Премиерот Христијан Мицкоски денеска на новинарско прашање за евроинтеграциските ставови на СДСМ изнесени на партискиот конгрес, изрази жалење што партијата продолжува да биде мекото ткиво во македонскиот национален идентитет. По работната посета на компанијата „Макпрогрес“ во Виница претседателот на Владата забележа дека СДСМ на вчерашниот конгрес не покажала ништо поразлично од претходно. – Еве, јас само можам да кажам дека од оној фолклор ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска ги повика сите пратеници да покажат конструктивност и заеднички да работат во насока на донесување на подобар закон за правична застапеност. За најавите на опозицијата дека ќе го блокира законот, Гаши денеска одговарајќи на новинарски прашања, по презентацијата на извештајот за неговата двoгодишна работа, нагласи дека што се однесува до најавите на опозицијата, тоа е начин како може да се дојде ...

Умерен земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово на морското дно во близина на Ровињ, соопшти Одделот за геофизика на Природно-математичкиот факултет во Загреб. „Утрово, во 3.05 часот, сеизмографите на Сеизмолошката служба на Република Хрватска регистрираа умерен земјотрес на морското дно на северниот Јадран, 11 километри западно-југозападно од Ровињ. Јачината на земјотресот беше 3,4 степени според ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46% во однос на одлуката од 1.6.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 3,175%, кај дизелот има ...

рошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8 %, а цените на мало раст од 5.6 %. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во мај во однос на април годинава, изнесува 0.6 %. Во мај 2026 година, во однос на април 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 1.6 %, Облека и обувки, Храна и безалкохолни пијалаци за 1.0 %, Рекреација, спорт и ...

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, денес изјави дека „на нестабилниот ционистички режим му остануваат само неколку дена“, во услови на ескалација на тензиите меѓу Иран и Израел. Иран лансираше неколку серии ракети кон северен Израел, по израелскиот воздушен напад врз јужните предградија на Бејрут. Потоа Израел изврши напади во западен и централен Иран, а беа пријавени експлозии во неколку ирански градови, вклучувајќи ги ...

Во пожар што избувна на семејна фарма во градот Капелен во северозападна Белгија, загинаа 1.500 свињи, објавија локалните медиуми. „Пожарот избувна на фарма каде што се одгледуваат околу 3.000 свињи. По интервенцијата на пожарникарите, пожарот беше ставен под контрола“, изјави градоначалникот на Капелен, Петер Рикманс, според фламанскиот јавен сервис VRT. На фармата беа изградени две згради со по 1.500 свињи, а едната беше целосно уништена ...

Со „Скопската иницијатива“ и платформата „Твоја држава, твоја шанса“ СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување. Етапа заснована на вредностите на социјалдемократијата, борбата за подобар животен стандард, борба против корупцијата и за европска иднина за Македонија. Програмската платформа „Твоја држава, твоја шанса“ во конечната форма е јавно достапна и објавена. Тоа е визијата на СДСМ за модерна, праведна и европска држава во која ...

Митото од 2.000 евра кое Богац го земал од Џемо е само почетокот на аферата во Царина вредна 18 милиони денари. Според информациите добиени од свиркачи, Богац преку вибер со Џемо го договарал тендерот вреден 18 милиони денари, а 2.000 евра биле првата од повеќето исплати кои требало да ги добие токму Богац како награда од Џемо, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ – ЈО мора да истражи дали е точна информацијата до која дојдовме ...

Американскиот амбасадор во Израел, Мајк Хакаби, изјави дека „Техеран сака да ги запали Америка и Израел“. – Иран лансираше ракети кон Израел синоќа и рано утрово. Предупредувањата за ракети беа испратени во 6 часот наутро во Ерусалим. Фала му на Бога, ракетите беа пресретнати. Иран и неговите зли агенти сакаат да ја запалат Америка и Израел. Матичниот брод на Сатаната е во Техеран, објави Хакаби на својот профил X. Израел започна воздушни ...

Рано утрово почина поранешниот амбасадор и политички аналитичар Арсим Зеколи на 60-годишна возраст. Вестa ја објави неговиот брат Шефќет Зеколи на социјалните мрежи. -Со длабока болка и голема тага, ве известуваме дека денес, на 8 јуни 2026 година, во раните утрински часови, неочекувано почина нашиот брат, Арсим Сулејман Зеколи (1966-2026) – се вели во неговата објава. Погребната церемонија ќе се одржи денеска во 18:00 часот на гробиштата во ...

Канада важи за една од водечките земји во развојот на критични минерали, кои се клучни за електричните возила, обновливите извори на енергија и модерната технологија. Наспроти ваквиот тренд, Македонија сè уште не донела конечна одлука за реализација на проектот „Иловица-Штука“. Според експертите, државата мора да одлучи дали ќе ги искористи сопствените природни ресурси за економски развој или ќе остане набљудувач на глобалните промени. Иако ...

Лидерите на Велика Британија, Германија и Франција (Е3) денес изјавија дека го поддржуваат предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски лично да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да разговара за постигнување прекин на огнот. Во заедничка изјава по состанокот во Лондон, британскиот премиер Кир Стармер, германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон изјавија дека го поздравуваат повикот ...

Според прелиминарните резултати објавени од Централната изборна комисија во Приштина, по обработени 97,76 проценти од гласачките места, Движењето Самоопределување на Албин Курти е убедливо прва политичка сила на вонредните парламентарни избори во Косово со освоени 43,03 проценти од гласовите, односно 294.251 гласа. На второто место се наоѓа Демократската партија на Косово (ДПК) со 21,15 проценти или 144.618 гласа, додека Демократската лига ...

Израел започна воздушни напади врз централен и западен Иран, откако Иран во неделата лансираше 10 ракети во северен Израел како одговор на израелските напади врз јужните предградија на Бејрут. Иранската државна телевизија објави дека се слушнале експлозии во Исфахан, Карај, Тебриз и Техеран, но нема дополнителни информации за жртви или материјална штета, објавува „Гардијан“. Сведоци во Техеран потврдија дека се слушнала најмалку една силна ...

Иран објави дека ја погодил израелската воздухопловна база Рамат Давид со балистички ракети, наведувајќи дека тоа е одговор на израелските напади врз цивилите во јужен Либан и јужните предградија на Бејрут. Иранската војска во соопштението наведува дека базата Рамат Давид служела како лансирна рампа за израелските напади врз Либан. – Нападот е извршен како одговор на масакрите извршени од ционистичкиот ентитет врз цивилите во јужен Либан и ...

Филипинската полиција соопшти дека најмалку три лица загинале, а четворица се повредени откако земјотрес со јачина од 7,8 степени го погоди еден од јужните острови на земјата. Ројтерс објави дека нема непосредни детали за пријавените жртви, но досега објавените снимки покажуваат голема штета и урнати згради. Предупредувања за цунами беа издадени откако земјотресот го погоди Минданао на јужните Филипини. Земјотресот беше на длабочина од 10 ...

Иран објави дека ја погодил израелската воздухопловна база Рамат Давид со балистички ракети, наведувајќи дека тоа е одговор на израелските напади врз цивилите во јужен Либан и јужните предградија на Бејрут. Иранската војска во соопштението наведува дека базата Рамат Давид служела како лансирна рампа за израелските напади врз Либан. – Нападот е извршен како одговор на масакрите извршени од ционистичкиот ентитет врз цивилите во јужен Либан и ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нема да има друг избор освен да прифати каков било договор што САД ќе го преговараат со Иран, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Фајненшл тајмс“ истакнувајќи дека тој „ги донесува одлуките“. „Тој нема да има друг избор“, беше цитиран Трамп, според Ројтерс. Израел нападна предградие на Бејрут во неделата, прв пат откако САД објавија мировен план за Либан минатата недела, а Иран ...

Иран вечерва испали балистички ракети кон северен Израел, активирајќи сирени за воздушен напад во неколку области, вклучувајќи го и крајбрежниот град Хаифа. Израелската војска (ИДФ) соопшти дека идентификувала лансирање ракета од Иран кон израелска територија и дека се активирани системите за воздушна одбрана. Incoming Iranian ballistic missiles seen in the sky over Northern Israel. pic.twitter.com/ul16bVS8tr — OSINTdefender (@sentdefender) ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19 (во обид). На 6 јуни, во близина на автоплац во селото Шишево, двајцата браќа на возраст од 43 и 44 години, со умисла се обиделе да лишат од живот едно лице, а притоа го довеле во ...

Гласачките места во Косово се затворени по одржувањето на вонредните парламентарни избори, а според првичните излезни анкети најмногу гласови освои движењето „Самоопределување“ на актуелниот премиер Албин Курти. Според проекциите објавени по затворањето на избирачките места, „Самоопределување“ добило околу 42,3 отсто од гласовите. На второ место е Демократската партија на Косово (ПДК) со 21,6 проценти, додека Демократскиот сојуз на Косово ...

Голем шок ја одбележа пријателската средба меѓу Данска и Украина, откако данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен се сруши на теренот во текот на второто полувреме. Инцидентот предизвика голема загриженост кај играчите, стручните штабови и навивачите, особено ако се земе предвид дека Ериксен пред пет години доживеа срцев удар за време на натпревар од Европското првенство. Тогаш лекарските екипи интервенираа директно на теренот и успеаја да ...

Германскиот тенисер Александар Зверев ја освои својата прва Гренд слем титула, откако во драматичното финале на Ролан Гарос го совлада Италијанецот Флавио Коболи со 3:2 во сетови (6-1, 4-6, 6-4, 6-7, 6-1). HE DID IT 🏆#RolandGarros pic.twitter.com/SFJgCRZon0 — Roland-Garros (@rolandgarros) June 7, 2026 Зверев доминираше во првиот сет, а по голема борба во следните три сета, Коболи успеа да избори одлучувачки петти сет. Сепак, Германецот во ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека целосната обнова на правата на руските говорители во Украина е еден од клучните услови за постигнување долгорочно решение на војната. Москва со години го обвинува Киев за дискриминација на руското малцинство и граѓаните што зборуваат руски јазик. Кремљ ги користеше тврдењата за јазична дискриминација и, како што вели, русофобија како главни оправдувања за започнување целосна ...

Европската комисија ја предупреди Албанија дека контроверзниот туристички проект во заштитеното подрачје Валона-Нарта, кој се поврзува со американскиот бизнисмен Џаред Кушнер, зет на претседателот на САД Доналд Трамп, би можел негативно да влијае врз напредокот на земјата кон членство во Европската Унија. Предупредувањето доаѓа во време кога во Албанија се одржуваат протести против изградбата на луксузен туристички комплекс во еден од ...

Европската комисија оцени дека зголемениот број руски државјани кои стекнуваат српско државјанство и со тоа добиваат можност за безвизно патување во Европската Унија претставува потенцијален безбедносен предизвик за Унијата. Во најновиот документ на Европската комисија за напредокот на Србија во поглавјата 23 и 24, кои се однесуваат на владеењето на правото, се наведува дека во изминатиот период е забележан пораст на бројот на доделени ...

Стотици навивачи во саботата ја славеа фудбалската репрезентација на Курасао по победата од 4-0 против соседна Аруба во пријателски натпревар. Тоа беше последната проверка за 82. репрезентација на светот според рангирањето на ФИФА пред заминувањето во Соединетите Американски Држави, каде што оваа мала карипска нација ќе настапи на своето прво Светско првенство. Old-school bus. No windows. Music playing. Curaçao‘s team bus arrival is ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го замолил рускиот милијардер Роман Абрамович за време на посетата на Киев минатиот месец да му пренесе на Владимир Путин дека е подготвен за нивната прва директна билатерална средба од почетокот на војната, објави „Фајненшл тајмс“. Повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање, весникот објави дека Киев сака да ја покаже својата подготвеност за директни мировни разговори со Русија, додека ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го прекина интервјуто со водителката на емисијата „Meet the Press“ на NBC, Кристен Велкер, по жестока расправија во која таа го замоли за докази за тврдењата за наместени избори во 2020 година и наводни неправилности при броењето на гласовите во Калифорнија. Интервјуто, кое беше најавено со големо внимание, беше снимено во петокот за време на посетата на Трамп на Висконсин, а беше емитувано во неделата. ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.42
21%
1017
weather icon

Белград

35ᴼ / 34ᴼ
3.52
44%
1018
weather icon

Загреб

36ᴼ / 36ᴼ
2.65
38%
1018
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
4.93
39%
1020
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
4.51
30%
1020
weather icon

Љубљана

35ᴼ / 33ᴼ
0.51
43%
1018
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
7.15
35%
1016
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
4.81
33%
1016
weather icon

Подгорица

36ᴼ / 36ᴼ
3.56
29%
1016
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 32ᴼ
3.13
36%
1020
weather icon

Будимпешта

39ᴼ / 37ᴼ
1.79
26%
1018
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 27ᴼ
8.77
67%
1019
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Бакар

12.33

Рутениум

49029.89

Калај

50.56

Алуминиум

3.20

Иридиум

233896.68

Платина

51923.46

Сребро

1902.84

Цинк

0.00

Злато

131072.82

Родиум

249168.29

Кобалт

56.29

Паладиум

38195.09