Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Американски турист загина откако беше погоден од гром додека се искачуваше на активниот вулкан Етна на Сицилија, објави весникот „Кориере дела сера“. Според извештајот, туристот се обидел да се искачи на вулканот по забранета патека. За време на искачувањето, тој бил зафатен од силно невреме, по што бил погоден од гром. Спасувачките екипи го пронашле туристот во критична состојба. Тој бил евакуиран со хеликоптер и пренесен во болница во ...
Маж од Луизијана (САД) ја застрела и уби својата сопруга, го стави нејзиното тело на совозачкото седиште, а потоа возеше низ неколку сојузни држави сè додека полицијата не го запре при рутинска сообраќајна контрола. Тајрон Бразил (50) е уапсен во четвртокот вечерта откако полицијата го запрел во центарот на Мемфис и ја пронајде неговата 50-годишна сопруга Ланеса Брадфорд мртва, со прострелна рана, на совозачкото седиште, пренесува WREG. ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа се изречени 63 санкции за возење под дејство на алкохол на територија на цела држава, додека лишени од слобода се осум возачи по член 297-а од Кривичниот законик. Во текот на измината вечер (16/17.08.2026) во периодот од 23:00 до 05:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под ...
Досегашниот тек на истрагата, што од февруари годинава се води во ОЈО ГОКК за организиран транспорт на наркотична дрога марихуана од Македонија во Србија, укажува на поширок круг лица инволвирани во организираната криминална активност. Обезбедените докази што произлегуваат од преземените истражни дејствија и меѓународната соработка со надлежните органи на Србија, резултираа со донесување нова Наредба за спроведување истражна постапка против ...
Латвискиот премиер Андрис Кулбергс побара од Европската унија седум милијарди евра за покривање на воените и економските трошоци предизвикани од конфронтацијата на неговата земја со Русија, оценувајќи дека земјите од источното крило на ЕУ го поднесуваат непропорционално големиот дел од товарот во справувањето со Москва. Во интервју за бриселскиот портал „Политико“, Кулбергс изјави дека средствата треба да се обезбедат од следниот ...
Дарко Младиќ, синот на генералот Ратко Младиќ, денеска изјави дека стравува оти неговиот татко неодамна доживеa и трет мозочен удар и оти Меѓународниот механизам во Хаг не го извести семејството за тоа. – Мајка ми и јас сега се подготвуваме за итно патување во Хаг. Веруваме дека татко ми неодамна доживеа трет мозочен удар, а ние не сме известени. Симптомите се слични: тој е многу слаб, едвај може да зборува на телефон, изговара само еден или ...
Опозициската СДСМ објави видео од експлозија на бомба во дворот на извесен М.Б, вработен во МВР. Од партијата тврдат дека тој е „поврзан со кумот на премиерот Христијан Мицкоски“. „Зошто се крие од јавноста? Која е позадината? Утре објавуваме детали кои свиркачи ги доставија до СДСМ“ е ставот на партијата. Опозициската СДСМ објави видео од експлозија на бомба во дворот на извесен М.Б, вработен во МВР. Од партијата тврдат дека тој е ...
Новак Ѓоковиќ (39) во интервју за каталонскиот весник „Спорт“ откри кога планира да ја заврши својата импресивна кариера. Освојувачот на рекордни 24 Грен слем титули и 40 Мастерс турнири ја комплетираше својата колекција на најголеми трофеи во 2024 година во Париз, кога го освои олимпиското злато. Ѓоковиќ истакна дека тоа е круната на неговата кариера. На прашањето дали настапот на следните Олимписки игри во Лос Анџелес во 2028 година е сè ...
Заменик-претседателот на руската либерална партија „Јаблоко“ – Лев Шлосберг денеска е осуден на 11 години и еден месец во казнена колонија поради критиките упатени кон војната во Украина. За време на судењето, Шлосберг ја нарече катастрофа за Русија, војната против Украина, пренесува Ројтерс. Шлосберг беше обвинет за дискредитација на руските вооружени сили и за ширење лажни информации за војската. Во своето завршно обраќање пред судот ...
Иран објави дека постигнал договор со Оман за план за транзит на бродови низ Ормутскиот теснец, кој се наоѓа помеѓу двете земји. Американскиот претседател веднаш реагираше со закана со жестоко бомбардирање. Според официјален Техеран, Иран и Оман сега работат на усогласување на деталите за заедничка изјава, пренесува Ројтерс. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, им рече на новинарите во Техеран дека „е ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју за Ал Џезира ги коментираше тензиите меѓу Турција и Израел, како и можноста за директен воен конфликт со земјата. Turkish President Erdogan on a possible war with Israel: We are not talking about war, we are talking about peace. But if someone is going to attack Türkiye for war and not peace, Türkiye will not hesitate to fight that war and will not run from it. I say this with complete… ...
Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денес изјави дека Брисел подготвува нов пакет санкции против Русија и рече дека сојузниците на Кремљ можат да сметаат на тоа. – Јули беше најсмртоносниот месец за украинските цивили. Русија не победува на бојното поле и затоа сè повеќе насочува ракети кон украинските цивили и инфраструктура. Ова е систематски терор. Русија сака да ги направи украинските ...
Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, вечерва изјави дека Иран извојувал јасна воена и политичка победа над САД и Израел. Соопштението го пренесе иранската новинска агенција Тасним. Галибаф им изјави на новинарите дека Иран останал непоколеблив за време на она што тој го нарече „кукавичка војна“ и постигнал победа на двата фронта. Тој рече дека САД и Израел започнале воена кампања со девет специфични цели, но не ...
Најмалку шест лица се убиени во напад на украинските сили врз регионот Белгород, изјави вршителот на должноста гувернер Александар Шуваев. – Киевските терористи испукаа ракети кон селото Колосково во округот Валујски. Шест цивили беа убиени, а четворица беа повредени, вклучувајќи и едно дете, напиша Шуваев во објава на платформата Макс, објави ТАСС. Порано овој месец, на 9 август, шест лица беа убиени и во напад на украинските сили врз ...
Пет тинејџери загинаа, а четири други лица се повредени во директен судир меѓу два автомобила во округот Килдер, Ирска. Судирот се случи околу три часот по локално време на северната лента на автопатот М9, на раскрсницата три, објави Би-Би-Си. Според полицијата, автомобилот во кој се возеле петте тинејџери се движел по погрешната страна од патот пред да се судри челно со друго возило. Сè уште не е познато што предизвикало автомобилот да ...
Во мај, 1.995 компании поднеле барање за стечај во Германија, што е за два проценти помалку отколку во истиот месец минатата година. Ова е прв пад на годишно ниво од февруари, објави германскиот завод за статистика Дестатис, објави германската новинска агенција (ДПА). Сепак, сликата за првите пет месеци од годината е многу понеповолна. Од јануари до мај, германските општински судови примиле 10.546 барања за стечај, што е за речиси пет ...
Русија може да биде поподготвена за сериозни мировни преговори дури по 2027 година, доколку нејзината војска не успее да ја постигне својата цел за целосна контрола врз Донбас дотогаш, пишува „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на западни претставници и аналитичари. Според весникот, рускиот претседател Владимир Путин изјавил дека Русија мора барем да добие целосна контрола врз Донбас како резултат на војната во Украина. Доколку руската војска не ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека наредил значително намалување на заедничките воени вежби меѓу САД и Јужна Кореја, велејќи дека тие испраќаат „тотално несоодветен и непријателски сигнал“ до Северна Кореја. Трамп ја оправда одлуката со, како што изјави, неговиот „многу добар однос“ со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. „Не сум задоволен од фактот што САД одамна се согласија да учествуваат во заеднички воени вежби со ...
Во граничната област меѓу Хрватска и Србија во близина на Илок избувна пожар, кој ги зафати областите од двете страни на границата, а речиси беше изгаснат со брзата интервенција на пожарникарите, изјави Дарио Бошњак, командант на противпожарната служба во Илок. Пожарот го пријавија полицајци од станицата на хрватската гранична полиција во Илок, пренесува Хина. – Гореше од двете страни на границата и засега не знаеме каде избувнал пожарот. ...
Руска ескорт дама е обвинета за убиство на висок офицер, Роберт Шагеев, кој пребегна од Украина во руската морнарица во 2014 година. Маргарита Ројт, 32, беше уапсена во Севастопол, Крим, откако во експлозија минатиот четврток загина Роберт Шагеев, офицер во руската Црноморска флота, кого Украина го бара за велепредавство, објави „Њујорк пост“. Експлозијата, која наводно била нарачана од Киев, го убила 49-годишниот командант на местото на ...
Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, крајно десничарски член на коалицијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, јавно повика на убивање на „30 до 40“ луѓе во Газа секоја вечер. Israel's Ben Gvir Calls For Nightly Kill Quota In Gaza Ben Gvir: "There are people there who are not alive. They don't need to live. They are not people. I'm doing them a favor by calling them people." He is calling for the killing of 30 to 50 ...
Полициски службеници од Полициската управа во Задар спроведоа кривична истрага против тројца хрватски државјани на возраст од 46, 45 и 42 години и 33-годишна жена, полски државјанин под сомнение дека подметнале пожари на десет локации во Задарската жупанија. Полицијата се сомнева дека сите четири лица, според претходен план и меѓусебен договор, намерно подметнале пожари на вкупно десет локации во Задар и пошироката Задарска жупанија на 14 и ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, повторно апелираше до граѓаните да бидат внимателни и одговорни во текот на летниот период и да не палат оган на отворено поради опасност од предизвикување пожари. При обиколка на подрачје покрај реката Треска, Ангелов преку видео порака покажа огниште за скара поставено во непосредна близина на сува трева и куп суви гранки кои водат кон блиската шума. Тој предупреди ...
Сите градежни зафати во објектот биле изведени нелегално, без проектна документација, без стручен надзор и без одобрение од надлежните институции – истакна вештото лице Маријана Лазаревска на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според неа, промените не можат да се третираат како надградба, доградба или адаптација, туку претставуваат реконструкција, за која е задолжителна целосна законска постапка што во случајот не ...
Да се почитуваат мерките за лична заштита од убоди од комарци, а особено на места на кои има застојана вода во дворови или во нивна непосредба околина. Општините каде е прогласена епидемија ќе добијат СМС пораки со насоки за постапување изработени од Институтот за јавно здравје. Според епидемиолошките очекувања август и септември историски се месеци на врв на вакви епидемии, каква што е западнонилската треска, изјави денеска министерот за ...
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денес изјави дека Канада станала „резервен тим“ на САД во воената агресија против Иран. Портпаролот Багеи рече дека САД ја нарекуваат Канада своја 51-ва земја, воведуваат царини на своите стоки, па дури и се закануваат дека ќе ги казнат за проблеми со животната средина. Тој исто така додаде дека одговорот на Отава е само послушност, според новинската агенција Тасним. ...
Ленс го освои францускиот Суперкуп откако вечерва го победи Пари Сен Жермен со 1-0 на домашен терен. Единствениот гол на натпреварот го постигна Флоријан Товен во 32-та минута. Двата тима го завршија натпреварот со 10 играчи. Килијан Мбапе од Ленс беше исклучен во 39-та минута, додека Нуно Мендес од ПСЖ беше исклучен во 87-та минута. Ленс го освои францускиот Суперкуп откако вечерва го победи Пари Сен Жермен со 1-0 на домашен терен. ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) е известена дека Бугарија вратила 11,6 тони пиперки од Македонија поради зголемено ниво на пестициди. Како што ијзави денеска директорот на АХВ, Оливер Миланов, се чека одлуката дали количините ќе бидат уништени во земјата увозник или кај нас, на Дрисла. – Операторот има право пиперката да биде уништена или да биде вратена и ние заедно со Инспекторатот за земјдоелство да ја уништиме по негово барање ...
Денеска до 13 часот, регистрирани се вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, два се под контрола, а три се изгаснати. Активни пожари (5): Општина Студеничани: с. Моране, с. Вртекица и с. Рамни Габер (мешана шума). Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки). Општини Велес и Зелениково: с. С’лп, м.в. Горно Село (Општина Велес), со проширување кон ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,85% во однос на одлуката од 10.8.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 8,983%, кај дизелот за ...