Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Денеска го посетив Александар, вредниот фармер во село Сопотница, демирхисарско, кого го запознав уште пред една година, пред да ја преземам министерската функција, информира министерот за земјоделство Цветан Трипуновски. Сакав лично да се уверам како напредува неговата работа и како се реализираат поддршките што ги добива. Тој е корисник на ИПАРД средства и ми потврди дека субвенциите пристигнуваат навреме, што му овозможува да вложува во ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава изнесува 45 468 денари и е повисока за 8.4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Зголемувањето се должи, пред сѐ, на порастот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 14.7 проценти, Дејности на здравствена и социјална заштита за 12.7 проценти и Рударство и вадење камен за 12.2 проценти. Намалување на просечната ...
Дождот што заврна пред седум часот утрово и врнеше нешто повеќе од два часа на подрачјето на ловиштето „Јасен“, помогна пожарот што трае повеќе од десетина дена, да биде изгаснат, соопштија денеска од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). – Но и покрај поголемата количина на заврнат дожд, на некои места од пожарната линија сè уште може да се забележи чадење, поради што по кревањето на маглата и чадот, ќе продолжиме со пешадиско дејствување ...
Изминатото деноноќие, до седум часот утрово, на територија на државава има регистрирано вкупно 27 пожари на отворен простор. Од нив, осум се активни, информираат денеска од Центарот за управување со кризи. Активните пожари се на територија на општините Македонски Брод, Прилеп, Долнени, Росоман, Кичево, Студеничани, Велес, Сопиште. Во „Јасен“ гори мешана шума. На територија на село Беловодица, место викано „Ливада“ и село Лењиште, гори букова ...
Чест и задоволство ми е да споделам дека 117 млади лица, веднаш по завршување на локалните избори, ќе добијат финансиска помош преку „Мерката 112“ – со 100% неповратни средства до 600.000 денари за млади од 18 до 40 години кои започнуваат сопствено земјоделско стопанство, информира на ФБ, министерот за земјоделство Цветан Трипуновски. На јавниот повик пристигнаа 254 апликации, од кои беа одобрени 117. Иако бројката можеби изгледа скромна, таа ...
Поради изборните ограничувања, мерката млад земјоделец не можеме да ја промовираме, иако огласот е завршен, филтерот е направен, 117 корисници односно апликанти за околу 70 милиони денари, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија одговарајќи на новинарско прашање. Премиерот Мицкоски истакна дека за разлика од 2023 година кога имало само 44 апликанти, односно само 18 корисници, истата денеска е зголемена ...
До 13 часот денеска на територија на државава има вкупно 11 пожари на отворен простор, сега активни се седум, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во општините Македонски Брод, Струга, Долнени, Прилеп, Боговиње, како и два во Студеничани. Во „Јасен“ гори мешана шума. Во подрачјето на село Подгорци опожарена е нискостеблеста шума. Ниска вегетација гори во атарот на село Лажани. Опожарена е букова ...
Утре и задутре во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци, информираат од Град Скопје. -Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 22.08.2025 и на 23.08.2025 година (петок и сабота), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на ...
Во текот на изминатото деноноќие, на територија на државава, имаше вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои активни се три, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите на територија на општините Македонски Брод, Прилеп и на Маврово и Ростуше. Во „Јасен“ гори мешана шума. Во подрачјето на село Беловодица, место викано „Ливада“, гори букова шума. На територија на село Церово горат нискостеблеста дабова шума ...
Во „Службен весник“ објавен е Правилникот за утврдување на работните места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење, информира министерот за земјоделство Цветан Трипуновски. Со ова, припадниците на шумската полиција добиваат право на бенефициран стаж – право што долги години го бараа, но и покрај бројните ветувања, сè до сега остануваше нереализирано. Со оваа одлука, се оддава почит и признание за секојдневната работа, ...
Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец август 2025 година изнесува 65.507,00 денари, што претставува зголемување од 179,00 денари во споредба со јули, кога изнесувала 65.328,00 денари. Во споредба со периодот пред укинување на активните владини мерки, кошницата е зголемена за 2.816,00 денари или 4,49 отсто, соопштуваат од Сојузот на синдикатите на Македонија Од ССМ посочуваат дека со изнајмен стан од 60 квадрати, вкупните трошоци ...
Најновите параметри во земјоделството значат повеќе храна, а помалку увоз, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања во однос на најновите статистички податоци за инпутот и аутпутот во земјоделството. -Во рамките на земјоделството, се случува една појава, параметар што е многу значаен за економијата и за граѓаните но и за земјоделците, бидејќи трошоците при инпутот, односно оние трошоци кои им се потребни на ...
По истекот на законскиот рок за плаќање на месечните аконтации за данок на добивка и исплатата на јулските плати со придонеси, утврдени се значителен број на неплатени обврски, соопшти Управата за јавни приходи. Од 2.129 даночни обврзници не е извршено плаќањето на месечната аконтација за данок на добивка за јули 2025 година, а кај 11.555 обврзници не е евидентирана исплата на бруто плати и социјални придонеси за истиот месец. Дел од неплатените ...
На територијата на државава до 12 часот регистрирани се вкупно три пожари на отворен простор. Во моментов активен е еден пожар, а другите два се целосно изгаснати, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи. Активниот е во „Јасен“ во општина Македонски Брод, каде гори мешана шума. Едниот изгаснат пожар бил на територија на општина Битола, во подрачјето на село Српци, каде била опожарена ниска вегетација. Другиот пожар избувнал на ...
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските стопанства дека до 31 август 2025 година ќе можат да поднесат барањаза мерката 3. Помош во премии и осигурување од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година. Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои во период од 1 август 2024 година до 31 јули 2025 година имаат склучено полиси за осигурување во земјоделството. ...
Градот Скопје ги информира граѓаните дека денеска ќе започне терестричната дезинсекција на територијата на градот против возрасни форми и против ларви од комарци. -Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се врши од 19 до 22 август (од вторник до петок), во вечерните и раните утрински часови, од 22:00 до 03:00 часот наредниот ден, а против ларви од комарци ќе се изврши во текот на еден од горенаведените денови, се наведува ...
Осум пожари на отворен простор се регистрирани до 12 часот денеска ширум државава. Од нив, три се активни, еден е ставен под контрола, а останатите се целосно изгаснати, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активните се на територија на општините Македонски Брод, Студеничани и Липково. Мешана шума гори во „Јасен“. Мешана шума и ниска вегетација се опожарени на територија на селата Драчевица и Цветово. Борова шума гори ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за 0,50 денари по литар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство за 1,00 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 74,00 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 76,00, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 67,50, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 67,00 ден/лит. За ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски соопшти дека е објавен огласот за откуп на домашна пченица за стоковните резерви на државата. Како што информира Трипуновски преку својот фејсбук профил, прв пат во Македонија, ќе се откупува македонска пченица за стоковни резерви. -Денеска е објавен огласот за откуп на домашна пченица за стоковните резерви на државата. Прв пат во Македонија, ќе се откупува македонска ...
Цените во земјоделството во јули 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, се зголемени за 3.1 % кај инпутот и за 31.8 % кај аутпутот. Цените во земјоделството во јули 2025 година, споредени со цените во јули 2024 година, бележат зголемување и кај аутпутот и кај инпутот. Во делот инпут, во јули 2025 година, во споредба со јули 2024 година, има зголемување на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) за ...
Во јуни годинава се издадени 213 одобренија за градење, што е за 15,1 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според податоците на Државниот завод за статистика, предвидената вредност на објектите за кои се издадени одобренија за градење во јуни е 4 857 279 илјади денари, што е за 47,1 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 120 (56,3 отсто) се наменети за ...
Во јули годинава продедени се 460 гигават часови електрична енергија за задоволување на севкупната потрошувачка во државата, без загубите, покажуваат податоцитете на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО. Како што информираат од МЕМО, на пазарот на електрична енергија реализирани се трансакции од сопствено производство во висина од 551 гигават часови, во кои ЕСМ учествува со најголем процент од 38,8 отсто или со 214 ...
Во државава изминатите 24 часа евидентирани се вкупно 29 пожари на отворен простор. Два сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а останатите се изгаснати, информираат утрово од Центарот за управување со кризи до 6:30 часот утрово. Активни се пожарите во општините Македонски Брод и Јегуновце. Во „Јасен“ гори мешана шума, а помеѓу селата Рогачево и Јажинце опожарени се пасишта. Под контрола е ставен пожарот во регионот на селата Девич и ...
Царинските инспектори при Секторот за контрола и истраги, при контрола на 21 увоз на месо од увозник, откриле царинска измама во висина од седум милиони денари. Како што соопшти денеска Царинската управа, дополнителната контрола на приложените царински документи, како и лабораториските анализи, покажале дека месото било пријавувано во погрешна тарифна ознака со пониска царинска стапка, наместо во соодветната тарифна ознака со повисока стапка. ...
На територија на државава денеска до 12 часот регистрирани се вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, а 11 се изгаснати. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), се уште е активен пожарот во повеќенаменското подрачје „Јасен“ во општина Македонски Брод. Активни пожари има и во Струга, кај местата викани „Октишка Краста“ и „Бегова Шума“, во Прилеп – село Дабница, во општина Македонски Брод – кај селата Девич – ...
До 07:00 часот утрово во земјава се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор од кои два се активни, а три се под контрола, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според податоците, изгаснати се 20 пожари. Активни се пожарите во повеќенаменското подрачје „Јасен“, општина Македонски Брод, каде гори мешана шума и во Октишка краста во Струга, каде гори ниска вегетација. Под контрола се пожарите во Општина Сарај 2, с. Радуша кон ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ времето на чекање за влез во државата е околу 15 минути, а на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјава, информира АМСМ. Воедно препорачува прилагодена брзина на ...
Потпишани 14 договори со вкупна вредност на инвестициите од 16,6 милиони денари со над 8,9 милиони денари финансиска поддршка од програмата за рибарство и аквакултура Денеска во просториите на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се потпишаа 14 договори по објавениот Јавен повик 02/2024 за подмерка 2.1 Финансиска поддршка за инвестиции во аквакултурата и 2.3 Финансиска поддршка за инвестиции во преработувачки ...
Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, во април годинава успешно го воспостави Регистарот на Гаранции за потекло на електрична енергија и за само два месеци издаде 107.666 гаранции. Како што се истакнува во соопштение на веб-страницата на Националниот оператор, на 26 мај, МЕМО официјално ги издаде првите Гаранции за потекло од обновливи извори на АД ЕСМ, за електрична енергија произведена од хидроенергетските капацитети. ...
До 7:00 часот на територија на цела држава има 16 пожари на отворен простор, од кои еден е активен. Тоа е пожарот на територија на општина Македонски Брод, на повеќенаменското подрачје Јасен, каде е зафатена мешана шума. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), под контрола е пожарот во општина Кичево, меѓу селата Челопеци и Миокази, каде гореше мешана шума. Изгаснати се 14 пожари, од кои два во општина Куманово, како и во ...