Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, но на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно ...

Локализиран е пожарот во фабриката „Мирана“, но се уште има слаби чадења на одредени места. За да се спречи повторно разгорување, пожарникарите и другите служби се уште се на терен, информира утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според првичните сознанија на СВР Велес, гореле магацин (во кој имало пластична амбалажа, фрижидери и друго) и канцелариски простории (документација и други материјали). Во гаснењето на пожарот учествувале три ...

Заедно со Ловечката федерација на Македонија решивме долгогодишен проблем кој ги засегаше ловците од општина Куманово, информира министерот за земјоделство Цветан Трипуновски. Денеска во просториите на ловечкото друштво „СОКОЛ” им ги врачив договорите за времено одгледување и заштита на дивечот во ловиштата. Ова е едно од најстарите ловечки друштва во Македонија кое што слави 100 години постоење. Стотина ловци повторно ќе можат да се грижат за ...

Регионалниот центар за гранични работи „Исток“ информира дека в среда граничниот премин и граничен надзор „Делчево“, односно од бугарска страна ГКПП „Станке Лисичково“ целосно ќе бидат затворени за секаков сообраќај од 8:00 до 14:00 часот. Како што информира МВР, според официјалното известување добиено од бугарските гранични полициски служби, причина се градежните работи на патната делница кај ГКПП „Станке Лисичково“. По завршувањето на работите ...

Од нашата земја денеска заминува седумчлениот воздухопловен тим од Република Чешка, кој помогна во справувањето со огнените стихии со нивниот хеликоптер „Блек Хок“. Како што информира Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), од име на македонската Влада и македонските граѓани директорот на ДЗС и раководител на Главниот штаб за управување со кризи Стојанче Ангелов им се заблагодари за нивниот особен придонес и за помошта за гаснење на пожарите ...

Од вкупно четири пожари на отворено во текот на денешниот ден, се уште активни се два, под контрола е еден, а изгаснат еден, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) за состојбата со пожарите заклучно со 12:00 часот. ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Општина Чашка кај село Богомила, каде гори мешана шума и во Општина Македонски Брод кај село Грешница гори деградирана нискостеблеста шума. Под контрола е ставен пожарот во Општина ...

На граничниот премин Ќафасан времето на чекање е околу 40, на Табановце и Богородица околу 30, а на Блаце е 20 минути, соопшти Авто мото сојузот на Македонија. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила Од денеска до 16 септември 2025 година, на делницата Градско – клучка Дреново, која е дел од Експресниот пат А1 и ...

Поскапуваат бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за еден денар, а поевтинуваат ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за еден денар, со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, што треба да стапи во сила ноќеска на полноќ. Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 75 денари, 77 денари ќе чини литар ЕУРОСУПЕР БС – 98, а по 69,50 денари ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство. Се ...

Општина Куманово ги информира граѓаните дека утре ќе спроведе второ авионско прскање против комарци. Третманот, како што наведуваат од општината ќе опфати површина од 1 270 хектари и ќе се спроведе по течението на реките Кумановка, Липковка, Којнарка, месните заедници „Бабин Дол“ и населбите „Гоце Делчев“ и „Тоде Мендол“, централното градско подрачје и пречистителна станица JП „Водовод“ село Доброшане. -Се известуваат граѓаните на Општина ...

Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажува најновиот неделен извештај на ЈП „Водовод и канализација“. Секторот за санитарна контрола во периодот од 28 јули до 1 август 2025 земал 213 примероци за физичко-хемиска и 213 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 46 мерни места во Градот Скопје. Според добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. ...

Центарот за управување со кризи денеска информираа дека сè уште е активен пожарот во општина Липково на подрачјето помеѓу селата Слупчане и Ваксинце. Пожарот избувна вчера во попладневните часови и зафати сува трева и нискостеблеста шума гореле во атарот на липковското село Слупчане, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. На пожарот во текот на вчерашниот ден интервенирале две противпожарни возила со шест ...

Центарот за управување со кризи утринава информира дека на територија на државата има активни четири пожари и тоа во општините Чашка, Липково, Студеничани и Македонски Брод. Во општина Чашка, над Богомила гори мешана шума, во општина Липково помеѓу селата Ваксинце и Слупчане е опожарена нискостеблеста шума, во општина Студеничани, поточно кај селото Дречавица има шумски пожар во планина, а во општина Македонски Брод кај село Грешница гори ...

На граничните премини Табановце и Богородица утринава времето на чекање е околу 30 минути, соопшти Авто мото сојузот на Македонија. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјава. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На државните патишта сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ информира дека од денеска до 16 септември 2025 ...

Според мерењата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нивото на Дојранското Езеро скоро една година постојано е околу 80 сантиметри под договорениот минимум. Езерото полека се празни и ако пред неколку години нивото на водата беше до шеталиштето и кејот, сега е повлечено десетина и повеќе метри и им создава проблеми на туристите како да се искапат, но и на дојранчани како да ги уредат плажите. Таквата состојба ги загрижува жителите на ...

На граничните премини на македонско-албанската граница, посебно на преминот „Ќафасан“ кај Струга, продолжува големиот проток на патници и возила. – Во текот на изминатите три дена, околу 30 илјади патници и над 11 илјади возила влегле и излегле преку овој граничен премин. Поголемиот дел од патниците се странски државјани кои го избираат албанскиот брег за своите летни одмори, објавија албански медиуми. За да се справат со овој проток, граничните ...

Поради изведба на проектот „Изградба на патна делница Градско – клучка Дреново“, дел од Коридор 10д, ќе има временa изменa на режимот на сообраќај на Експресниот пат А1, делница Градско – Дреново. Измените ќе важат од 04.08.2025 до 16.09.2025 година, при што сообраќајот ќе биде пренасочуван и регулиран со поставена соодветна сообраќајна сигнализација, соопшти денеска АМСМ. Поради изведување на градежни активности на Вијадукт на Сарички дол, кој ...

Во Скопје денеска од 9 часот ќе има посебен режим на сообраќајот поради одржување настан за одбележување на празникот 2 Август. – Поради одржување настан за одбележување на празникот 2 Август, денеска со почеток во 9 часот па се до завршување на настанот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното подрачје на Скопје односно за сообраќај ќе биде затворен делот пред ...

Заедничката европска валута, еврото, продолжува да бележи ниски нивоа во однос на албанската валута-лек, достигнувајќи историски најниска вредност. На девизниот пазар денеска се купува за 96,8 леки, а се продава за 97,8 леки. До пред две години едно евро се купуваше за 127 леки. – Тоа се должи на повеќе фактори, почнувајќи од странските инвестиции во недвижности во Албанија, па сè до менувачките операции во големи износи, што е условено од ...

Силни врнежи од дожд што предизвикаа и проблеми и над 10.000 молњи беа регистрирани вчера попладне во северниот и централниот дел на Грција, според податоците од мрежата на автоматски метеоролошки станици на Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, јави дописничката на МИА од Атина. Најголема количина дожд беше измерена во регионот на Кукуш (Килкис), каде наврнале дури 94,8 милиметри дожд. Паралелно, освен обилните врнежи, била ...

Од вкупно 13 пожари на отворен простор изминатото деноноќие, 12 се изгаснати, а еден е ставен под контрола, информираат утрово од Центарот за управување со кризи. Пожарот ставен под контрола е на територија на општина Берово. Како што се појаснува во соопштението, станува збор за огнените јазици на подрачјето на планината Готен кон Малешевските планини, а гореле бор, бука, нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација. Изгаснатите ...

Со новата извршна наредба што синоќа ја потпиша американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини за речиси сите земји кои досега немаат трговски договор со САД, царинската стапка за Македонија од претходните 33 е намалена на 15 проценти. Царина од 15 отсто САД ќе имаат и со Европската унија, со која склучија трговски договор на 27 јули. Од земјите во регионот, со царинска стапка од 15 проценти ќе бидат и Хрватска и Словенија, ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера потпиша извршна наредба за зголемување на царините за канадска стока од 25 на 35 посто, соопшти Белата куќа. -Како одговор на континуираната неактивност и одмаздничките мерки на Канада, претседателот Трамп утврди дека е потребно да се зголемат царините за Канада од 25 отсто на 35 проценти за ефикасно справување со моменталната вонредна состојба, се вели во соопштението. Трамп подоцна за Ен-Би-Си Њуз ...

Денес Директорот на ЈП Национални шуми Проф.д-р Здравко Трајанов и директорот на АФПЗРР Илија Стоилев потпишаа Меморандум за соработка, со што отпочнува процесот на реализација на Годишната инвестициона програма на ЈП Национални шуми за 2025год. За прв пат ЈП Национални шуми влегува во Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој. Ќе градиме патишта за: заштита од пожари, за добробит на сите кои ги посетуваат и работат во планините- ...

Центарот за управување со кризи утринава информира дека на територија на државата до 06:30 часот активни се три пожари и еден е под контрола. Изгаснати се 24 пожари од вкупно 28 регистрирани пожари. Активен останува пожарот на планината Готен меѓу општините Василево, Радовиш и Берово каде од вчера, покрај екипи од државава, дејствуваа и чешкиот хеликоптер „Блек Хок“ и словенечки пожарникари. Според информациите на ЦУК, активни се и пожарите меѓу ...

Во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ќе се одржи свечена церемонија на потпишување на договори во рамки на новата швајцарска поддршка за јакнење на јавните комунални претпријатија во земјата. Како што соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање, на настанот ќе се обратат и ќе ги потпишат договорите: првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и ...

Дел од патот Градско – Прилеп целосно ќе биде затворен за сообраќај од 3 август, информираат денеска од Јавното претпријатие „Македонијапат“. – Поради изведување градежни активности на Вијадукт на Сарачки дол кој се наоѓа на државниот пат А1 Градско – Прилеп, обиколница на градот Прилеп, државниот пат – од раскрсница кај бензинска станица „Лукоил“ до клучка кај бензинска станица „Салида“, ќе биде целосно затворен за сообраќај од 3 август, ...

Денеска (30.07.2025) околу 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје – Тетово, после наплатната станица Глумово, едно лице подметнува пожар. Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Р.З.(59) од с.Арнакија, општина Сарај, како потпалува ѓубриште и сува трева во близина на штала со добиток. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а лицето било лишено од слобода и приведено во ...

Чешкиот хеликоптер „Блек Хок“, кој синоќа пристигна на скопскиот аеродром, се очекува да полета кон планината Готен каде ќе се вклучи во гансењето на пожарот од беровска страна. Екипажот рано утрово имал брифинг со старешини од Воздухопловниот ВИНГ на кој било утврдено дека најпогоден извор за полнење на вода е вештачкото езеро Турија кое е оддалечено десетина километри воздушна линија од пожарот. Покрај чешкиот „Блек Хок“, во земјава пристигна ...

Активни се три пожари на отворен простор од евидентирани 28 на територијата на државава во изминатото деноноќие, под контрола се пет, а 20 се изгаснати. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во општините Василево, Радовиш и Берово, поточно во село Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини, во прилепското село Бешиште, на место викано Бешишки Рид, друг крак кон село Градешница во општина ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, но на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
81%
1021
weather icon

Белград

2ᴼ / 1ᴼ
2.06
100%
1024
weather icon

Загреб

6ᴼ / 2ᴼ
1.03
82%
1025
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
69%
1023
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.44
79%
1020
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 1ᴼ
0.51
79%
1025
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
1.54
70%
1019
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
87%
1021
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
81%
1021
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
88%
1018
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
96%
1024
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
81%
1021
Currency

61.545

Currency

52.6235

Currency

70.3767

Currency

34.9764

Currency

38.1116

Currency

65.893

Currency

7.44979

Currency

0.66279

Currency

0.33764

Currency

0.52436

Currency

1.23507

Currency

0.58084

Родиум

256402.20

Сребро

2008.67

Бакар

10.84

Злато

135736.19

Рутениум

29192.88

Никел

467712.99

Паладиум

46650.73

Кобалт

58.42

Цинк

3.26

Калај

40.84

Иридиум

145787.60

Платина

53749.14