Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Поранешниот главен епидемиолог на САД, Ентони Фаучи, и поранешниот заменик-државен секретар на САД, Викторија Нуланд, треба да бидат во затвор поради создавање ризици за глобалното здравје, според Кирил Дмитриев, специјален претставник на рускиот претседател за инвестиции и надворешна економска соработка. Дмитриев потврди на социјалната мрежа X дека бил во право во својот коментар од јуни во врска со изјавата на тогашната директорка на ...
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека САД во моментов го спречуваат Израел да ја таргетира иранската енергетска инфраструктура поради загриженост за глобалната економија и енергетските пазари. „Ние многу сакаме да нападнеме ирански енергетски цели, но САД не го одобруваат тоа во овој момент“, рече Кац. Тој додаде дека Вашингтон се плаши дека ваквите напади би можеле да го предизвикаат Иран да се одмазди против соседните ...
Иранската војска подготвила голем број сценарија за да одговори на можни напади на САД, вклучително и копнена инвазија од страна на американските сили, изјавил анонимен воен извор во Иран за РИА Новости. – Нашите вооружени сили подготвиле различни сценарија за да се спротивстават на секој нов напад на САД, особено ако Вашингтон направи грешка и започне копнена инвазија“, рекол изворот. Тој додал дека повторен напад врз иранските нуклеарни ...
Русија ќе одговори со иста мерка на обидите на западните земји да запленат руски трговски бродови, изјави рускиот претседател Владимир Путин за време на прегледот на последната фаза од воените вежби на Тихоокеанската флота. „Ќе бидеме принудени да одговориме со иста мерка. И не мора во областите каде што е планирано да бидат распоредени нашите бродови“, рече Путин. Рускиот претседател додаде дека Москва може да преземе соодветни мерки „било ...
САД и Иран се блиску до постигнување некаков вид мировен договор, изјави денес пакистанскиот министер за одбрана Хаваџа Асиф. Тој во интервју за Блумберг изјави дека ситуацијата повторно се развива кон постигнување мировен договор или договор. Сигналите во последните два до три дена укажуваат дека сме блиску до некаков вид договор, рече Асиф, што укажува дека трајниот мир би бил во интерес на регионот. Изјавите доаѓаат во време кога ...
Американската вселенска агенција НАСА во живо го следи и пренесува денешното целосно помрачување на Сонцето – еден од највпечатливите астрономски феномени, кој повторно го сврте вниманието на јавноста кон небото. LIVE: It's eclipse day. Come watch with us. Totality begins in Iceland at 1:45pm ET (1745 UTC) and in Spain at 2:28pm ET (1828 UTC). https://t.co/SlVVfuUUsr — NASA (@NASA) August 12, 2026 Љубителите на астрономијата и вселената ...
Голем пожар избувна во близина на Херцег Нови, а поради силните ветрови, пожарот брзо се шири. Биела и Баошиќи остануваат без електрична енергија, додека пожарникарите се обидуваат да го локализираат пожарот. View this post on Instagram A post shared by Подгорички времеплов (@podgoricki_vremeplov) Голем пожар избувна во областа Жагер, недалеку од Херцег Нови, а поради силните ветрови, пожарот брзо се шири низ непристапен терен. Пожарот во ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека се смета себеси за можеби најважниот претседател во историјата на земјата, наведувајќи дека за време на неговиот мандат на чело на Соединетите Американски Држави, постигнал резултати што, според него, ниту еден од неговите претходници не ги постигнал. Трамп го изјави ова во разговор со новинарите, одговарајќи на прашања за безбедносните закани и одлуката да го промени ...
Состојбата со пожарите на отворен простор денеска значително се влоши. Попладнево имавме најмалку 21 пожар на отворен простор од кои поголем дел во моментов се активни, оцени попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. Тој како еден од пожарите кои се тешки за гасење го издвои пожарот на територијата на општината Македонски Брод во местото викано Видуш во близина на село Драгов. -Утре наутро таму ...
Украинските одбранбени сили спроведоа единствена операција преку ноќ насочена кон руската поморска база во Новоросијск, последното големо упориште на руската црноморска флота, на повеќе од 300 километри од линијата на фронтот, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски. – Нашите млазни беспилотни летала „Палјаница“, ракети „Нептун“ и беспилотни поморски системи успешно погодија одредени цели. Потврдени се погодоци на позиции на ...
Дури 67 проценти од Полјаците, според најновата анкета, го поддржуваат барањето на опозицијата за депортирање Украинци, бегалци кои подлежат на воена служба и не се легално вработени, додека владата го отфрли бидејќи 80 проценти работат легално, а без нив цела Полска би запрела за само еден ден. Во анкетата спроведена од агенцијата IBRiS за дневниот весник „Жечпосполита“, 67,2 проценти од испитаниците се за депортирање на Украинците, мажи на ...
Најмалку двајца Палестинци се повредени во новите израелски напади во Појасот Газа во изминатите 24 часа, а едно тело е извлечено од зграда што беше срушена во претходните напади, соопшти денес палестинското Министерство за здравство. Министерството во објава на Телеграм соопшти дека во израелските напади од прекинот на огнот, кој стапи на сила во октомври минатата година, во истиот период се убиени најмалку 1.259 Палестинци, а ранети 4.148 ...
Четиригодишно дете од Македонија, исчезна во областа Алто Маре во Република Албанија. Според пријавата, семејството веќе подолго време го бара детето, но досега нема никаква трага од него. Семејството ја известило и полицијата во Голем, но до овој момент потрагата не дала резултат. Во моментот на исчезнувањето, детето било облечено во зелен костим за капење, а во раката носел пиштол-играчка на вода. Неговата мајка, е во тешка емотивна ...
Рускиот претседател Владимир Путин денес за време на посетата на ракетниот крстосувач „Варјаг“, каде што ја набљудуваше последната фаза од вежбите на Тихоокеанската флота, изјави дека НАТО го зголемува своето воено присуство во Тихоокеанскиот регион и дека потенцијалот за конфликт во регионот расте. – Гледаме дека, за жал, потенцијалот за конфликт тука расте. НАТО се инфилтрира тука, се создаваат нови воено-политички блокови и се ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска ја изрече првата глоба за напуштање (фрлање) легло на мачиња. Случајот, како што од АХВ, бил пријавен од совесен, хуман граѓанин, а изречената казна е 550 евра. – Врз основа на известување кое ЈП Лајка го добило од граѓанин (поткрепено со видео снимки и фотографии) за напуштање легло со мали мачиња од страна на физичко лице во парк во близина на трговски центар во Скопје, официјален ветеринар ...
Центарот за управување со кризи извести дека денеска до 17 часот, има 21 активен пожар. – Денеска имаме рекорден број на пожари за ова лето. Службите се максимално ангажирани на терен, со цел справување со пожарите, нивно локализирање и целосно гасење, велат од ЦУК. 1.Општина Македонски Брод м.в.Видуш во близина на с.Драгов Дол (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки); 2.Општина Студеничани над с.Моране, Вртекица и Рамни габер ...
Центарот за управување со кризи извести дека денеска до 17 часот, има 21 активен пожар. – Денеска имаме рекорден број на пожари за ова лето. Службите се максимално ангажирани на терен, со цел справување со пожарите, нивно локализирање и целосно гасење, велат од ЦУК. 1.Општина Македонски Брод м.в.Видуш во близина на с.Драгов Дол (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки); 2.Општина Студеничани над с.Моране, Вртекица и Рамни габер ...
Иранскиот генерал Мохамед Реза Накди се закани дека Иран ќе се бори со години и рече дека, ако ракетите исчезнат, тоа би можело да ги загрози американските интереси низ целиот свет. Иранскиот генерал Мохамед Реза Накди упати низа остри обвинувања против администрацијата на американскиот претседател во интервју за американскиот PBS, но исто така упати директни закани до САД, велејќи дека Иран ќе се бори со години доколку е потребно. ...
ДПМНЕ манипулира за наводен економски успех, зад пропагандата остануваат поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра трговски дефицит. ДПМНЕ повторно се обидува економската состојба во државата да ја сведе на неколку внимателно одбрани проценти, наредени во партиска графика и ослободени од секој контекст што би можел да им ја расипе приказната, се наведува во соопштението од ПП Левица. – Оние бројки што ДПМНЕ намерно ги премолчува ...
Во пресрет на одбележување на 35 години независна Македонија се разви полемика, партиски расправи и пресметки за тоа, чија е заслугата или кој ги оспорува фактите на процесот на градење на современа македонска држава, се наведува во соопштението од Демократски сојузо. – Гледано од денешна перспектива, во деведесеттите години актуелните водства на повеќето политички партии имаа многу малку или воопшто немаа никакво влијание во процесите на ...
ДУИ денес повторно се обиде да конструира афера таму каде што има јавно пријавени, законски и целосно проверливи инвестиции. Од податоци што Недим Рама самиот ги пријавил во ДКСК, партијата која две децении создаваше семејни бизнис-империи состави соопштение со многу прашања, но без ниту еден доказ, велат од ВЛЕН. – Затоа, најпрво фактите: Инвестициите во акции се правени во повеќе наврати во изминатите години, а вкупната пријавена вредност ...
Стравот дека Европската Унија, со брзо прифаќање на нови членови, би можела да ги донесе во своите редови земјите што подоцна би ги блокирале клучните одлуки од Брисел, сè повеќе влијае врз политиката на проширување, пишува „Политико“, повикувајќи се на европски претставници и дипломати. Иако владите на членки на ЕУ јавно го поддржуваат продолжувањето на проширувањето, во некои главни градови постои изразен отпор кон идејата за значително ...
59-годишен маж е уапсен во Грција под обвинение за намерно и повеќекратно палење во Синдос во близина на Солун, откако предизвикал шест пожари помеѓу 8 и 11 август. Според истрагата, 59-годишникот, додека го возел своето возило, наводно запалил вкупно шест пожари во сува трева, трска и земјоделско земјиште во областа Синдос, објавува денес „Прототема“. Според извештаите, еден пожар избувнал во сабота, 8 август, кога изгореле околу 20 хектари ...
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје попладнево најостро ги демантираше информациите што се шират во јавноста за наводно присуство на бактеријата Escherichia coli во водата за пиење во Скопје. Направени се дополнителни анализи и водата во Скопје е безбедна и исправна за пиење и употреба. Јавното претпријатие најави дека ќе поднесе соодветни пријави до Министерството за внатрешни работи за субјектите и центрите кои шират лажни информации и ...
Од 20 до 27 август со мото „Само сонот е стварност“ ќе се одржува 17. Фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“. Во осумте фестивалски дена ќе бидат прикажани 71 филм – нови документарци, ќе има над сто гости од странство и обемна дополнителна програма со мастер-класови, работилници, панел-дискусии и дводневен МакеКоПроДокс форум за развој на проекти од регионот (25-27 август). Фестивалот годинава ќе биде посветен на филмската ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска ја изрече првата глоба за напуштање (фрлање) легло на мачиња. Случајот, како што од АХВ, бил пријавен од совесен, хуман граѓанин, а изречената казна е 550 евра. – Врз основа на известување кое ЈП Лајка го добило од граѓанин (поткрепено со видео снимки и фотографии) за напуштање легло со мали мачиња од страна на физичко лице во парк во близина на трговски центар во Скопје, официјален ветеринар ...
Интензивно се интервенира на терен во моментов за гасење на шумскиот пожар во близина на селото Моране, во општина Студеничани, соопшти Центарот за управување со кризи. – Во гасењето се ангажирани три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, кои дејствуваат од воздух во зоните каде што интервенцијата од копно е невозможна или премногу ризична поради тешко пристапниот терен, наведува ЦУК во соопштение. Екипите на терен дејствуваат во ...
Здружението на вработени во секторот игри на среќа “САКАМ ДА РАБОТАМ” смета дека е неосновано да се користи Меѓународниот ден на младите за да продолжи кампањата за оцрнување на легалните игри на среќа и да се врши притисок врз институциите, со истражување од пред две години. Со внимание ги имаме анализирано овие податоците од истражувањето ЕСПАД 2024, кои ги реобјави ХЕРА Млади. Се согласуваме дека е загрижувачки што се јавуваат податоци ...
Досега нема ниту еден регистриран, ниту хоспитализиран пациент, чија здравствена состојба се поврзува со консумирање загадена вода во Скопје, соопштија попладнево од Министерството за здравство. Во соопштението се нагласува дека оваа информација е потврдена и од директорот на Инфективната клиника, д-р Фадил Цана, како и од одговорни лица од Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје – Скопје. Од Министерството нагласија дека се ...
Нелегана пренамена од индустриски објект во дискотека спротивно на урбанистичкиот план, како и прегради од гипс-картон и врати кои претставувале директна пречка за евакуација, констатирале вештите лица од Градежниот факултет во градежното вештачење на објектот во кој се наоѓала кочанската дискотека „Пулс“, во кој во пожар загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На денешното рочиште во судницата во Идризово беа сослушани вештото лице Душица ...