Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Сопствениците на домашни миленици знаат дека покрај радоста и дружењето со кучињата и мачките, честопати се појавуваат и одредени предизвици, меѓу кои и специфичните мириси. Таквите непријатни мириси најчесто се впиваат во ткаенините и мебелот, што се препорачува да се отстранат за да се зачува чистата и свежа средина во домот. Еден од наједноставните и најефикасни начини за нивно отстранување е употребата на сода бикарбона. Уште една ...
Министерството за финансии информира дека продолжува со редовна исплата и реализација на доставените налози од буџетските корисници, кои што согласно насоките ги доставуваа налозите до 15 декември 2025 година. – Преку трезорот во изминатите неколку денови се реализирани исплати за субвенции за зелена нафта, субвенции за овчарство, средства за коридорите 8 и 10 д, исплата на две транши кон Развојната банка за домашните компании, средства за ...
Грчките земјоделци, привремено, поради Божиќ ги отворија сите блокади низ целата земја, со што сообраќајот на автопатиштата се одвива непречено, но сепак тракторите остануваат паркирани на крајните коловозни ленти на низа локации во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Земјоделците, кои на 30 ноември ги започнаа протестите во земјата, решија до петок да ги олеснат празничните патувања на граѓаните, со што, во координација со полицијата ...
Владата на денешната редовна 138 владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена од денот на влегување во сила на оваа одлука. Како што информиравме во текот на претходните денови, оваа одлука произлегува поради неможноста за набавка на ...
Во кампањата на Diners Club за поддршка на земјоделците се приклучи и компанијата СИНПЕКС од Битола со понуда на приклучна механизација и други производи на 12 РАТИ БЕЗ КАМАТА! Се’ што треба да направите е да аплицирате за картичка Дајнерс на следниот линк Или да ги посетите во продажните места каде вработените ќе ви помогнат да аплицирате и да добиете картичка Дајнерс со која ќе можете да набавите нова приклучна механизација, опрема, алати и ...
Денеска е извршена исплата во износ од 335.963.096 денари кон 1.211 сточари, средства предвидени по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, информира министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски. На корисниците на кои што не се исплатени средства по основ на субвенции за 2023 година, потребно е да се обратат до надлежната Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за детална проверка на ...
Намалена видливост поради појава на магла до 30 метри има на патниот правец Дебар – Струга, од 25 до 30 метри на патниот правец село Гајре – Попова Шапка и од 100 до 150 метри на патниот правец Тетово – Гостивар. Како што информираат од АМСМ, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од ...
Владата и префрли на Општина Росоман 392.282 илјади евра за обесштетување на земјоделци од штети од мраз и град, информираше претпладнево росоманскиот градоначалник Ѓорѓи Крстевски, преку објава на Фејсбук профилот. Тој појасни дека се работи за надоместување на штети што земјоделците ги претрпеле од мраз оваа година и од врнежи од град, минатата година. -Овие средства се наменети за обештетување на земјоделците кои претрпеа штети. По целосна ...
Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат податоците од направените анализи на 189 примероци од 45 мерни места. -Секторот за санитарна контрола во периодот од 15 до 19 декември зема 189 примероци за физичко-хемиска и 189 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје.Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата ...
Многу македонски државјани изминативе недели се соочуваа со проблеми при патување кон или од Грција, поради блокади на граничните премини од страна на грчките земјоделци. Сепак, грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат. Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември ...
Поради магла има намалена видливост на неколку патни правци низ државава, соопшти ЈП „Македонија пат“ апелирајќи на внимателно возење. -Намалена видливост поради појава на магла до 30 метри на патниот правец Жировница – Луково, намалена видливост 150 метри во околината на Тетово, Штип, Петровец и Демир Капија, стои во соопштението. Оттаму додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, додека на ...
Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, неделава забрани увоз на 22,3 тони киви наменети за индустриска преработка и издаде решение со наредба за нештетно уништување. Како што информираат од АХВ, станува збор за 22.340 килограми од овој вид овошје, увоз од Република Србија, за која пратка, со органолептички преглед од страна на инспектор за ...
Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, каде, според податоците од официјалната веб страница, летовите се реализираат со задоцнување, додека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози, но со намалена видливост на одредени патни правци. – Магла со видливост до 50 метри има на патиштата Македонски Брод-Битола-Ресен-Охрид и Дебар, а од 100 до 200 метри ...
Прилеп и приградските населби утре претпладне, од 6:30 до 11 часот, ќе останат без напојување со електрична енергија. Како што информираат од АД МЕПСО, исклучувањето се врши поради планирани активности на електропреносната мрежа, кои опфаќаат демонтажа на старо проводно јаже од 110 киловлти за далноводот ТС Битола 1- ТС Прилеп 1 и монтажа на нов проводник. На замената ќе работат стручните екипи на АД МЕПСО. Согласно со планираната динамика, ...
Жителите на Брисел ги собираа компирите фрлени на улиците од страна на земјоделците за време на нивниот протест пред институциите на Европската Унија во Брисел. За време на самите протести, земјоделците пристигнаа во центарот на Брисел со трактори и камиони, и во таа прилика истоварија големи количини компири на улиците, што демонстрантите го искористија за судир со полицијата. Сепак, по завршувањето на протестите, големи количини компири сè ...
„Откупот на тутунот и оваа година се спроведува мирно“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостувањето во „Тема на денот“ во Дневникот на МРТ. „Како и минатата година, така и оваа година откупот на тутунот се одвива без проблеми. Заклучно со вчерашниот ден, на ниво на целата територија на државата се откупени околу 15 милиони килограми тутун“, посочи министерот Трипуновски. Тој додаде дека ...
НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ: Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 м. има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија. НАЈАВА ЗА ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: На ден 19.12.2025 година, со почеток во 10:00 часот, од страна на месното население на с. Двориште е најавен јавен собир на регионалниот пат П-1302 (Берово – Струмица), на локација позната како „Студенецо“. За време на собирот, сообраќајот на овој патен правец ...
Намалена видливост поради магла до 100 метри има на патниот правец Неготино-Демир Капија. На останатите државни патишта, сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од Авто мото сојузот на Македонија потсетуваат дека во сила е законската обврска за ...
Во време кога надлежното Министерство за земјоделство подготвува нов модел за субвенционирање на земјоделците, тие не се повикани да го кажат своето мислење и да дадат свои предллози. Од Националната мрежа за земјоделство за ТВ 24, велат дека потребно е да се направи закон за одредување на најниска откупна цена , под која трговците не можат да одат. Само на тој начин земјоделецот ќе биде осигуран дека ќе му се исплати да ја обавува својата ...
Појава на магла и намалена видливост до 60 метри утрово има во околината на Демир Капија. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна ...
Поради појава на магла, видливоста во околината на Дебар е намалена до 50 метри, информираат од Автомото сојузот на Македонија. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, а интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...
Општина Илинден продолжува со интензивни активности за чистење и одржување на речните корита и одводните канали на територија на општината, при што во тек е машинско чистење на речното корито на Сува Река, на потегот од населеното место Миладиновци кон Текија и Дељадровци досега е исчистен дел во должина од 2.500 метри. Заклучно со овој зафат, на подрачјето на Општина Илинден исчистени се вкупно 26.500 метри канали и речни корита во сите ...
Денеска го потпишав договорот за доделување директен грант со Делегацијата на ЕУ, финансиран од ИПА III програмата за 2021 година. Со овој договор обезбедуваме грант за проектот „Изградба на мали, нискотрошковни, еколошки системи за наводнување во Сопот и Новаци“, со вредност од 4,1 милиони евра – европски средства и национално кофинансирање од 1,5 милиони евра. Официјално, проектот започнува на 30-ти јануари 2026 година. Малите системи за ...
Царинската управа ќе промовира Систем за податочен склад и анализа на ризик, реализиран со грант од Република Кореја, во висина од 4,75 милиони долари. Системот на прес-конференција во Царинската управа во Скопје ќе го промовираат директорот Бобан Николовски и Ли Мијонг Ку, директор на Царинскиот сервис на Република Кореја. – Прес-конференцијата ќе се одржи веднаш по состанокот на високо ниво на кој присуствуваат претставници на државно ниво ...
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема ...
Бензините и евродизелот од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на екстра лесното масло за домаќинството се намалува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,09 проценти. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 73 денари за ...
Зголемено ниво на реките во однос на просекот за декември се бележи денеска на Пчиња кај Катлановска бања, на Вардар кај Јегуновце, Скопје, Велес и Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, на Црн Дрим кај Ложани, како и на Сатеска кај Ботун, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Сепак, не сите водотеци бележат раст. Нивото на Брегалница кај Берово и Штип, Пчиња кај Пелинце и Црна Река кај Новаци се под просечните декемвриски ...
НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ: Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50-100 метри на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 ...
Премиерот Христијан Мицкоски порача дека на 15 декември државниот трезор нема да биде затворен и дека тврдењата оти тоа се прави поради недостаток на пари се, како што рече, неточни и небулозни. Според него, станува збор исклучиво за организациска мерка со која институциите се повикуваат навреме да ја доставуваат потребната документација, за да се прекине праксата работите да се завршуваат во последен момент. „На 15 декември не се затвора ...
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Ќафасан спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска поради неисполнување на условите за увоз. Станува збор за пратка со 2167 пакувања по 12 килограми замрзнато пилешко месо, која по донесеното Решение за забрана за увоз од официјалните ветеринари на АХВ, вратена е во земјата извозник – Бразил. Како што информираат од АХВ, забраната за увоз ...