Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Нова инвестиција на компанијата „Џаво отомотив“ во ТИРЗ Тетово, која се очекува да отвори речиси 500 работни места – објавија денеска премиерот Христијан Мицкоски и министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Како што рекоа Мицкоски и Дурмиши на прес-конференцијата во Владата, инвестицијата вредна 20 до 21 милион евра е уште една потврда за атрактивноста на Македонија како дестинација за странските вложувачи, но и за довербата што тие ја ...
Оркестарот на Филхармонијата на 20 јуни, со почеток во 21 часот, во Градскиот парк ќе ја изведе музичко-сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф. Настанот ќе биде свечена завршница на концертната сезона „Без Филтер“. Во проектот, покрај оркестарот на Филхармонијата, учествуваат и музичари од Софиската филхармонија, Државниот симфониски оркестар од Солун, хорот на МОБ, детскиот хор „Пиколо“ и хорот од Музичкото училиште од Солун. ...
Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење златен накит во вредност од 1,5 милиони денари. Случајот е откриен на влез во државата, на граничниот премин Блаце, кога инспектори од Одделението за оперативни работи, поради основано сомневање, извршија контрола на возило со кое управувал македонски државјанин, соопшти Царинската управа. При контролата е откриено кршено злато и златен накит со вкупна тежина од 324,7 грама, коишто лицето со ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски остро го осуди вчерашниот инцидент со палењето возило во сопственост на Амбасадата на Бугарија во Скопје, нагласувајќи дека насилството нема да биде дозволено ниту толерирано. Во одговор на новинарско прашање на потпишувањето на Декларацијата за намери за превенција на насилството кај младите, Тошковски истакна дека ваквите настани се неприфатливи и дека институциите реагирале навремено. – Осуда ...
Натпросечно топло и посушно лето најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Според анализите, во текот на летото се очекува температурите да достигнат натпросечни вредности на глобално ниво, а не само во југоисточниот дел на Европа. На територијата на Македонија надминувањето на температурите може да достигне и до 3°C, а најголемото позитивно отстапување на температурата на воздухот од повеќегодишниот просек за оваа сезона се очекува да ...
Официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречија увоз на 23.685 килограми замрзнато пилешко месо по потекло од Бразил. Како што информира АХВ, поради непочитување на донесеното решение за забрана за увоз на живи животни, производи и нус производи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високопатогена авијарна инфлуенса ( птичји грип) во земјава, пратката со змрзнатото пилешко месо е ...
Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење златен накит во вредност од 1,5 милиони денари. Случајот е откриен на влез во државата, на граничниот премин Блаце, кога инспектори од Одделението за оперативни работи, поради основано сомневање, извршија контрола на возило со кое управувал македонски државјанин, соопшти Царинската управа. При контролата е откриено кршено злато и златен накит со вкупна тежина од 324,7 грама, коишто лицето со ...
Државната матура оваа година е спроведена во најдобар ред, со значително намален број на случаи на препишување, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. Одговарајќи на новинарско прашање, Јаневска оцени дека организацијата на полагањето била на високо ниво, при што најголемиот дел од учениците испитите ги полагале совесно и без злоупотреби. – Можеме да се пофалиме дека оваа година државната матура помина во најдобар ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Иран нема да добие нуклеарно оружје „без оглед на договор или не“ меѓу САД и Иран, оценувајќи дека спречувањето на иранското нуклеарно оружје е негова „животна мисија“, а во исто време рече дека Израел ќе продолжи да дејствува независно во заштитата на своите безбедносни интереси. Според „Тајмс оф Израел“, Нетанјаху нагласи дека заедничките напади на САД и Израел врз Иран биле успешни, ...
Досега Антикорипцискиот тим на СДСМ има објавено тендерска мрежа тешка над 100 милиони евра. Едни исти омилени фирми на власта добиваат милионски тендери низ институциите и општините под контрола на ВМРО, изјави на прес-конференција Кристијан Дојчиновски од СДСМ. – Ленди Груп за само две години добила 74 тендери, Пирамид Билдинг Солушнс добила 51 тендер, Масев дури 93 тендери. Станува збор за повеќе од 200 тендери доделени на само на 3 ...
Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 11.06 часот во Кина. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во областа со географски координати на географска ширина 37,9396 и географска должина 95,5568, 260 километри југоисточно од Дунгуанг. Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 35 километри под површината ...
Владата најавува нов инвестициски циклус и преговори со компании кои би вложиле околу 300 милиони евра во македонската економија. Но во исто време, проект вреден повеќе од 340 милиони евра веќе со години останува заглавен во административни и правни процедури. Станува збор за рудникот „Иловица-Штука“, чија реализација би можела да донесе значителен извозен потенцијал во време кога цените на бакарот и другите метали достигнуваат високи нивоа ...
Три малолетни деца – петнаесетгодишно девојче и нејзините двајца браќа на возраст од дванесет и девет години, биле пронајдени без реакција на допир на улицата „Професор Мијалковиќ“ во Куманово, информираа од СВР Куманово. Според пријавата, случајот бил евидентиран вчера околу 10:40 часот, а според првичните информации, децата најверојатно биле затруени од вдишување лепак. Тие веднаш биле пренесени во Општата болница во Куманово каде им била ...
Министерство за финансии (МФ) денеска исплати 2.028.714.243 денари субвенции за произведен и предаден тутун од реколта 2025 година, средства наменети за 15.144 тутунопроизводители. – Со исплатата се потврдува определбата на Владата за континуирана и навремена поддршка на земјоделството како една од клучните стопански гранки во државата, со посебен фокус на тутунарството како стратешка и традиционално значајна земјоделска дејност, соопшти МФ. ...
Децата во Македонија се сè поизложени на повеќе климатски закани истовремено. Мнозинството од нив се погодени од топлотни бранови, суши и загаден воздух, според новиот глобален извештај на УНИЦЕФ, се наведува во денешното соопштение. – Извештајот за климатски ризици кај децата за 2026 година открива дека заканите што доаѓаат од климатските промени се широко распространети во Северна Македонија и веќе влијаат врз здравјето, развојот и ...
На ситуацијата на копнените гранични премини со спроведувањето на ЕЕС системот, можноста што европската регулатива ја дава за привремена суспензија на биометриската регистрација, но и на одлуката да се постават модуларни контролни пунктови на Евзони со кои една сообраќајна лента се претвора во две, со цел да се скрати времето на чекање, се осврна заменик-министерот за внатрешни работи на Грција, надлежен за областите Македонија и Тракија ...
Случајот со хирурзите од Струга, кои протестно ги прекинаа планираните операции поради неисплатени надоместоци што им следуваат по закон и колективен договор, отвора сериозни прашања за тоа кој ја мери „продуктивноста“ во здравството или ако нема пациенти дали лекарите треба да останат без плата. Наместо институциите да утврдат каде е проблемот, јавноста добива политички квалификации за тоа кој е продуктивен, а кој не. Хирурзите во Струга ...
СДС нема кредибилитет да зборува за земјоделието затоа што токму нивното седумгодишно владеење остави хаос, долгови и разочарани земјоделци. СДС остави заостанати субвенции кои Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги исплати на земјоделците. Денес се исплаќаат субвенциите од 2025 година кои се тековни. Кога зборуваме за исплатени субвенции од страна на владата на СДС и ДУИ за периодот 2021 -2023 година тогаш доаѓаме до вкупна сума која за 3 години е помала ...
Пискотниците на ДУИ за автопатот Скопје-Блаце имаат само една причина: трасата не поминува таму каде што со години се правеле пресметки и се купувале земјишта со надеж за милионски профити од експропријација. За прв пат добиваат граѓаните, а не партиските интереси, велат од ВЛЕН. – Ова е вистинската причина за нивната врева. Обидот автопатот да служи за индивидуални интереси, а не за интерес на граѓаните, пропадна. Трасата се реализира ...
Конечен договор за прекин на конфликтот меѓу САД и Иран сè уште не е постигнат, објави иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, оценувајќи дека договорот со САД за меморандум за разбирање е важен чекор кон запирање на војната и започнување нови преговори, објавија иранските медиуми. Пезешкијан во објава на социјалната мрежа X изјави дека она што е досега договорено претставува „важен чекор кон запирање на војната и започнување преговори“. ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска изјави дека Иран се согласил дека никогаш нема да поседува нуклеарно оружје и ги отфрли тврдењата дека Соединетите Американски Држави планираат да и платат на земјата 300 милиони долари. – Иран се согласи дека никогаш нема да има нуклеарно оружје. Исто така, приказната дека САД му плаќаат на Иран 300 милиони долари е лажна вест објавена од демократите, рече Трамп во ...
Израелските извозници во Европа рутински го кријат потеклото на производите одгледувани на окупираните палестински територии за да побараат нелегални даночни олеснувања, поттикнувајќи ја економијата на населбите, откри истрагата на група за човекови права. Пратките се намерно погрешно етикетирани, а непрофитната организација „Глобал ехо“ тврди дека ова ја поттикнува економијата на доселениците, објавува „Гардијан“. Легалната непрофитна ...
Европската Унија и Молдавија го отворија првиот преговарачки кластер, таканаречениот „основа“, кој опфаќа клучни области како што се владеењето на правото, демократските институции и економските критериуми, објави ЕУ. Како што е наведено во соопштението, овој кластер претставува прв во преговарачкиот процес и ги опфаќа најважните делови од acquis на Европската Унија, кои се однесуваат на владеењето на правото и основните права, ...
На територијата на државата до 20:00 часот денеска се евидентирани вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, еден е ставен под контрола, а 11 се целосно изгаснати. Како што соопштваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), активен пожар има во општина Бутел и во Визбегово каде гори депонија, додека пак пожарот на градската депонија во Демир Хисар е ставен под контрола. Изгаснати се 11 пожари на различни локации во ...
Една од најголемите сензации на досегашниот тек од Светското првенство ја приреди репрезентацијата на Кабо Верде, која успеа да освои бод против фаворизираната Шпанија играјќи без голови во натпреварот од првото коло во групата Х. Шпанците, кои важат за едни од главните кандидати за светската титула, не успеаа да ја пробијат цврстата одбрана на дебитантот на Мундијалот. И покрај теренската иницијатива и поголемиот посед на топката, ...
Веднаш по пријавата за пожар на две службени возила сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје денеска во 12:13 часот, СВР Скопје презеде интензивни мерки и активности за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот. Во рамки на преземените активности, во краток временски период е идентификувано и пронајдено лицето за кое постои основано сомнение дека го сторило делото, информира МВР. Станува збор за И.Д. (44) од ...
Рускиот суперсоничен бомбардер Ту-22М3 се урна во близина на градот Свиск во Иркутската област во источна Русија, а според првичните информации, тоа бил еден од авионите од кои рано утрово биле лансирани ракети како дел од масовниот комбиниран напад врз украинските градови. Во текот на ноќта, Русија изврши моќен напад врз Украина користејќи дронови за напад и воздушни и копнени ракети од различни видови. Главната цел на овој напад беше Киев, ...
Потпретседателот Џ. Д. Венс изјави во дека САД и Иран „веќе потпишале“ мировен договор со кој се завршува нивната тримесечна војна. Венс изјави за емисијата „Добро утро Америка“ на АБЦ дека договорот е потпишан „дигитално“ пред официјалната церемонија на потпишување закажана за петок во Швајцарија. Не е јасно дали Венс мисли на истиот договор или дали мисли на прелиминарен меморандум за разбирање или рамковен договор. Сепак, фактот дека ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро го осудува инцидентот што се случи денеска, при што беше извршено опожарување возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Министерството во реакцијата исто така информира дека се преземаат соодветни мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот. – Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ...