Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Мексиканскиот инфлуенсер на социјалните мрежи Сезар Гастелум беше застрелан и убиен додека во живо пренесувал настан на кој бил со пријатели пред ресторан за брза храна во градот Кулијакан, на северот од земјата, објавија денеска локалните власти. Гастелум, кој имал речиси 600.000 следбеници на ТикТок и бил познат по своите комични видеа, го емитувал своето обраќање во живо пред ресторан за брза храна во мексиканската држава Синалоа, кога му ...
Осум лица се тешко повредени во верижна сообраќајна несреќа што денеска се случи на регионалниот пат Прилеп–Битола–Охрид, на околу три километри пред влезот во Битола. Според информациите од СВР Битола, во судирот учествувале четири патнички автомобили. На местото веднаш интервенирале повеќе екипи на Итната медицинска помош, кои ги транспортирале повредените во Клиничката болница во Битола, каде им е укажана лекарска помош. Полицијата ...
Денешната прес-конференција на СДСМ е уште еден обид за создавање хистерија и дезинформирање на јавноста. Наместо да понесе одговорност и да се извини за штетата што ја нанесе врз националните и надворешнополитичките позиции на државата, СДСМ повторно пласира груби невистини и конструкции. Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици што СДСМ ѝ ги пласира на јавноста, се вели во реакцијата од ...
СДСМ денеска обвини дека Владата предводена од Христијан Мицкоски подготвува прифаќање на Францускиот предлог и оти, според нивни информации од Брисел, за тоа веќе постои договор со европските партнери. На прес-конференција, членот на Извршниот одбор и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, рече дека „тајниот план“ за кој говорел министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски е „тајна само за гласачите на ВМРО-ДПМНЕ“. ...
Со новата извршна наредба, американскиот претседател Доналд Трамп воведува построги правила за снабдување на воената индустрија со критични минерали. Од почетокот на 2027 година ќе биде дозволена употреба само на суровини произведени во САД или во земји-партнери, додека металите со потекло од Кина, Русија, Иран и Северна Кореја ќе бидат исклучени од синџирот на снабдување. Овој потег дополнително ја засилува глобалната конкуренција за ...
Владата ги отфрли како „невистинити“ и „целосно измислени дезинформации“ обвинувањата што денеска ги изнесе СДСМ во врска со набавката на флаширана вода за граѓаните на Гостивар, оценувајќи дека станува збор за обид за манипулација на јавноста. Во реакцијата се наведува дека СДСМ, како што тврди Владата, во недостаток на аргументи повторно се служи со искривување на фактите и пласирање неточни информации. Од Владата повторуваат дека ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) континуирано ја следи состојбата во регионот и во Европа, како и домашните хидролошки показатели. Според расположливите податоци, состојбата во Македонија е стабилна и во моментов не постојат индикации дека ниските водостои во Европа претставуваат ризик за сигурноста на домашното производство на електрична енергија, велат од МЕРМС. Министерството, заедно со АД ЕСМ, АД МЕПСО ...
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) упати апел до работодавачите да ги почитуваат мерките за безбедност и здравје при работа поради најавените екстремно високи температури. Од ССМ бараат да се намали или, каде што е можно, да се прекине работата на отворено во најтоплиот дел од денот, како и да се обезбедат сите неопходни средства и услови за заштита на животот и здравјето на работниците. Синдикатот потсетува дека треба да се ...
Со свеченото доделување на наградите и проекцијата на македонскиот филм „Диџеј Ахмет “ на режисерот Георги М. Унковски, успешно заврши седмото издание на Галичник Филм Фестивал. Во текот на четирите фестивалски дена, Галичник беше домаќин на филмски автори, гости и љубители на филмот од земјата и странство, кои имаа можност да проследат богата селекција на краткометражни филмови, мастерклас, разговори со автори и придружни фестивалски ...
СДСМ обвини дека Владата, преку Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од околу 100.000 евра, поврзан со состојбата со водоснабдувањето во Гостивар. Од опозициската партија тврдат дека договорот бил склучен по пат на директно договарање, без спроведување јавен оглас. Според СДСМ, договорот е склучен со компанијата „Кожувчанка“, за која наведуваат дека е во сопственост на ...
Вупно 22 пожари на отворен простор се регистрирани изутринава до 07:30 часот, од кои активни нема, под контрола нема, а 22 пожари се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. ЦУК информира дека изгаснатите пожари се во: Општина Чучер Сандево – с. Глуво (ниска вегетација и грмушки); Општина Чучер Сандево – с. Мирковци (ниска вегетација и грмушки); Општина Чучер Сандево – с. Кучевишка Бара (ниска вегетација и грмушки); Општина Карпош ...
Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со една од најважните одлуки во својот втор мандат, а начинот на кој ќе го води конфликтот со Иран би можел да го одреди неговото политичко наследство, оценува Си-Ен-Ен во опширна анализа. Телевизијата наведува дека историјата би можела одлуката на Трамп да влезе во војна со Иран да ја запамети како грешка што ќе го дефинира неговото претседателствување. Сепак, засега е избегнато најопасното ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Ормутскиот теснец „многу брзо“ повторно ќе биде отворен за пловидба, а во спротивно Иран ќе се соочи со „тежок удар“. Во изјава за „Фокс њуз“, Трамп рече дека разговорите со Техеран се одвиваат добро и дека Иран има интерес да постигне договор. „Водиме многу добри разговори. Иран сака договор. Имам време“, изјави Трамп од Калифорнија, осврнувајќи се на конфликтот што трае повеќе од пет ...
Во руски напад со балистички ракети и беспилотни летала врз Киев и околината загинаа најмалку 15 лица, а 51 се повредени, соопштија украинските власти. Во текот на ноќта избувнаа повеќе пожари во главниот град и неговите предградија, а спасувачките екипи сè уште трагаат по затрупани лица. Државната служба за вонредни состојби на Украина (ДСНС) соопшти дека во Киевската област загинале 14 лица, а 27 се повредени. Материјална штета е пријавена ...
Македонија и денеска останува под влијание на топлотен бран, а според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во делови од земјата температурата ќе достигне до 40 степени Целзиусови. Времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 12 до 19 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 33 и 40 степени. Во Скопје се очекува сончево и ...
Во руски напад со балистички ракети и беспилотни летала врз Киев и околината загинаа најмалку 15 лица, а 51 се повредени, соопштија украинските власти. Во текот на ноќта избувнаа повеќе пожари во главниот град и неговите предградија, а спасувачките екипи сè уште трагаат по затрупани лица. Државната служба за вонредни состојби на Украина (ДСНС) соопшти дека во Киевската област загинале 14 лица, а 27 се повредени. Материјална штета е пријавена ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва во Мркоњиќ Град се обрати на централната церемонија по повод Денот на сеќавање на жртвите и прогонетите во хрватската воена операција „Олуја“, порачувајќи дека Србија повеќе нема да дозволи прогон и злосторства врз српскиот народ. Во говорот, Вучиќ се осврна на страдањата на Србите за време на операцијата „Олуја“ во 1995 година и на жртвите од претходните војни, оценувајќи дека тие не смеат да ...
Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека два турски цивилни брода – „Јашар“ и „Надежда“ – биле нападнати со беспилотни летала во Црното Море, при што се повредени повеќе членови на екипажот, меѓу кои и турски државјани. Според соопштението, бродовите биле цел на напад непосредно откако синоќа го напуштиле руското пристаниште Новоросијск. Турските власти наведуваат дека безбедноста на нивните граѓани е приоритет и дека ...
Продавач на зеленчук од украинскиот град Херсон, кој беше ранет во напад со руски дрон, сведочеше за моментите кога беспилотното летало го следеше и нападна додека го подготвуваше својот штанд на пазарот. Педесет и двегодишниот Јуриј, кој се лекува во болница, изјави дека заедно со сопругата го ределе зеленчукот за продажба кога го слушнале зуењето на дрон што им се приближувал. „Почнавме да го подготвуваме штандот. Го слушнавме зуењето, но ...
Изјавата на министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез, дека српскиот претседател Александар Вучиќ „научил дека Дрина сепак е граница“, предизвика остри реакции од српските власти и отвори нова политичка расправија меѓу Белград и Сараево. Повод за изјавата беше интервенцијата на специјалната единица на полицијата на Среднобосанскиот кантон во близина на Бугојно, каде што биле забележани вооружени лица кои, според локалните ...
На територијата на државава заклучно со 18 часот регистрирани се вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, четири се под контрола, а девет се изгаснати. Активен пожар има во Стопански Двор, Општина Ѓорче Петров каде гори сува трева и грмушки, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Под контрола се ставени пожарите во Општина Кавадарци кај селата Раец, Ќесендре и Дреново каде гореше нискостеблеста шума и ниска ...
Паче Тошковски, министер за внатрешни работи, најави „почести анализи“ на водата во Гостивар.Министер за полиција ќе ја проверува водата? Каде е министерот за здравство Клековски? И тој е на екскурзија како Мицкоски? Нема место на светот каде министер за полиција што до вчера се занимаваше со хиперхлорирање, денеска станува стручњак за анализи на вода. Што работеа досега, реагираат од СДСМ. Зошто дури сега најавуваат анализи? Водата беше ...
Дванаесетгодишно момче од Мароко, низ солзи и со молби упатени до шпанските војници – „Ве молам, чичко, ќе ви ја бакнам главата, немојте да ме враќате“ – стана симбол на хуманитарната криза што ја погоди шпанската енклава Сеута по последниот бран мигранти. Речиси една седмица по масовниот прилив на мигранти, во Сеута останале околу 1.000 малолетници без придружба на родители или старатели, додека властите се обидуваат да одговорат на ...
Водата од водоводот во Гостивар сè уште не е за пиење, останува да се употребува како техничка, изјави попладнево на прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по состанокот на Главниот штаб за кризи што тој го предводи. Како што рече, договорено било како ќе се одвиваат следните испитувања и дека тие ќе бидат почести, односно ќе се зголеми континуитетот на мерења на клвалитетот на водата од страна на повеќе ...
Телото на Луиџи Кавалари (84), сопруг на италијанската министерка за семејство Еуџенија Рочела, денеска беше пронајдено во езерото Вико во италијанската покраина Витербо, повеќе од еден месец откако исчезна за време на капење. Кавалари исчезна на 27 јуни, откако скокнал во езерото. Неговото тело утрово го пронашле полициски нуркачи по обемна потрага што траела повеќе од еден месец. Телото било извлечено на брегот, а официјалната ...
Во 6:30 часот наутро, во населба која локалните власти ја сметале за релативно безбедна, руски FPV-дрон нападнал цивил на пазар во украинскиот град Херсон. Според информациите, цел на нападот бил 52-годишниот продавач Јури, кој бил повреден додека работел на пазарот. Станува збор за FPV (First Person View) дрон, со кој операторот во реално време ја следи целта преку камера, што значи дека јасно може да види кого напаѓа. Токму поради тоа, ...
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во понеделник изјави дека неговата земја ќе ги брани своите граници, но нема да се стреми да шири војна. Пезешкијан нагласи дека Иран мора да се фокусира на внатрешна сила и единство, објави иранскиот државен радиодифузер ИРИБ. „Во овие околности, мора да се стремиме да изградиме општество во кое непријателот не може да има предаторски намери, не може да се инфилтрира, ниту пак може да ја распарчи и ...
Јеменското бунтовничко движење Хути соопшти дека извршило напад со беспилотно летало врз она што го нарече „чувствителна цел“ на аеродромот Наџран во јужна Саудиска Арабија, како одговор на наводните нарушувања на јеменскиот воздушен простор од страна на саудиските беспилотни летала. Scenes from the Yemeni response to Najran Airport💪. pic.twitter.com/Hkb5Yrf2uA — Yemen in English (@YemenEnglish_ye) August 4, 2026 Портпаролот на војската на ...
Според објавите на социјалните мрежи, американските и саудиските сили извршиле напади врз јеменските Хути. Според снимките од социјалната мрежа X, погоден е и главниот град Сана. Имено, како што понатаму се наведува, наводно биле погодени позициите што ги користат Хутите, кои се сојузници на Иран. 🚨 New: Looks Saudi Arabia & The United States launched fresh operation against Iran backed Houthis ! Initial reports suggest multiple ...
Уште едно лице, на возраст од 76 години, кај кое е потврдено воспаление на мозокот и мозочните обвивки од вирусно потекло, како и позитивна серологија од серум за вирусот западен нил е хоспитализирано во текот на изминатото денонокие на Клиниката за инфективни болести. Со тоа вкупно седум пациенти се водат како клинички суспектни, а кај 10 е потврдено присуството на западнонилска треска од кои тројца се во критична состојба на Одделот за ...