Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Со изведбата на современиот македонски мјузикл „Као какао“, работен по текст и драматургија на Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски и со музика на Влатко Стефановски, вечерва на „Долни Сарај“ свечено ќе биде затворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. „Као какао“ е мелодрамска љубовна приказна сместена во 70-тите години на минатиот век, која преку љубовта, амбицијата и стремежот кон слобода ја следи генерацијата соочена ...
Убаво уредениот двор не е резултат само на избор на убави растенија. Тајната е во тоа како се комбинираат, каде и на кое растојание се садат. Дури и најубавите и најскапите садници може да изгледаат неуредно или да почнат да слабеат ако се поставени на погрешно место, ако си прават сенка една на друга или ако немаат доволно простор за раст. Од Градинарскиот центар Фоја велат дека најчестата грешка при уредување на двор е тоа што луѓето ...
Силно невреме вчера зафати повеќе делови од Германија, при што беше предизвикана голема материјална штета, а во градот Фирстенвалде, во покраината Бранденбург, е потврдено и торнадо, објави „РНД“. „Настанот во Фирстенвалде несомнено беше торнадо“, потврди Германската метеоролошка служба (ДВД). #Fürstenwalde #LOS #Tornado pic.twitter.com/Mh0wDAnNx6 — stepke (@stepke843363) August 19, 2026 Силниот ветер соборил бројни дрвја, а на еден објект ...
Руски балистички проектили усмртија најмалку шест лица во Киев, а уште 23 се повредени, соопшти рано утрово градоначалникот Виталиј Кличко, пренесува „Ројтерс“. Пожар избувнал откако руските сили ги погодиле горните катови на деветкатница, изјави Кличко. Тој додаде дека на друга локација луѓе останале заробени откако биле погодени станбени и нестамбени објекти, магацини и детска болница. Yet another horrific night for Kyiv. A massive Russian ...
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со „тешки“ економски последици за секоја земја што ќе му помага на Иран и најави, како што тврди, „најразорна економска операција“ што некогаш била спроведена против една држава. Трамп вчера дополнително го засили притисокот на Вашингтон врз Техеран, по повеќемесечниот конфликт кој сè уште трае. „Објавувам дека секоја земја која преку своите финансиски институции, компании, аеродроми или ...
Американскиот јавен долг за првпат надмина 40 илјади милијарди долари, покажуваат податоците на американското Министерство за финансии. Растот на долгот е поттикнат од високите трошоци за одбрана, социјалните програми, намалувањето на даноците и сè поголемите камати на зголемениот дефицит, што дополнително ги оптоварува државните финансии. Новиот рекорд е достигнат само пет месеци откако американскиот долг во март го надмина претходниот ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Утринската температура ќе се движи од 13 до 21 степен, а дневната од 33 до 39 степени, соопши Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Утринската температура ќе се движи од 13 до 21 степен, а дневната од 33 до 39 степени, соопши Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен ...
Долги колони и чекање од неколку часа за влез во земјава преку граничниот премин Прешево-Табановце се создадоа вчера откако системот „Безбеден град“ почна да функционира и за странските државјани кои направиле сообраќаен прекршок возејќи нив Македонија. Министерството за внатрешни работи информира дека почна примената на воспоставениот механизам за постапување со возачите на возила со странски регистарски таблички кај кои системот „Безбеден ...
Изутринава во земјава има пет активни пожари и тоа во Мариово (село Чаниште, крак кон Црна Река и крак кон село Орле, во општините Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила. Пожарот во депонијата во Општина Делчево е ставен под контрола. а изгаснати се 31 пожар. Центарот за управување со кризи информира дека во изминатото деноноќие (19/20.08.2026 година) до 07:30 часот, регистрирани се вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои пет се ...
Водечките дигитални средства како што се Биткоин (BTC), Етереум (ETH), Рипл (XRP) и USDT го поттикнуваат развојот и привлекуваат сè поголемо внимание од инвеститорите ширум светот. Дигиталните средства не се само важни алатки за луѓето да се спротивстават на инфлацијата, да ги заобиколат контролите на девизниот курс и да вршат нискобуџетни меѓународни трансфери, туку и за диверзификација на инвестициските портфолија во финансиската ...
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека доколку опозицијата побара предвремени парламентарни избори, тие во секое време се подготвени да излезат на избори и да победат. Мицкоски рече дека неговиот став е познат и дека неговата Влада доби мандат од четири години. – Мојот став е познат во јавноста и ставот на оваа Влада дека ние добивме мандат за четири години. Мандатот завршува пролетта 2028 година. Се ...
Барселона го одреди напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, како апсолутен приоритет во самиот финиш на летниот преоден рок. Информацијата во пренос во живо на каналот Jijantes FC ја објави добро информираниот шпански новинар Жерар Ромеро, кој нагласи дека германскиот тренер Ханси Флик лично побарал ангажман на аргентинскиот голгетер. Иако станува збор за исклучително комплициран трансфер поради финансиската состојба на Барселона и краткиот ...
Центарот со управување со кризи информира дека до 18:00 часот часот регистрирани се вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, три се под контрола, а 11 се изгаснати. Активни се пожарите во: Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума). Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки). Општина Прилеп: с. Чаниште, крак кон ...
Орце Ѓорѓиевски нема одговор за епидемијата, па ја напаѓа СДСМ. Не ја прогласивме ние епидемијата во скопските општини. Не ги однесовме граѓаните ние на Инфективна. Тоа се случи во градот што тој го води, реагираат од СДСМ по ставот од градоначалникот на Скопје. Следува интегралното соопштение: Заклучно со 18 август има 38 заболени и четири починати. Триесет и седум случаи се од Скопскиот регион. Починатите се мажи од 62 до 83 години од ...
Сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, Ким Јо Џонг, денеска изјави дека не ѝ е познато дали нејзиниот брат комуницирал со американскиот претседател Доналд Трамп, откако Трамп најави дека САД ќе го намалат обемот на воените вежби со Јужна Кореја. Ким Јо Џонг, директорка на Одделот за општи работи на Работничката партија на Северна Кореја, изјави дека Пјонгјанг е повеќе фокусиран на фактот што заедничките воени вежби на Јужна Кореја ...
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски реагираше на прес-конференцијата на СДСМ, на која тој е критикуван дека задоцнил со прскањето против комарците. Вели дека е повторен обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка и оти фактите го говорат спротивното. -Јавното здравје не е тема за политичка паника – фактите се јасни. Вообичаено не реагирам на секоја прес-конференција на опозицијата. Но очигледно дека ...
Украинецот кој денеска беше приведен во Пула се поврзува со една од најголемите подводни саботажи во модерната историја – експлозиите на гасоводите Северен тек 1 и 2 во Балтичкото Море во септември 2022 година. Станува збор за 44-годишниот Володимир Журављов, професионален инструктор за длабинско и техничко нуркање. Германското сојузно обвинителство го сомничи дека бил еден од непосредните извршители кои поставиле експлозив на гасоводите на ...
Иранските дипломати одговорија на новите провокации на американскиот претседател Доналд Трамп, поврзани со територијата на Ормутскиот Теснец. Имено, Доналд Трамп на социјалните мрежи објави слика од мапа на која Ормутскиот Теснец е означен како нова американска територија. Објавата на Трамп, која беше објавена без дополнителен коментар, следуваше откако минатата недела тој изјави дека наскоро ќе го прогласи Ормускиот Теснец за територија на ...
Во Општина Аеродром нема утврдени жаришта на комарци, но локалната самоуправа во координација со здравствените институции и Град Скопје продолжува да презема мерки за заштита на населението, изјави градоначалникот Дејан Митески. Одговарајќи на новинарско прашање по увидот во градежните работи во ОУ „Александар Македонски“, Митески рече дека општината ги следи препораките на надлежните институции и веќе е спроведено вонредно прскање против ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов преку видео изјава истакна дека сѐ уште е активен пожарот кај прилепското село Чаниште. Тој не очекува пожарот да го загрози ова или некое друго село. -Пожарот којшто во понеделник попладне изби во атарот на прилепското село Чаниште во прилепскиот дел од Мариово, сѐ уште е активен, но во овој момент не го загрозува селото Чаниште, ниту пак загрозува друго село, затоа ...
Откако обзнанивме дека вмровската владина постава не го усогласувала студентскиот оброк согласно Закон и дека студентите се ограбени за околу 6,5 милиони евра, Весна Јаневска на ТВ24 реши да понуди една навистина револуционерна одбрана, односно да измисли дека го покачиле! Со мртва сериозност министерката раскажа дека само штом дошле на власт, 140 денари прво станале 147, па потоа биле покачени за уште 20 денари и дека ДПМНЕ, ни помалку ни ...
Компанијата „Шелбит Технолоџис“ со седиште во Варшава е ставена на списокот на санкции на САД поради сомнение за учество во перење пари и избегнување санкции со користење на дигитални валути, а според полскиот портал „Виртуелна Полска“, мрежата со која била поврзана го олеснила трансферот на милијарди долари до ирански структури. Компанијата е основана во Варшава во август 2023 година, додека во март 2024 година, нејзин извршен директор бил ...
Едно лице е убиено, а шест се повредени во рускиот напад врз Запорожје, изјави денес началникот на Запорожјето, Иван Федоров. „Како резултат на уште еден руски напад врз Запорожје, едно лице е убиено, а шест се повредени. Зградите во градот се оштетени, а избувнал и пожар“, рече Федоров во објава на Телеграм, пренесува Укринформ. Според Федоров, руски беспилотни летала го погодиле регионалниот центар, а оштетени се и станбени и нестанбени ...
Володимир Зеленски се потсмева на чувствата на милиони Украинци, како и на чувствата на сопствениот дедо, кој се борел против нацистите, изјави амбасадорот на руското Министерство за надворешни работи задолжен за злосторствата на украинскиот режим, Родион Мирошник. Тој го коментираше повторното погребување на останките на Евгениј Коноваљатс, лидерот на ООН (Организација на украински националисти, која е означена како екстремистичка ...
Поранешниот украински министер за надворешни работи Дмитро Кулеба оцени дека Киев го достигнал својот максимум кога станува збор за меѓународна помош и дека во сегашните околности не гледа простор за значително зголемување на поддршката од западните партнери. „Што се однесува до меѓународната помош, го достигнавме нашиот плафон. Засега, не гледам од каде ќе дојде повеќе“, рече Кулеба во интервју за YouTube канал. Според Кулеба, Украина тешко ...
Соединетите Американски Држави ја разгледуваат можноста да дозволат употреба на американски ракети и ракети од европски системи за лансирање, што би отстранило една од главните пречки за заедничка употреба на муниција меѓу сојузниците на НАТО во воено време, пишуваат медиумите, повикувајќи се на неименувани извори. Соединетите Американски Држави долго време ја ограничуваат употребата на клучна американска муниција на системи произведени во ...
Иранските дипломати во Индија одговорија на најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Ормутскиот теснец ќе биде анексиран од САД со објавување на мапа на САД на која Калифорнија е прикажана како „нова територија на Исламската Република Иран“. Објавата е објавена од иранскиот конзулат во Хајдерабад, а пораката очигледно била сатиричен одговор на изјавата на Трамп за Ормутскиот теснец, објавува CNN. Калифорнија има најголемо ...
На територијата на државата денеска до 13:00 часот се регистрирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои четири се активни, два се под контрола, а два се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во општините Студеничани, Македонски Брод, Прилеп и Охрид. Во Општина Студеничани пожарот се шири на потегот од селото Моране, преку Вртекица до Рамни Габер, каде што гори мешана шума. Во Општина ...
Формирана е комисија за надзор над случајот со родилката од случајот во Штип, а ќе се вклучат и двајца странски стручњаци, информираше денеска министерот за здравство Сашо Клековски, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција. Министерот беше прашан кога ќе биде готов извештајот за родилката која останала парализирана по втор царски рез, дали има лекарска грешка или не. – Јас ја формирав комисијата за стручен надзор. ...