинарите во Министерството за надворешни работи на Грција, портпаролката се осврна на усвојувањето на Делфи декларацијата ...
Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтер беше регистриран кусо пред 6.30 часот утрово по локално време во морскиот дел јужно од грчкиот остров Крит, а засега не се пријавени некакви проблеми. Според Геодинамичкиот институт, епицентарот бил во морската област седум километри југозападно од крајбрежниот град Гудура и на длабочина од 5 километри. Заменикот префект на областа Јанис Андрулакис за државната телевизија ЕРТ рече дека ...
Цените на нафтата денеска повторно бележат раст, трет ден последователно, во услови на кревко примирје на војната против Иран. Северноморската „Брент“ нафта за испорака во јуни поскапе за повеќе од еден процент во однос на вчера и достигна 103,23 долари за барел (159 литри). Американскиот претседател, Доналд Трамп, го засили притисокот врз Иран и, според медиумски извештаи, му дава на Техеран уште неколку дена да достави прифатлив предлог за ...
Пратеничката група на СДСМ поднесе Предлог-закон за изменување на Законот за Владата, со кој се предвидува забрана за двојно државјанство за министрите, вицепремиерите и целиот состав на Владата, со итна примена. Од партијата наведуваат дека со овој предлог се поставува принцип на еднаквост, односно исти правила да важат за сите избрани и именувани функционери, без исклучок. СДСМ истовремено ги критикува најавените измени на Законот за ...
Туристичката комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија (ССКМ) официјално упати барање до Министерството за туризам на Република Грција за привремено одложување на примената на новиот Entry/Exit System (ЕЕС) на граничните премини за македонските државјани во периодот од 1 јуни до 1 септември 2026 година. Иницијативата доаѓа по реакциите и укажувањата од туристичкиот сектор во земјата, кој предупредува дека евентуалната примена на ...
Турскиот парламент усвои закон со кој им се забранува пристап до социјални медиуми на деца помлади од 15 години, во обид да се засили заштитата на малолетниците во дигиталниот простор. Согласно новите законски одредби, децата под 15-годишна возраст нема да можат да отвораат профили на социјалните мрежи, додека дигиталните платформи ќе бидат обврзани да воведат ефикасни системи за проверка на возраста на корисниците. Платформите ќе бидат ...
Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, преку социјалните мрежи ја појасни суштината на предложените измени на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување која во Собранието ја поднесе пратеничката група на Левица, а денес е на дневен ред на собраниска седница, се вели во партиското соопштение. Апасиев посочува дека во важечкиот закон постои како што вели „нешто идиотско, што се вика максимална основица за плаќање ...
– Покачувањето на цените на горивата, последица на конфликтот на Блискиот Исток, довело до значителен пораст на бројот патници во јавниот превоз во повеќе француски градови. Истражување спроведено од страна на француските медиуми покажува дека граѓаните се почесто ги оставаат автомобилите и се префрлаат на превоз со автобус и трамвај за да ги избегнат високите трошоци за гориво. Трендот е особено изразен во градовите што нудат бесплатен јавен ...
Цените на горивата и на мазивата во Европската Унија во март нагло пораснаа за 12,9 отсто на годишно ниво, при што е забележан особено силен раст на цената на дизелот од речиси 20 отсто, објави вчера Евростат. Најголемо поскапување е забележано во Германија, каде што цените се зголемија за 19,8 отсто, по што следуваат Романија со 19,6 отсто, Холандија со 18,8 отсто, Летонија со 18,5 отсто и Австрија со 17,2 отсто. Наспроти ова, Унгарија и ...
„Нарушувањата во глобалното снабдување со нафта предизвикани од војната во Иран ја зголемија цената на авионските летови на долги релации од Европа за речиси 90 евра, што најверојатно ќе доведе до повисоки цени на авиобилетите, соопшти невладината организација Европска федерација за транспорт и животна средина (ТЕ)“, информираа белгиските медиуми. Според анализа на организацијата, зголемувањето на цените на авионското гориво довело до раст на ...
По долго боледување, почина новинарката и уредничка Гордана Дувњак, една од препознатливите фигури во македонското новинарство, особено во областа на политиката и правосудството. Дувњак својата новинарска кариера ја започнала во 1988 година во Македонската радио-телевизија, каде работела две години. Од 1991 до 1999 година била дел од редакцијата на „Нова Македонија“, по што следува долгогодишниот ангажман во „Утрински весник“, каде работела ...
EPA/SAMUEL CORUM / POOL Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека извлекувањето на иранските резерви на ураниум ќе биде „долг и тежок процес“, по американските напади врз објекти од нуклеарната програма на Иран. „Операцијата ‘Полноќен чекан’, спроведена во јуни минатата година, доведе до целосно и конечно уништување на нуклеарните капацитети на Иран. Токму поради тоа, ископувањето на нуклеарниот прав ќе биде долг и тежок процес“, ...
Австралиската актерка Ребел Вилсон денеска се појави пред судот во Сиднеј поради тужба за клевета од страна на актерката Шарлот Мекинес, главната актерка во дебитантскиот филм „Дебитантката“ („The Deb“). Тужбата се однесува на наводни клевети поврзани со објави на социјалните мрежи. Со ваквата тужба, Мекинес тврди дека Вилсон во објави на Инстаграм лажно изјавила дека таа приватно ѝ се доверила дека била сексуално вознемирувана од еден од ...
Резултатите од парламентарните избори во Бугарија, одржани на 19 април, предизвикаа еден вид политички пресврт во седиштето на Европската Унија. Убедливата победа на партијата „Прогресивна Бугарија“, предводена од поранешниот претседател Румен Радев, би можела да ги редефинира односите на Балканот, но и да создаде проблеми за Брисел што ги надминуваат претходните спорови со Будимпешта. Според официјалните податоци, партијата на Румен Радев ...
Како што пренесуваат бугарските медиуми, тамошниот европратеник Петар Волгин учествувал во дебатите со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (AFET). Европратениците дискутирале за процесот на проширување на ЕУ како геополитички инструмент и механизам поврзан со безбедноста на унијата – дали земјите од Западен Балкан и Украина ќе станат дел од ЕУ… „За мојата политичка група, ...
Времето утре променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Наместа ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, соопшти УХМР. Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денес попладне, утре и во среда ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на ...
Вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец април 2026 година изнесува 68.797,00 денари, споредена со вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец март 2026 година која изнесува 67 818,00 денари е зголемена за 979,00 денари. Со изнајмен стан од 60 м2 за месец март изнесува 84 172,00 денари. Зголемувањето на вредноста на синдикална минимална кошница за четири месеци јануари, февруари, март и април 2026 година изнесува 3.305,00 ...
Александар Саша Димитријевиќ, генералниот секретар на СДС, на средба со бивши функционери од српската опозиција за оформување на опозициски фронт, организиран со помош на Зоран Заев и Зоран Башановиќ. Димитријевиќ, изминатата недела во Македонија, одржал средба со бившиот министер за образование од Србија, Бранко Ружиќ, кој воедно е и потпретседател на СПС, Социјалистичката партија на Србија, на која било разговарано за спојување на ...
Со празни фрижидери и празни џебови, граѓаните најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа. Секојдневието е сурово за народот, цените поскапеа, стандардот паѓа, платите не мрдаат, а граѓаните имаат сè помалку пари. СДСМ уште пред 50 дена предложи конкретни мерки за заштита на стандардот на граѓаните, на самиот почеток на кризата. Мицкоски не презеде ништо. Напротив, владата ја укина и мерката за намален ДДВ за дизелот, ...
Жичницата „Милениумски крст“ нема да биде во функција во периодот од 21 до 24 април поради редовна техничка контрола, информираат од ЈСП Скопје. Како што соопштуваат од претпријатието, контролата ќе ја вршат стручни тимови од австриската компанија „Допелмаер“, која е производител на системот. Од ЈСП посочуваат дека од 25 април, односно сабота, жичницата ќе продолжи со редовно превезување на патници согласно вообичаеното работно време. Од ...
Цените на нафтата денеска нагло пораснаа, додека обновените тензии меѓу САД и Иран ги потресоа пазарите, пренесе ДПА. Нафтата од типот „брент“ за испорака во јуни се тргуваше за повеќе од 7 отсто повисоко во споредба со претходната недела, достигнувајќи 97 долари за барел, додека американската референтна нафта „West Texas Intermediate“ (WTI) забележа слични покачувања. На почетокот на ескалацијата кон крајот на февруари, „брент“ се тргуваше ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, повика на брзи реформи во Унгарија по изборната победа на опозицијата, нагласувајќи дека напредокот е клучен за деблокирање на милијардите евра замрзнати средства од ЕУ. Говорејќи на настан по повод 80 години од весникот „Die Zeit“, таа синоќа изјави доколку Будимпешта не ги исполни условите до крајот на август, би можела да остане без околу 6,5 милијарди евра средства од ...
Грција и Кипар и ова лето, петта година по ред, ќе се поврзат со директна бродска линија, траектите ќе сообраќаат од крајот на мај до 1 септември, а цените за патувањето што трае околу 31 час се непроменети од лани и почнуваат од 41 евро во еден правец – јави дописничката на МИА од Атина. Годинава бродскиот превоз ќе се врши со поголем траект, кој има капацитет да пренесе 394 патници и 290 возила, располага со 20 еднокреветни, 10 двокреветни ...
Пристигнувањата на туристи на Кипар минатиот месец се намалиле за 30 отсто поради војната на Блискиот Исток и нападот врз воените бази во земјата, според потпретседателот на Здружението на туристички агенции на Кипар, Христос Христу, кој посочил дека се очекува пад на бројот на туристи да има и во втората половина на април и во мај, јави дописничката на МИА од Атина. На прес-конференција во пресрет на саемот за туризам (Travel Expo Cyprus ...
„Алкалоид“ АД Скопје повторно ја доби довербата на јавноста и беше прогласен за најпосакуван работодавач за 2025 година четврти пат по ред, според анкетата на веб порталот „Вработување.ком“ Наградата, која беше врачена во рамките на манифестацијата организирана од „Вработување.ком“, се базира на национално истражување за перцепцијата и за искуствата поврзани со работодавачите во земјава. Континуитетот на ова признание за нас има особено ...
Еден месец пред почетокот на сезоната, романските производители на домати ја пуштија во продажба првата продукција, при што цените достигнуваат рекордни нивоа. На еден од познатите пазари во Букурешт – на плоштадот „Домении“ во Сектор 1 – килограм домати се продава за околу 100 леи, односно приближно 20 евра, покажува проверка на БТА. „Поевтино е да се донесат егзотични овошја од Малезија отколку да се купуваат зеленчуци од дворовите на ...
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп сака производителите на автомобили и другите да играат поголема улога во производството на оружје, што потсетува на практиката што се користеше за време на Втората светска војна, објави „Волстрит џурнал“ (WSJ), повикувајќи се на луѓе запознаени со дискусиите. Високи американски претставници од одбраната разговарале за производство на оружје и други воени материјали со раководителите на повеќе ...
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, предупреди на „опасните последици“ од американските позиции и дејствија насочени кон Персискиот Залив и Ормуската Теснина. Арагчи за време на телефонскиот разговор со својот кинески колега Ванг Ји изјави дека „провокативните дејствија“ од страна на САД дополнително ќе ја комплицираат ситуацијата во регионот, алудирајќи на обидите на Вашингтон да воспостави, како што ја нарекува, „морска ...
Републиканците во американскиот Сенат го блокираа обидот на демократите да се стави крај на војната во Иран што ја започна американскиот претседател Доналд Трамп, објавија американските медиуми. Гласањето заврши со 47 гласови „за“ и 52 „против“, објави Ен-Би-Си Њуз, со проценка дека резултатот од гласањето за резолуцијата што би ги ограничила воените овластувања потврдува дека републиканците сè уште го поддржуваат Трамп и го одобруваат ...