Во текот на изминатата ноќ во кабинетот на градоначалникот на Македонска Каменица се одржа состанок на Општинскиот кризен штаб, на кој беа донесени оперативни насоки за утринско делување на терен во справувањето со шумскиот пожар. До Центарот за управување со кризи како што информираше денеска градоначaлникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски упатено е барање за ангажирање воздушна поддршка, лесна механизација и вклучување на припадници ...

На видеолотариските терминали во Македонски Брод, Мице Анѓелкоски го освои Милионер џекпотот во износ од 1.475.310 денари! Мице Анѓелкоски е најновиот милионер на Видеолотарија. Заедно со својот брат, ја посети Видеолотарија Касинос Австрија и ја сподели својата среќна ВЛТ приказна. „Не очекував, ама се случи! Парите ќе ги поделам со брат ми – верувам дека ќе ни донесат среќа,“ ни раскажа Мице. Од срце му честитаме! Нека оваа добивка му донесе ...

Специјалните противпожарни возила и опремата, кои денеска заедно со 50 професионални пожарникари од Словенија ќе пристигнат во Берово, ќе бидат распоредени на стадионот „Димитар Беровски“ како логистички центар со сите расположливи ресурси. Поради тоа, стадионот ќе биде привремено затворен за јавноста, информираа од Општина Берово. Претходно директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов информираше дека словенечките ...

Сериозна опасност вечерва му се заканува на радовишкото село Злеово, каде пожарот се приближил до куќите над селото и постои реална опасност по имотот и безбедноста на жителите. „ВОНРЕДНА СОСТОЈБА Пожарот станува сè посериозен и е сè поблиску до селото. Апелираме до сите што можат и сакаат да помогнат – да дојдат веднаш!“, се вели во објавата на фудбалскиот клуб Слога од селото. Жителите организирано се обидуваат да го спречат ширењето на ...

Веќе трет ден беснее големиот пожар во Националниот парк „Преспа” кај Пустец. -Во гаснењето на пожарот се вклучени противпожарни служби од оваа и соседните општини, цивилната заштита, локалната и граничната полиција. Покрај непристапниот терен, дополнително проблем е и ветерот, кој е опасност и за луѓето што се вклучени во справувањето со огнената стихија, велат од Општина Пустец. Додаваат дека поради големиот број пожари, сè уште не очекуваат ...

Жителите на селото Меџитлија вчера покажаа неверојатна солидарност и одлучност во борбата со пожарот што зафати околу 70 хектари стрниште во атарот на селото, во близина на граничниот премин. Додека пожарникарите гаснеа на теренот, земјоделците со трактори изораа заштитен обрач околу селото за да го спречат огнот да стигне до куќите. Благодарение на навремената реакција, пожарот е ставен под контрола. Видеото од настанот го испрати Нур Џемаили. ...

Вкупно 15 пожари на отворен простор се регистрирани до 12:30 часот денеска. Од нив девет се активни, а шест се ставени под контрола, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во Општина Василево, Радовиш и Берово: с. Нивичино, планината Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), Општина Прилеп: с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид, краци кон с. Градешница (опш. Новаци) и кон ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се намалуваат за 1,00 денар по литар, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) поевтинува се половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 74,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 76,00, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 70,50, а Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) по 70,50 денари за литар. ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека на Владина седница е донесена одлука за откуп на пченица за стоковите резерви, и по прв пат за откуп на оризова арпа со што ќе им се помогне на земјоделците кои што ги прозиведуваат овие житни култури. -Донесовме одлука на владина седница околу 9.000 тони да биде откупена пченица и околу 2.400 тони ориз и оризова арпа од реколтата 2024. Во првиот случај кај пченицата можеби ќе го ...

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози. Автомотосојузот на Македонија информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. -Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, но на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ Автомотосојузот препорачува прилагодена брзина на движење, ...

Вкупно 51 пожар на отворен простор се регистрирани во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава, од кои осум се активни, седум се под контрола и 36 се изгаснати. Како што утрово објави Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во: село Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини каде што е зафатена нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација; во прилепското село Бешиште, место викано ...

Вкупно 12 пожари има на отворен простор во Македонија, информираат од ЦУК. 6 активни 3 под контрола 3 изгаснати АКТИВНИ: 6 1. Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација); 2. Општина Прилеп 1 – с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид, крак према с. Градешница и друг према граница со Р. Грција (мешана шума); 3. Општина Прилеп 2 – активен крак кон с. ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска соопшти дека исплатиле 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадено јагне и/или јаре. Од Министерството информираат дека реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година. -Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози ...

Гори шума над селото Нивичани, на Осоговските Планини, петнаесетина километри од Кочани. Пожарот е пријавен вечерва, нешто по 18 часот. Според информациите од теренот, огнот зафатил поголема површина и претставува закана за неколку викенд-куќи во близината на селото. Од Територијалната противпожарна единица – Кочани информираат дека се ангажирани сите расположливи средства и дека гаснењето се одвива во координација со Доброволното противпожарно ...

На денешната владина седница донесовме одлука за ново зголемување на пензиите: 1.000 денари во септември 2025 (исплата на 1 октомври); 1.000 денари во март 2026 (исплата на 1 април). Ова значи дека пензиите ќе пораснат за нови 2.000 денари, како продолжение на досегашното зголемување од 5.000 денари во првата година од мандатот на оваа влада. Вкупно 7.000 денари повеќе. Пензионерите го заслужуваат целото наше внимание, почит и поддршка, се вели ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека според податоците на Државниот завод за статистика забележан е нагорен тренд на извозот на земјоделските производи и како Владата ќе ги задржи овие параметри на среден и на долг рок, изјави: „Точно е тоа, имаме раст на извозот во првите пет месеци, од речиси шеесетина, близу седумдесет проценти, што е добро, охрабрувачки за земјоделците. ...

„Контролите коишто ги правиме на терен продолжуваат од земјоделскиот инспекторат. Согласно квалитетот и она што е дефинирано како цена останува истото, за прва и втора категорија – 12 денари , за трета – 11 денари и нормално, за некоја што е со екстра слаб кавлитет ќе биде пониско од тоа. Она што досега се информации коишто ми се пласирани од страна на инспекторатот, откупени се 40 милиони килограми, најголем дел е во прва категорија и втора ...

Од Македонското еколошко друштво алармираат дека гори Паркот на природата Езерани. – Преспа утрово повторно се разбуди обвиена во чад по деноноќното уништување предизвикано од неконтролираниот пожар во Паркот на природата Езерани. Ова заштитено подрачје сместено на северното езерско крајбрежје важи за едно од најзначајните подрачја за биолошка разновидност во Преспанскиот регион и во државата, дом на голем број растителни и животински видови кои ...

Директорот на Invest North Macedonia, Рефик Џемаили, учествуваше на значајна билатерална средба заедно со министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и министерот за економија на Азербејџан, Mikayil Jabbarov. Средбата беше фокусирана на унапредување на економските односи меѓу двете земји, зголемување на трговската размена, поттикнување на директни инвестиции и развој на заеднички стратешки проекти. Како Агенција, остануваме целосно посветени на ...

Состојбата со пожарите на територијата на Македонија и денеска останува алармантна. Според официјалните податоци заклучно со 20 јули 2025 година до 18:00 часот, евидентирани се вкупно 15 пожари на отворен простор. Од нив, 7 се сè уште активни, 2 се под контрола, а 6 се целосно изгаснати. Меѓу најсериозните активни пожари се издвојуваат оние кај селата Нивичино во Општина Василево и кај Грешница во Општина Македонски Брод, каде што гори мешана ...

Денеска во просториите на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој беа потпишани Договори за финасиска поддршка од Мерка 3 “Инвестиции во физички средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“ од ИПАРД III Програмата, информираат од Платежната агенција. Воедно, на корисниците им беше презентирана можноста и предноста од користење на АВАНСНО ПЛАЌАЊЕ. Корисникот има право да бара авансно плаќање ...

Европските фондови и поволностите коишто се нудат преку нив за општините беа во фокусот на денешната посета на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Илија Стоилев и заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков на општините Василево и Босилово. На средбата со градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов се дискутираше за потребите на општината во однос на зацртаните проекти и ...

Започна првата берба на овогодишниот планинскиот чај во село Тумчевиште. Членките на здружението МОЈА ФАРМА со радост и задоволство ги собираа првите оформени цветови. Чајот е со добар квалитет и се очекува да има успешен пласман на локалниот пазар. После напорнта работа и посветеност резултатите се неминовни до поставената цел да се постигне економско јакнење на жените од руралните средини. Оваа активност се реализира во рамките на проектот ,, ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во „Само Интервју” на телевизија Канал 5, се осврна околу блокадите од страна на Бугарија и условите кои и ги поставуваат на државата за влез во ЕУ. Премиерот потенцираше дека Македонија нема да стане членка на ЕУ по секоја цена, затоа што овој народ и Македонија дале премногу изминативе повеќе од 30 години. „Сите сме за ЕУ, и сите сакаме да бидеме во ЕУ, но не по секоја цена. Затоа што да беше ова ...

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во „Само Интервју“ на телевизија Канал 5, се осврна на барањата од страна на пензионерите околу прашањето за линеарното зголемување на пензиите, најавувајќи ново зголемување во следните 6 месеци. Мицкоски кажа дека се прават анализи за линеарно зголемување на пензиите и тоа 1.000 денари оваа есен и 1.000 на пролет, т.е. дополнителни 2.000 денари линеарно зголемување за сите пензионери во наредните шест ...

Центарот за управување со кризи информира дека поради ветер кој го зафати подрачјето на Општина Куманово и Град Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари. Во Скопскиот регион пожари се пријавени помеѓу Индустриска зона „Бунарџик“ и рафинерија „Окта“. Во Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане се пријавени пожари во село Романовце, Агино Село, Табановце, Шупњи Камен, Младо Нагоричане и Стрновац. Како што претходно ...

По долгиот период на застој, конечно го разрешивме проблемот со доделувањето на дивечот на користење во ловиштата. Донесовме измени и дополнувања во Законот за дивеч и ловство (01.07.2025), истите стапија на сила на 09.07.2025 година; Ги отстранивме законските пречки кои го блокираа процесот. Објавен е Јавен повик Бр.01/25 за доделување на дивечот во ловиштата во следниве ловни реони: Прилеп; Крива Паланка; Пробиштип; Македонски Брод; Гостивар; ...

За реализација на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година, исплатени се средства во висина од 16.041.565,00 денари, како неповратна финансиска поддршка кон 8 корисници, како учество во нови инвестиции наменети за Мерка 121 – Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства подмерка 121.1 Набавка на високостелни педигрирани јуници (со исклучок на јуници од расата Буша), од увоз или од признати организации на ...

Љубанци и Љуботен во скопски Бутел ќе добијат чиста вода за пиење. – На барање на општина Бутел, Владата на Република Македонија обезбеди над 110 000 000 денари за реализирање на еден од најголемите капитални проекти, а тоа е водоснабдување на селата Љубанци и Љуботен со чиста вода за пиење од градскиот водовод. Првиот човек на Бутел се заблагодари и на жителите на селата Љубанци и Љуботен кои даваат, како што рече, голема поддршка и ја видоа ...

Под контрола е пожарот кај дојранското село Николиќ, каде што гори нискостеблеста шума До 8 часот утринава, на територија на државата се регистрирани вкупно 21 пожар од кои активни се два, еден е под контрола, а изгаснати се 18 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има кај селата Џидимирци, Крушје и Иванковци во Велешко, каде што гори мешана шума и кај селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
81%
1021
weather icon

Белград

2ᴼ / 1ᴼ
2.06
100%
1024
weather icon

Загреб

6ᴼ / 2ᴼ
1.03
82%
1025
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
69%
1023
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.44
79%
1020
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 1ᴼ
0.51
79%
1025
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
1.54
70%
1019
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
87%
1021
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
81%
1021
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
88%
1018
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
96%
1024
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
81%
1021
Currency

61.545

Currency

52.6235

Currency

70.3767

Currency

34.9764

Currency

38.1116

Currency

65.893

Currency

7.44979

Currency

0.66279

Currency

0.33764

Currency

0.52436

Currency

1.23507

Currency

0.58084

Бакар

10.84

Никел

467712.99

Калај

40.84

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Иридиум

145787.60

Платина

53749.14

Сребро

2008.67

Цинк

3.26

Злато

135736.19

Паладиум

46650.73

Родиум

256402.20