МЗШВ информира дека во тек е поднесување на барања за следните директни плаќања: • 2.11 директни плаќања за одгледани и продадени или заклани бројлери во регистрирани кланични капацитети – 60 денари по заклан бројлер; • 2.12 директни плаќања за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети – 150 денари по заклана амортизирана несилка; • 2.13 директни плаќања за произведени и продадени еднодневни бројлерски пилиња и ...

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата по основ на произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година. Исплатени се 3.686 млекопроизводители со вкупен износ од 147.822.692,00 денари. Исплатата е извршена на земјоделските стопанства – производители на кравјо, овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци ...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја почне расправата за Предлог-буџетот за 2026 година, во второ читање, на која ќе ги разгледува поднесените над 200 амандмани. Во текот на општата расправа, која заврши вчера, пратениците од владејачкото мнозинство изнесоа ставови дека предложениот буџет е реален и развоен со индикатори базирани на подобрување на економскиот раст и силна реализација на проектите и приходите. Со ...

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по влажни коловози, соопшти Автомотосојузот на Македонија. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на ...

„Денеска е објавен јавниот повик и ги повикувам сите студенти да аплицираат, мислам дека се 55.000 на број. Тоа што го ветуваме тоа и го исполнуваме, 15.300 денари добива секој студент за набавка на електронски уред“, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање. Премиерот Мицкоски истакна дека чекале изборите официјално да завршат за да можат да го објават повикот за аплицирање, за кој што рече ...

Поради силниот јужен ветер што ја зафати Скопската област, два авиона беа пренасочени да слетаат на Меѓународниот аеродром во Приштина, соопшти вечерва Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Од ДЗС истакнуваат дека два други авиона сѐ уште кружат над скопскиот аеродром и чекаат инструкции за слетување. Надлежните постојано ја следат состојбата и апелираат патниците да ги следат информациите од авиопревозниците и аеродромските служби. ...

Институциите при Министерството за финансии ги почнаа контролите на ИПАРД и ќе се воведат контролни механизми за да се зајакне процесот – изјави министерот за земјоделство Цветан Трипуновски кој денеска беше во Тутунскиот комбинат Прилеп пред почетокот на откупот на тутунот. Од денеска, како што кажа, нов директор на платежната агенција е Даниела Лазарова Иротова, поранешен државен советник во Министерството за земјоделство која ќе ги движи ...

Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693.21 метри надморска височина или осум сантиметри под месечниот просек. Според последните мерења на водостојот спроведени од Управата за хидрометеоролошки работи нивото на водата во езерото е 11 сантиметри над дозволениот минимум утврден на котата 693,1 метри надморска височина. Температурата на водата денеска изнесува 13 степени Целзиусови што е речиси идентично на просекот за ...

Денес заедно со заменик- министерот за економија, Марјан Ристески а на покана на директорката на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво ИНОВА, по повод глобалната недела на претприемништво, присуствувавме на изложбата на 20 компании кои работат со роботика, технолошки иновации и вештачка интелегенција, информира заменик министерката за Европски прашања, Викторија Трајков. Вештачката интелигенција повеќе не е идеја ...

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,23 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 75,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 77,5, ...

Од денеска стапува во сила одлуката со која се забранува фрлање смет во Скопје од 22:00 до 06:00 часот. Инспекторите, како што најавија градските власти, ќе бидат на терен и по полноќ, за да ги фатат на дело сите што ќе ја прекршат новата забрана за фрлање отпад. Прекршокот ќе ги чини скопјани 50 евра, додека за правни лица казните се од 1300 до 1800 евра, а може да биде и повисока во зависност од типот на отпад. Во контролите ќе бидат ...

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2025 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствувал на Празијадата во селото Градошорци, Општина Василево. – Ова е настан кој веќе традиционално го собира народот од целата околина за да се прослави богатството на локалната земја и трудот на вредните земјоделци. Настанот беше исполнет со прекрасна енергија и дружење, имав можност да разговарам и со локалните производители кои што со гордост ја негуваат оваа традиција, пишува премиерот Мицкоски ...

Од 16:50 часот попладнево сообраќајот на регионалниот пат Р1105 Удово – Валандово е во прекин. Како што информира АМСМ, причина за прекинот е сообраќајна незгода. Сообраќајот на на останатите патните правци се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Се препорачува прилагодена ...

Советот на Град Скопје денеска ја усвои одлуката со која се воведува ноќна забрана за фрлање смет во контејнерите. Од 22 до 6 часот граѓаните повеќе нема да смеат да изнесуваат отпад, а прекршителите ќе плаќаат казна од 50 евра. Од градските власти велат дека оваа мерка ќе помогне контејнерите да се празнат поефикасно и ќе спречи создавање нови депонии, особено во квартовите каде отпадот често се натрупува околу корпите. Претседателот на ...

Од денеска стапува на сила обврската за задолжително користење на зимска опрема за возилата, која ќе трае до 15 март следната година. -За да се избегнете сообраќајни казни и прекршоци, потребно е да го усогласите вашето возило со пропишаните барања: возила до 3.500 кг – потребни се зимски гуми на сите тркала со длабочина на шарата од минимум 4 мм, или летни гуми со истата длабочина, со задолжително носење синџири за снег, возила со погон на ...

Блокадата на ИПАРД 3 програмата тежок удар и за преработувачката индустрија. Модернизацијата и развојот на оваа гранка доведена во прашање. Од Македонската Асоцијација на преработувачи велат дека нивните членки се затечени од последната одлука. Голем дел од нив се во фаза на имплементирање на проектот, а процесот на пролонгирање на исплатата скапо ќе ги чини. Од МАП сметаат дека државата треба да најде решение за ново настанатата ситуација. ...

Дали ќе има интервентно зголемување на минималната плата надвор од законот, е предмет на дијалог меѓу синдикатите и работодавачите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој вели дека Владата ќе го прифати секое решение за кое меѓусебно ќе се договорат синдикатите и работодавачите. – Што се однесува до минималната плата имаме закон и во целост го почитуваме тој закон. Дали ќе има некое интервентно згоемување надвор од законот, тоа е ...

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет почна амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2026 година. Според информациите објавени на веб страницата на Собранието, за Предлог-буџетот се поднесени над 100 амандмани. На седницата е присутна и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која ќе го образложи Предлог-буџетот. Вкупните приходи во Предлог-буџетот за следната година се проектирани на 374,7 милијарди денари, ...

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.  ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ...

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.  ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ...

Тетово, 12 ноември 2025 – Од „ЕВН Македонија“ информираат дека утре, 13 ноември 2025 година, поради технички зафати на електродистрибутивната мрежа, повеќе делови од Тетово и околните села ќе останат без електрична енергија. Без струја во периодот од 09:00 до 14:30 часот ќе бидат: • дел од градот Тетово, објектите кои се наоѓаат во близина на Прима центар, • селата Бродец, Вејце, Бозовце, Шипковица и Селце, • како и ХПП Вејачка Река и ХПП ...

Просечната годишна плата за полно работно време на вработените во ЕУ лани изнесувала 39.800 евра, што претставува зголемување за 5,2 отсто во споредба со 2023 година, соопшти денеска Европската статистичка служба (Евростат). Меѓу земјите членки на ЕУ, највисока просечна годишна прилагодена плата за полно работно време била регистрирана во Луксембург во износ од 83.000 евра, по што следуваат Данска со 71.600 и Ирска со 61.100 евра. Од друга ...

Дневни информации (12.11.2025, 06:50ч) СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.  ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања ...

Tретата конференција на МАРЕС, посветена на темата „Структурирање на иднината на обновливата енергија“ ќе се одржи денеска со почеток во 8:30 часот во хотелот „Лимак“ во Скопје. МАРЕС 2025 е настан посветен на актуелните прашања и идните насоки во енергетиката. Ќе се зборува за состојбите на пазарот, новите политики, инвестициите, обновливите извори и конкретните чекори за поефикасен и стабилен енергетски систем во земјава и регионот. ...

Сериозните и перспективни земјоделски производители знаат колку е важна квалитетната земјоделска механизација за сигурно и квалитетно производство и не штедат пари кога треба да се инвестира во нов трактор, особено кога се работи за тракторите од брендот СОЛИС. Честитки до Александар Конески од село Заполжани за одличниот избор на СОЛИС 90 и Четворобразден плуг – Алплер Со здравје да се работи, посакаа од ХЕМОМЕТАЛ ПЛУГОВИ – АЛПЛЕР ...

Зголемен водостојот денеска има реката Вардар, особено кај Јегуновце и кај Демир Капија. Исто така, реката Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања и Сатеска кај Ботун покажуваат пораст на нивото на водата, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Сепак, не сите реки бележат позитивен тренд. Црна Река кај Новаци, Пчиња кај Пелинце и Крива Река кај Крива Паланка покажуваат намалување на нивото под просекот за ноември. Според ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...

Од денеска дизелот поскапува за еден денар, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за половина денар за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува, одлучи РКЕ. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,486 ден/кг и сега ќе изнесува 36,427 ден/кг. Според одлуката на Комисијата од полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 74,50 денари за литар, бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе ...

Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за еден денар, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за половина денар за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува, одлучи РКЕ. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,486 ден/кг и сега ќе изнесува 36,427 ден/кг. Според одлуката на Комисијата од полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 74,50 денари за литар, бензинот ЕУРОСУПЕР БС ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
2.57
87%
1006
weather icon

Белград

2ᴼ / 2ᴼ
6.17
74%
1010
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
3.09
82%
1011
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
7.2
77%
1010
weather icon

Сараево

-1ᴼ / -1ᴼ
5.37
86%
1014
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 1ᴼ
0.45
91%
1011
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
6.26
89%
1000
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1000
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
87%
1003
weather icon

Букурешт

-3ᴼ / -4ᴼ
9.26
77%
1016
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
94%
1013
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
8.23
93%
1012
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Злато

156424.63

Родиум

355265.75

Алуминиум

3.15

Цинк

3.34

Иридиум

221848.72

Рутениум

45750.51

Калај

54.25

Платина

83354.78

Кобалт

64.04

Сребро

3663.67

Паладиум

54624.12

Бакар

11.99