Со 9 гласови ЗА и еден ВОЗДРЖАН, на денешната седница на Советот на Општина Кочани за в.д градоначалник е избран незавинсиот советник Венко Крстевски. Гласањето се одвиваше во два круга, во двата резултатот беше идентичен, Крстевски доби 9 гласови ЗА, а неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Гоце Марковски доби 8 гласови ЗА. По гласањето советниците му порачаа на Крстевски „памет во глава“, а истиот истакна дека е отворен за соработка со сите ...

Приоритет на Владата и министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е развој на македонското земјоделство, со посебен акцент на младите земјоделци. За таа цел објавен е јавен повик за Мерката 112 со кој обезбедуваме помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност. Вредноста на грантот изнесува 600.000 денари или 10.000 евра, односно 100% од направените трошоци. Условите кои треба да се исполнат се: -лицето кое ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) уништи 1.230 килограми небезбедни производи при засилените вонредни контроли спроведени пред велигденските празници. Најголем дел од запленетата стока е месо и месни преработки, но има и јајца, бои за јајца, мед, ракија, маслиново масло и други производи. Контролите опфатија 350 оператори со храна, а целта беше спречување на нелегална трговија и пласирање на небезбедни производи на пазарот. За утврдените ...

Министерството е во фаза на формирање на посебно одделение кое што ќе се занимава со климатски промени, информира министерот за земјоделство Цветан Трипуновски. Речиси сите локални самоуправи имаат формирано комисии согласно законската процедура која што ние е на располагање. Ќе се објават повици и сите земјоделци кои што имаат претрпено штета да пријават и Комисијата која што е во рамки на локалната самоуправа ќе излезе на терен и ќе направи ...

На ден 12.04.2025 година од страна на полициски службеници од ОВР Свети Николе во соработка со претставници од ДПИ, ДТИ, ДСЗ, какo и претставници на локални институции извршена е контрола на угостителски објект во Свети Николе сопственост на лицето А.К.. -При што биле констатирани низа неправилности: неисполнување минимално технички услови за работа, непријавени вработени, непоседување на проценка, план, правилник и елаборат за заштита од ...

За 2,5 денари поевтинува бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, а за два денара бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Не се менува цената на Мазутот М-1 НС. Максималните цени на нафтените деривати од ноќеска на полноќ ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 ...

Сите земјоделци од понеделник да ги пријават настанатите штети од ниските температури, за да се обесштетат, истакнал министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при работната посета во Ресен. Како што соопшти МЗШВ, министерот Трипуновски денеска имал состанок со градоначалникот и со советниците, на кој разговарале за ситуацијата која што го погоди овој регион, односно за ниските температури кои што беа изминативе ...

Поради снегот и ниските температури кои ја зафатија Општина Битола во периодот од 05.04.2025 до 08.04.2025 година и предизвикаа штети кај овошките и другите земјоделски култури, се повикуваат жителите на Општина Битола кои претрпеле штета да поднесат барање за надомест на штета на шалтерите во Општина Битола. Барањето може да се преземе од следниот линк https://www.bitola.gov.mk/nadomest-na-steti/ Во прилог на барањето потребно е да се достави: ...

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата по основ на четири подмерки од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година и тоа: – Подмерка 1.8 Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади. Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат минимум 0,2 ха одржувана површина со постоечки овошни насади. За оваа намена ...

Ќе доцни ли овогодинешната сеидба на ориз во кочанскиот регион? Браната Калиманци е со намален капацитет, што може да резултира со рестрикција на површините под ориз, тврдат оризопроизводителите од кочанско и се жалат дека со овој проблем се соочуваат со години наназад. Велат, површините се подготвени за сеидба, трошоците се направени, но не можат да ги посеат. Од планираните 4.300 хектари за сеидба, моменталната исполнетост на Акумулацијата ...

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет ја исплати кон Развојната банка втората транша од средствата од унгарскиот заем наменети за поддршка на домашните компании. Како што информираа од Министерството за финансии, втората транша е во износ од 4,557 милијарди денари или 74 милиони евра, која се реализира врз основа на доставеното барање од страна на Развојната банка за повлекување средства за проекти што веќе се одобрени од ...

Денеска сум во општина Ресен каде што ќе извршам увид на оштетените насади од природни непогоди, информира министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски. На средбата со градоначалникот на општина Ресен, Јован Тозиевски бев информиран дека на денешната седница на Советот ќе се донесе одлука каде што ќе се прогласи природна непогода за регионот кој што е погоден. Ќе се формира комисија која ќе врши увид и евиденција на настанатата штета кај сите ...

Цената на златото достигна нов рекорд во услови кога расте загриженоста за трговската војна меѓу САД и Кина. Една унца злато сега вреди повеќе од 3.200 долари (2.454 фунти), што е првпат да ја надмине таа граница, бидејќи инвеститорите се свртуваат кон таканаречените „безбедни засолништа“. Швајцарскиот франк, уште едно безбедно засолниште, достигна највисоко ниво во последните десет години во однос на американскиот долар, додека распродажбата на ...

Европската комисија гласаше за воведување царини од 25 отсто за американски стоки во вредност од околу 22 милијарди евра како прв дел од одговорот на трговската војна на Трамп. Листата на ЕУ вклучува земјоделски производи како што се соја, бадеми, месо, тутун, боровинки, сок од портокал, како и железо, челик и алуминиум и текстил. Се очекува некои од тарифите да стапат во сила на 15 април, за други од средината на мај, а царините за ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Патниот правец Крушево – с.Долно Дивјаци – с.Кочиша е небезбеден за сообраќај и претсавува опасност за нормално одвивање на сообраќајот. Од 04.4.2025 година е затворен за ...

Јавниот повик бр. 01/2025 од ИПАРД III програмата за Мерка 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“ овозможува кофинансирање до 70% од вкупно прифатливите трошоци за набавка на нов трактор, приклучна механизација, опрема за подготвителни активности при обработка на земја, наводнување, одводнување, опрема за берба, контрола и заштита. Начинот на аплицирање е со поднесување на деловен план/технички предлог проект и придружната ...

Секретарот за финансии на САД Скот Бесент се обрати пред медиумите во обид да ги разјасни коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп за новите трговски царини. Трамп пред малку најави зголемени царини за Кина, но царини замрзнати на 10 отсто во текот на 90 дена за сите останати земји. Бесент порача дека САД се подготвени да преговараат со „секоја земја во светот“ што сака да разговара за трговските услови. „Ќе преминеме на основна ...

Претседателот на САД Доналд Трамп објави пауза од 90 дена на неговите огромни тарифи, давајќи им на сите земји основната линија од 10 отсто, освен Кина, за која ќе има уште повисоки царини. „Врз основа на недостатокот на почит што Кина го покажа кон светските пазари, со ова ја зголемувам тарифата што ѝ ја наплаќаат САД за Кина на 125%, тоа стапува веднаш на сила“, напиша Трамп на Truth Social. Нагласувајќи дека повеќе од 75 земји побарале ...

Земјоделци се обидуваат со различни методи да ги заштитат овошките од ниските утрински температури. -Обработуваме околу еден хектар насад под слива мешани сорти – стенлија, чачанска лепотица и сега мал дел нов насад чачанска рана. Се наоѓаме во радовишката околина, пробуваме да заштитиме со димење на слама – вели земјоделски производителот кој ни ги испрати фотогафиите. Според неговите кажувања, нема некои посериозни оштетувања. „Нема некои ...

Погледнете го начинот на кој лозарите од Бургундија се борат против ниските температури. Доцните мразови се особено штетни за земјоделските култури, па земјоделците на различни начини се обидуваат да го спасат она од кое живеат. Токму поради ова, земјоделството како бизнис под отворено небо го има еден од најопасните, скриени „непријатели“, поточно временските услови, кои колку што можат да бидат поволни, можат да наштетат и на одредени култури. ...

Поради снегот што падна денеска, од 18:00 часот на патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена задолжителна употреба на зимска опрема (ланци) за сите возила, соопштија од ЈП „Македонија пат“. Исто така, од 15:25 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража и на патниот правец Маврово – Дебар. Од 16:20 часот започна и забрана за сообраќај за тешки товарни ...

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата на мерките за директни плаќања за одгледани и продадени или заклани бројлери во регистрирани кланични капацитети и директни плаќања за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети. Корисници на мерката за одгледани и продадени или заклани бројлери се земјоделските стопанства кои имаат одгледани и продадени или заклани ...

За еден месец, по појавата, птичјиот грип во Албанија згасна неколку живинарски фарми, кои главно се наоѓаа во областа Рашбул, кај Драч. Според официјалните податоци на Министерството за земјоделство, досега во двете големи компании „Реас“ и „АИБА“ од птичји грип Х5Н1 угинале 497.986 кокошки. -Министерството за земјоделство излезе со соопштение во кое се наведува дека угинатите и заразените кокошки се уништени. Нивното уништување е направено ...

Водостојот на повеќето реки низ државата е над просекот за април, покажуваат дневните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи. Евидентирано е зголемување на нивото на реката Вардар кај Јегуновце, Скопје и Велес, на Треска кај Македонски Брод, на Пчиња кај Катлановска Бања, како и на Црна Река кај Новаци. Намалување под просекот имаат реката Црн Дрим кај Ложани, Сатеска кај Ботун, Брегалница кај Берово и Крива река кај Крива Паланка. ...

Незадоволни од откупната цена за македонското јагне која се движи околу 210 денари за килограм жива мера, сточарите не го предаваат јагнето во македонските кланици. Бараат Владата итно да ја укине мерката со која тие се обврзани 50% од јагнињата да ги даваат на домашните кланици, за да може слободно да го извезуваат во странство каде цената достигнувала и до 300 денари за килограм. Само во Пелагониско 70% од јагнињата не биле предадени. Извор – ...

По обилните дождови во изминатите денови, од своето корито се излеа Маркова Река, при што се поплавени и делови по течението во Горно Лисиче. Веднаш по излевањето беше ангажирана механизација што работеше на одводнување на коритото на реката и на заштита од евентуални поплавувања на објектите за домување. В.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, веднаш стапи во контакт со Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), МВР и АД ...

Градоначалникот на Општина Росоман, Стојан Николов попладнево објави јавен повик, со кој се повикуваат земјоделците да пријават штети од ниски утрински температури, што го зафатија регионот пред неколку дена. – Општина Росоман ги повикува сите кои имаат материјални штети на земјоделски насади предизвикани од атмосферската непогода што ја зафати територијата на општина Росоман во периодот од 17 до 20 март 2025 година, да ја пријават штетата на ...

Во тек е Јавниот повик бр. 01/2025 од ИПАРД III програмата за Мерка 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“ кој овозможува кофинансирање до 70% од вкупно прифатливите трошоци за набавка на нов трактор, приклучна механизација, опрема за подготвителни активности при обработка на земја, наводнување, одводнување, опрема за берба, контрола и заштита. Ова дополнително го зголеми интересот на земјоделците за набавка на нов трактор ...

Пазарот на боровинки и малини расте секоја година. Ова ги поттикна производителите од различни земји да сакаат да ја искористат растечката побарувачка. Во Европа, моментално најважен пазар е Германија. На полиците на локалните продавници, боровинки и малини се достапни во текот на целата година, пренесува Frucht Portal. Германскиот увоз на ова овошје поставува рекорди од година во година. Во 2023 година земјава увезла околу 64.000 тони ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
48%
1019
weather icon

Белград

23ᴼ / 21ᴼ
4.63
39%
1015
weather icon

Загреб

23ᴼ / 21ᴼ
0.51
68%
1012
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
42%
1021
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.26
46%
1018
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 18ᴼ
0.0
96%
1012
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
6.17
38%
1013
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
60%
1016
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
56%
1015
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
2.24
52%
1019
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
4.63
45%
1014
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
6.69
53%
1016
Currency

61.535

Currency

52.8734

Currency

71.3664

Currency

34.4288

Currency

38.3702

Currency

65.9997

Currency

7.39114

Currency

0.65805

Currency

0.35911

Currency

0.52581

Currency

1.28795

Currency

0.60346