Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Министерството за здравство денеска соопшти дека епидемиолошката состојба во Гостивар континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Вкупно 78 прегледи се регистрирани вчера, што е за шест помалку споредено со претходниот ден, кога биле евидентирани 84 прегледи. Во однос на западнонилската треска, на Клиниката за инфективни болести е евидентиран еден нов сомнителен случај. Во тек се потребните испитувања за лабораториска потврда ...
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во понеделник изјави дека неговата земја ќе ги брани своите граници, но нема да се стреми да шири војна. Пезешкијан нагласи дека Иран мора да се фокусира на внатрешна сила и единство, објави иранскиот државен радиодифузер ИРИБ. „Во овие околности, мора да се стремиме да изградиме општество во кое непријателот не може да има предаторски намери, не може да се инфилтрира, ниту пак може да ја распарчи и ...
Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор и секретар за меѓународна соработка на СДСМ денеска на прес-конференција посочи дека премиерот Христијан Мицкоски за време на илинденските празници ја злоупотребил говорницата и продолжил со, како што рече, поделби, омраза и навреди. Според него, Мицкоски повторно сите што не се согласуваат со него ги нарекол „талог“. – Тоа се сите оние што се борат за правда, за еднаквост, за одговорност, сите оние ...
Иран беше подготвен да започне напади на три локации во Украина пред да ја откаже операцијата по „извинувањето“ од Киев, изјави денес виш воен советник на врховниот лидер Али Хамнеи, Мохсен Резаи. Во интервју за иранската државна телевизија, Резаи рече дека иранските вооружени сили ги завршиле сите подготовки за нападите пред да биде откажана операцијата. Резаи, исто така, предупреди дека Иран нема да дозволи користење на ниту еден морски ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,24% во однос на одлуката од 27.7.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,069%, кај дизелот зголемувањето ...
Хипокритот Филипче да не глуми како во политиката да е од вчера и да дава лицемерни изјави и да се однесува како јавноста да страда од колективна амнезија. Постојат документи од кога Филипче беше дел од владата на Зоран Заев и министер за здравство, документи кои укажуваат на сериозни проблеми и нерегуларности. Тие проблеми денес излегуваат на површина. Наместо да се однесува очајнички, за да присобрери некој поен оти партијата на која е ...
Земјотрес со јачина од 4,3 степени ја погоди областа во близина на Пиза во централна Италија утрово, соопшти италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија. Во соопштението се вели дека земјотресот се случил во 10:15 часот наутро, со епицентар седум километри западно од Пиза, на длабочина од осум километри, објави Анса. Земјотресот бил почувствуван низ северна Тоскана, во соседните провинции Лука и Маса-Карара, како и до ...
Најмалку три лица, меѓу кои и две деца, беа убиени во руски воздушен напад врз Сумската област во североисточна Украина, изјави началникот на Воената администрација на регионот Суми, Олег Григоров. Григоров рече дека девојчињата биле на возраст од пет и 10 години, објави Укринформ. Григоров истакна дека станбените згради биле уништени и оштетени во рускиот напад. Најмалку три лица, меѓу кои и две деца, беа убиени во руски воздушен напад ...
Зголемен е бројот на повици во Итната медицинска помош (ИМП) поради топлото време. Дневно има повеќе од 200 повици кои се однесуваат на интервенции на јавни места поради колапси или во домашни услови поради влошување на здравствена состојба на некои граѓани, изјави Даниел Георгиевски од ИМП. Тој посочи дека бројот на интервенции на јавни места кои се најчесто поради колапси дневно има повеќе во однос на другиот период од годината. – Просечно ...
Современите технологии овозможуваат рударството да се развива со далеку повисоки еколошки стандарди отколку во минатото, смета професорот Горан Начевски. Во своето гостување на Сител ТВ, претседателот на Здружението на металурзи истакна дека секој рударски проект мора да биде придружен со постојан мониторинг на воздухот, водите и почвата. Говорејќи за проектот во Иловица, тој посочи дека инвеститорот направил дополнителни измени токму со цел ...
Центарот за управување со кризи соопшти дека до 7.30 часот утрово се регистрирани 29 пожари на отворен простор, од кои два се активни, а 27 се изгаснати. Активни се пожарите во Општина Кавадарци (помеѓу с. Раец и с. Ќесендре, каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација), како и во Општина Прилеп (ул. „Дебарска“, м.в. Теке (депонија), а другите три правци се изгаснати). Според ЦУК, изгаснати се следните пожари: Општина Бутел – ул. ...
Орце Ѓорѓиевски, еден од најблиските соработници на Мицкоски, исто така е на екскурзија. Како што шефот ја води државата, како на екскурзија, така и Орце го води Скопје – место каде што главна активност се тендерите, велат од СДСМ. – Сѐ уште нема одговор: Колку чинеше AI-решението за билбордот? (Веруваме дека е поскапо од вообичаено, бидејќи коњот на билбордот има пет нозе). Која фирма го работеше? Дали таа фирма има врска со Орце? Како е ...
Пожарите што вчера избувнаа во атарот на селото Раец предизвикаа оштетување на дел од електропреносниот систем, поради што е нарушено редовното снабдување со вода за селото Дреново, информираа утрово од Јавното претпријатие „Комуналец“ – Кавадарци. Како што соопштуваат од претпријатието, поради прекинот во снабдувањето со електрична енергија не е можно нормално функционирање на бунарите од кои се обезбедува вода за селото. – По оваа ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за 41-годишна жителка на Кратово која беше лишена од слобода вчера и за која се водат постапки за спречување на службени лица во вршење службени дејствија и узурпација. Осомничената подолг период, и покрај сите досега преземени мерки, продолжува да го узурпира локалитетот “Куклица“, кој со указ е прогласен за споменик на ...
Поради најавените високи температури до 7 август, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од топлотниот бран, особено во периодот од 11 до 17 часот кога ризикот од изложеност на сонце е најголем. – Кога амбиентниот воздух се приближува или ја надминува нормалната телесна температура од отприлика 36,7°С способноста на човековото тело да се лади слабее. Дополнително, кога релативната влажност ...
Во кавадаречко пожарникарите целата ноќ го гаснеа пожарот кај селото Раец кој е значително намален, но сѐ уште е активен, извести Дирекцијата за заштита и спасување. – Денеска се ангажирани повеќе екипи на два правци: На правецот од с.Дреново кон Ќесендре интервенираат ЈП „Комуналец“ – Кавадарци со една цистерна, еден скип и двајца вработени; МВР со еден џип, еден пинцгауер и четворица вработени, ЈПНШ – подружница „Бор“ Кавадарци со еден ...
Повторно ново ветување. Повторно неисполнето. Повторно водата не е чиста, ниту техничка. Владата сѐ уште не достави официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните на Гостивар ја користат повеќе од една недела е технички исправна. Единствена „потврда“ беше изјавата на Мицкоски. Ништо повеќе. Денес повторно се врши хиперхлорирање, велат од СДСМ. – Кога се прави хиперхлорирање – капењето не е дозволено. Но никој не смее тоа ...
Иран складира центрифуги на планината Пикекс, изјави висок израелски дипломатски извор, кој побара анонимност. Израел не верува дека нуклеарната програма на Иран е целосно уништена, изјави истиот извор за новинарите кои го придружуваа премиерот Бенјамин Нетанјаху за време на неговата посета на Вашингтон и средбата со американскиот претседател Доналд Трамп. Израел ги таргетираше нуклеарните научници, објектите за збогатување ураниум, ...
Бројот на жртви од земјотресите што ја погодија Венецуела во јуни се искачи на повеќе од 6.000, изјави во понеделник претседателот на парламентот на земјата, Хорхе Родригез. Тој рече дека бројот на жртви е 6.125 и дека околу 61.000 луѓе се хоспитализирани, објави Ројтерс. Тој додаде дека околу 16 проценти од урнатините од земјотресот се отстранети. Два земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала ја погодија ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц влегува во можеби најтешкиот период откако ја презеде функцијата, бидејќи исходот од покраинските избори во Саксонија-Анхалт би можел да ја одреди не само иднината на неговиот кабинет, туку и рамнотежата на моќта во рамките на Христијанско-демократската унија. Изборите во оваа источногерманска покраина ќе се одржат на 6 септември, а анкетите покажуваат дека Алтернатива за Германија има повеќе од 40 проценти ...
Московската област утрово беше цел на сериозен напад со беспилотни летала, при што загинаа најмалку пет лица, а шест беа повредени, изјави регионалниот гувернер Андреј Воробјов. По украинскиот напад со беспилотни летала избувнаа неколку пожари во индустриската зона Новоселки. Најголемиот од нив, во магацин, веќе е изгаснат, објави РИА Новости. Оштетени се и клучни инфраструктурни објекти, вклучувајќи електрична трафостаница и административна ...
Најмалку 700 згради се уништени, а повеќе од 60.000 жители се принудени да се евакуираат во близина на Спокејн, државата Вашингтон, во третиот ден од пожарот што уништи најмалку 700 згради и принуди повеќе од 60.000 жители да се евакуираат, соопштија локалните власти. Откако избувнаа во саботата, пожарите околу Спокејн изгореа повеќе од 30 квадратни километри во предградијата на северниот крај на градот со околу 230.000 жители. Наредбата за ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури ќе се движат во интервал од 10 до 20 степени, додека дневните ќе достигнат од 33 до 40 степени Целзиусови. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени. Според прогнозата ...
На граничниот премин „Табановце“ за влез во државата се чека 30 минути, а на „Богородица“ за излез околу еден час, информира АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се препорачува прилагодена брзина на движење, ...
Капетанот на танкер пријавил експлозија во близина на неговиот брод покрај брегот на Оман, соопшти денес Британскиот центар за поморски трговски операции (UKMTO). „Бродот и екипажот се безбедни. На бродовите им се советува да продолжат со претпазливост и се повикуваат да пријават каква било сомнителна активност“, се вели во соопштението на UKMTO. Инцидентот се случил 20 наутички милји (37 километри) североисточно од Хасаб, Оман. Извештајот ...
Унгарија се соочува со критичен петдневен период поради рекордно ниските нивоа на водата во Дунав, кои го загрозуваат работењето на нуклеарната централа Пакш, но единствениот реактор што сè уште работи би можел да продолжи да работи до вторник, изјави денес унгарскиот премиер Петер Маѓар. Маѓар за време на состанокот со унгарските политички лидери изјави дека прогнозите за нивото на водата во Дунав за следните неколку дена станале „нешто ...
Пробниот период на наплата за влез во историскиот центар на Венеција заврши на 26 јули. Системот беше во сила вкупно 60 дена оваа година, а Градската администрација ги објави првите, прелиминарни резултати – издадени се повеќе од 650.000 платени ваучери, а приходите надминаа пет милиони евра. Венеција воведе систем за наплата за влез во историскиот центар на градот во 2024 година. Ова беше постигнато по години дискусии и одложувања. Градот ...
Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман одигра клучна улога во одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја прекине воената ескалација против Иран, додека извештаите за делумно повлекување на американските сили од Кувајт и Бахреин сугерираат пошироко преиспитување на воената стратегија на Вашингтон во Персискиот Залив. „Њујорк тајмс“ објави, повикувајќи се на поранешен висок американски функционер и други извори ...
НАТО и Европската Унија, кои неодамна прогласија нулта толеранција за тероризмот, сега самите станаа дел од терористичките активности, дозволувајќи ѝ на „бандата“ на Владимир Зеленски да дејствува во нивниот центар, изјави Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи за руските медиуми, коментирајќи го нападот на Киев врз Геленџик. Терористичката банда го окупираше украинскиот државен апарат и дејствува во ...
Иранските власти погубија двајца мажи осудени за шпионажа во корист на Израел, објавија денес иранските медиуми. Извештаите велат дека „Омид Бехзад и Пурија Сафват, двајца платеници на ционистичкиот режим“, испратиле координати, слики и информации за воените и безбедносните центри до офицерите на Мосад за време на Рамазанската војна и Дванаесетдневната војна, објави иранската новинска агенција Фарс. Се вели дека погубените мажи добиле ...