Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Членството во Европската Унија не е гаранција за безбедноста, туку процес базиран на заслуги, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, одговарајќи на изјавата на финскиот претседател Александар Стуб дека најсилната гаранција за безбедноста на Украина е членството во ЕУ. „Членството во ЕУ не е гаранција за безбедноста, туку процес базиран на заслуги. Доколку тоа беше навистина најсилната гаранција за безбедноста, тогаш Финска немаше да има причина ...
Коосновачот на Мајкрософт и поранешен најбогат Американец, Бил Гејтс, е надвор од листата на 10 најбогати луѓе во Соединетите Американски Држави за прв пат од 1991 година, според најновата листа на Форбс. Неговото богатство се проценува на 107 милијарди долари, што го става на 14-то место, зад бизнисменот Мајкл Блумберг и пред наследничката на Волмарт, Алис Волтон. Падот на Гејтс на листата не се должи на деловни загуби, туку на неговиот план да ...
Ноќеска, околу 2 часот по полноќ, на депонијата „Дрисла“ избувна нов голем пожар. Пламените јазици и портокаловото светло беа видливи од повеќе делови на Скопје, а густи облаци чад брзо се раширија над градот. Жителите на околните населби сведочат дека чадот навлегол во урбаните делови, оставајќи задушлива миризба и намален видливост. Експертите предупредуваат дека горењето отпад на вакви депонии ослободува токсични гасови и ситни честички кои ...
„Со голема тага ја споделуваме веста дека нашиот европски бизон кој имаше 17 години утрово угина“, соопштија од Скопската зоолошка градина. Оттаму наведуваат дека животниот век на овие животни е од 14 до 20 години. „Овој величествен и редок претставник на европската дива фауна од 2011 година беше еден од најимпресивните жители на нашата зоолошка градина. Пред околу година и половина кај него беше дијагностицирана пневмонија, по што следеше ...
Системот за влез и излез на Европската Унија ќе започне со постепен старт од 12 октомври. Оваа одлука е чекор што се презема со цел да се зајакне сигурноста на сите точки за влез во ЕУ. Евроамбасадорот Михалис Рокас денес изјави дека имплементацијата ќе биде постепена, но исто така ќе го олесни процесот на влез во ЕУ. Во пракса, како што објасни Рокас, тоа имплицира дека државјаните од земји кои не се членки на ЕУ ќе треба да се регистрираат ...
Илон Маск во вторникот накратко ја загуби титулата најбогат човек во светот од соосновачот на „Оракл“ – Лери Елисон. Богатството на Елисон скокна за 89 милијарди долари, на 383,2 милијарди, откако компанијата објави позитивен извештај за берзата, објави „Блумберг“ (Bloomberg). „Оракл“, имено, објави пораст на побарувачката за ВИ-капацитетот на својот центар за податоци. Акцијата порасна за дури 43 отсто пред да се затвори на околу 36 насто на ...
Демонстрантите блокираа патишта, запалија пожари и се судрија со полицијата во Париз и други француски градови. Протестите – организирани преку Telegram и социјалните мрежи – немаат централизирано раководство, што ја отежнува проценката на властите за обемот на акциите. Пораки онлајн повикуваат на блокади на периферниот автопат на Париз (најпрометниот во Европа), саботажи во метро станици, и симболични акции како прикривање на десничарски ...
Пратениците од Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и на Агенцијата за разузнавање (АР) со мнозинство изгласаа денеска во 12 часот да одат во АНБ и да извршат надзор во врска со наводите за прислушување во периодот од 2019 до 2024 година. Освен во АНБ, членовите на Комисијата изгласаа утре да извршат надзор и во Агенцијата за разузнавање. Иако вчера на брифинг со новинарите, претседателот на Собранието, ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во годишното обраќање пред европратениците, познато како „Состојбата на Европската Унија“, најави дополнителни мерки против Израел како одговор на случувањата во Газа, вклучително и делумна суспензија на Договорот за асоцијација. – Она што се случува во Газа ја потресе совеста на светот. Луѓе убиени додека молат за храна. Мајки кои држат безживотни бебиња. Овие слики се едноставно ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Богородица времето на чекање е околу 30 минути, додека на останатите граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и ...
– „Желбата можеби е, би можела да биде, како што секогаш е, блиску до љубовта“ е насловена изложбата која вечер од 19 часот ќе биде отворена во Музејот на современа уметност – Скопје (МСУ), по повод 30 години соработка помеѓу Соединетите Американски Држави и нашата земја. Изложбата ја организираат МСУ и министерствата за култура и туризам и за надворешни работи и надворешна трговија и по вечерашното отворање ќе може да се посети до 26 октомври. ...
Активностите на Народната банка за намалување на надоместоците на банките за електронските плаќања заради нивна поголема достапност и користење веќе имаат видливи резултати за граѓаните и за компаниите. По интензивната комуникација и по намалувањето на трошоците за користење на Македонскиот интербанкарски платен систем – МИПС, банките ги подложија на ревизија своите тарифници намалувајќи ги надоместоците за извршување на платежните услуги. Сите ...
Поранешниот италијански министер за надворешни работи, Луиџи Ди Мајо, преку видео-порака испрати силна поддршка за кандидатурата на Бујар Османи за градоначалник на Општина Чаир. Во емотивното обраќање, Ди Мајо ја истакна европската ориентација на Османи и неговата посветеност во јакнењето на меѓународните односи: „Бевме министри за надворешни работи заедно, служевме заедно. Пред сè, Бујар е голем и почитуван пријател на Европа и на Европската ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека се чувствува „многу лошо“ поради израелскиот напад во Доха, нагласувајќи дека го смета Катар за „силен сојузник и пријател“ на САД. „Сакам СИТЕ заложници и телата на загинатите да бидат веднаш ослободени, и оваа војна да заврши, СЕГА! По нападот, разговарав со премиерот Нетанјаху. Премиерот ми рече дека сака мир. Верувам дека овој несреќен инцидент може да послужи како можност за МИР“, напиша ...
Вкупно 29 пожари на отворен простор се евидентирани низ држававав утрово до седум часот, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има на депонијата Дрисла во општина Студеничани, кај село Никуштак во општина Липково, село Булачани во општина Гази Баба и кај село Татеши и населбата Еленкамен во општина Струга. Под контрола се пожарите во општините Берово и Струмица. Кај село Русиново, опожарени се дабова, букова шума и папрат. Во ...
Покрај полските авиони Ф-16, во ноќешната операција за заштита на полскиот воздушен простор учествувале и холандски авиони Ф-35 и италијански авиони за надзор АВАКС, јавуваат британските медиуми. Според извори на НАТО, инцидентот во моментов не се третира како напад. Алијансата, исто така, потврди дека руските беспилотни летала со радар ги забележале и системите „Патриот“, но не отвориле оган. Британските медиуми потсетуваат дека ова е прв ...
Принцот Вилијам и принцезата Кетрин – Кејт Мидлтон ги предводеа кралските почести по повод третата годишнина од смртта на кралицата Елизабета Втора на 8 септември. Елизабета, најдолговечниот монарх во Велика Британија, почина на 96 години на 8. 9. 2022, во замокот Балморал – нејзиното летно одморалиште во Шкотска. За одбележувањето на годишнината, принцот Вилијам и Кејт го посетија Женскиот институт (ЖИ), којшто ѝ бил „близок до срцето“ на ...
Силен земјотрес со јачина од 5,2 степени беше регистриран 27 минути по полноќ во јужниот дел на грчкиот остров Евија, а беше почувствуван во целиот дел на областа Атика, јави дописничката на МИА од Атина. Според податоците на Геодинамичкиот институт во Атина, епицентарот бил на пет километри северозападно од местото Неа Стира на Евија на длабочина од 13,6 километри. Земјотресот проследен со силен звук беше почувствуван во целата област Атика, ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 8 до 17, а максималните ќе достигнат од 27 до 34 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 16, а максималните ќе достигнат до 33 степени. Вo среда ќе се ...
Францускиот претседател Емануел Макрон ќе именува нов премиер во наредните денови, соопшти француската претседателска палата, откако францускиот парламент вчера му изгласа недоверба на премиерот Франсоа Бајру. Бајру, кој побара гласање за доверба, денеска ќе поднесе оставка, изјави кабинетот на премиерот. Францускиот премиер побара гласање за доверба пред две недели за да ја потврди легитимноста на неговиот буџетски план. Како што објави „Ле ...
Поранешната шефица на германската дипломатија, Аналена Бербок, денеска и официјално ќе ја преземе функцијата претседател на Генералното собрание на ОН, јави ДПА. На почетокот на 80-тата сесија на ГС на ОН во Њујорк таа го презеде раководењето со асамблејата од Филемон Јанг, поранешен премиер на Камерун. Бербок беше избрана на оваа едногодишна функција во јуни со огромно мнозинство, и покрај кампањата на Русија за да ја попречи нејзината ...
Заврши и последниот Грен слем турнир во годината, а аналитичарите прават пресек на случувањата. Карлос Алкараз во финалето го совлада Јаник Синер и стигна до уште една Грен слем титула. Синер е голем шампион, но Карлос е супер ѕвезда. Природен е сè смее на теренот, за време на интервју. Кога го гледам тоа момче колку се забавува во животот, тоа ми дава инспирација. Тој е вистински шампион, врвен амбасадор на овој спорт и неверојатно сме среќни ...
Никола Маџиров е лауреат на 17-тата меѓународна награда за поезија „Поезија и луѓе“ (Poetry and People – International Poetry Award) која викендот му беше доделена во кинескиот град Гуангџоу. Оваа независна поетска награда е востановена од книжевното списание „Поезија и луѓе“ и се доделува од 2005 година за посебен придонес во современата светска поезија. Досегашни лауреати се добитниците на Нобеловата награда за литература Дерек Волкот и Томас ...
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. -Вчера, на магистралниот пат А3 Битола-Прилеп, во близина на кружниот тек за селото Тополчани, полициски службеници запреле и извршиле преглед на автомобил „Фолксваген голф“ ...
Со субвенции од државата се воведуваат уште пет нови авилинии. До Скопскиот аеродром од 6 април следната година ќе се лета од Наполи и Будимпешта, а до Охридскиот аеродром од 28 јуни од Катовице, Вроцлав и Милано, објавија вчера на прес-конференција вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и Џозев Варади, главниот извршен директор на Виз Ер. Николоски соопшти дека „Виз ер“ на Скопскиот аеродром од следната година ќе има ...
Британски научници открија зошто аспиринот, широко распространет лек против болки и треска, може да го спречи ширењето на ракот, откритие што носи нова надеж за идните третмани на оваа болест. Истражувачки тим открил дека аспиринот им помага на клетките на имунолошкиот систем да ги уништат метастазираните клетки на ракот, кои се одговорни за 90 отсто од смртните случаи поврзани со рак. Ова откритие може да го направи аспиринот дел од ...
Во катедралниот храм на Православната Црква во Америка „Св. Николај Чудотворец“ во Вашингтон, во вторникот е отслужена заедничка света литургија од Митрополитот Вашингтонски и Архиепископ на цела Америка и Канада г.г. Тихон и Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, пренесува Литургија.мк. На литургијата сослужуваа многубројни архијереи, свештеници и ѓакони од различни помесни православни Цркви. ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од денеска па во наредните две седмици, на патниот правец Гостивар – Тетово и обратно од патарина Тетово до патарина Гостивар, ќе се изведуваат ...
Мисиите на мировните сили на Обединетите нации се соочуваат со сериозни финансиски проблеми, а намалувањето на американските средства може да ја ограничи нивната способност да ги заштитат цивилите, особено во Јужен Судан и Демократска Република Конго, соопшти претставник на ОН за мировни мисии. – Без доволно ресурси, ќе работиме со помалку средства, што може да има сериозни последици по мирот и безбедноста во земји како Јужен Судан и Демократска ...
Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека словачкиот премиер Роберт Фицо со споредбата со „жаба што седи на дното на бунар“ објаснил колку земјите од ЕУ не ги разбираат глобалните процеси. За време на средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Кина, Фицо ги спореди земјите од ЕУ со „жаба на дното на бунар“ која не може да види што има горе. – Ова е веројатно некоја бајка, најверојатно, колку што разбирам, некој ...