Стојна Димитровска позната како жената која нелегално наплаќаше влезници на туристи за Кулкино заработи мерка притвор која и ја изрече судот, а по предлог на обвинителството. Во официјалниот допис од ОЈО наведуваат: ОЈО - Јавниот обвинител , го имаше предвид и фактот дека против ова лице веќе е во тек постапка за продолжено кривично дело узурпација на локалитетот Куклица во која и се изречени мерки на претпазливост , вклучително и забрана да ...

Завршен е вонредниот надзор во штипската и струмичката болница, а денеска ќе заврши и контролата во Универзитетската клиника за неврологија. Од здравствениот инспекторат за ТВ 24 велат дека утре ќе го комплетираат извештајот за 19 годишната Станка Михајлова, која по царски рез остана неподвижна. Инспекторатот ќе треба да утврди дали имало некакви пропусти во третманот на 19 годишната Михајлова од Струмица – мајка на две деца. Надзорот го ...

Продолжува битката со пожарите. Втор ден гори во близина на Кавадарци. Огнената стихија е под контрола но поради високите температури, постои опасност од повторно активирање на поединечни жаришта. Зафатена е површина од неколку километри, претежно нискостеблеста шума и ниска вегетација, а во гаснењето покрај противпожарни екипи од Кавадарци и Неготино, помагаат и армиски и полициски хеликоптери како и ер трактори... Стојанче Ангелов - ...

Високите температури, сушата и пожарите ги погодија Европа и Балканот. Нискиот водостој на Дунав создава проблеми за енергетиката – Романија минира карпи за да го расчисти коритото и да ја спаси нуклеарката Чернавода, додека Унгарија целосно ја исклучи нуклеарната централа „Пакш“. Петар Маѓар, премиер на Унгарија „Мораме постојано да го следиме енергетскиот биланс од час во час. И доколку е потребно, ако намалувањето на доброволната ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во периодот од 1 до 31 јули годинава како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 20.976 издадени платни налози, 4.241 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Како што посочуваат од МВР, лишени од слобода за безобѕирно управување на ...

До 13:00 часот во земјава се регистрирани пет пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а четири се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен е пожарот во Општина Кавадарци - села Раец, Ќесендре и Дреново, каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација. Изгаснати се пожарите во Општина Прилеп, ул. „Дебарска“, кај м.в. Теќе каде е зафатена депонија, Општина Теарце - села Шемшово и Сиричино каде гори ѓубре, ...

Главниот штаб за кризи попладнево ќе одржи седница посветена на состојбата со водата во Гостивар. На седницата, како што се наведува во најавата ќе присуствува и раководителот на управувачкиот комитет и министер за внатрешни работи Панче Тошковски, со претставници на сите релевантни фактори поврзани со кризната состојба со водата од градскиот водовод во Гостивар... Главниот штаб за кризи попладнево ќе одржи седница посветена на состојбата со ...

Хипокритот Филипче да не глуми како во политиката да е од вчера и да дава лицемерни изјави и да се однесува како јавноста да страда од колективна амнезија, велат од ВМРО ДПМНЕ. Постојат документи од кога Филипче беше дел од владата на Зоран Заев и министер за здравство, документи кои укажуваат на сериозни проблеми и нерегуларности. Наместо да се однесува очајнички, сега е должен да и одговори на јавноста зошто кога бил министер молчел, а ...

Пожарот во кавадаречкиот регион и натаму е активен, но неговиот интензитет е значително намален по целоноќната интервенција на пожарникарите, информираа од Дирекцијата за заштита и спасување... Од ДЗС и Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопштија дека од 6 часот утрово на терен се ангажирани повеќе екипи кои дејствуваат на два правци за локализирање на пожарот во Општина Кавадарци... Центарот за управување со кризи соопшти дека се ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за 41-годишна жителка на Кратово која беше лишена од слобода вчера и за која се водат постапки за спречување на службени лица во вршење службени дејствија и узурпација... Осомничената подолг период, и покрај сите досега преземени мерки, продолжуваше да го узурпира локалитетот „Куклица“, кој со указ е прогласен за споменик ...

Ова е последна шанса за иранскиот режим да потпише добар документ, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, алудирајќи на потенцијален договор меѓу Иран и САД. За време на обраќањето пред новинарите во Белата куќа, синоќа, Трамп рече дека преговорите „се во тек“ и дека тие „се движат брзо, на еден или друг начин“, објави Скај Њуз. САД, потенцира тој, се подготвени да го нападнат Иран „посилно од кој било воен напад од Втората светска ...

Данска денеска го продолжи траењето на воената служба од четири на 11 месеци, што е речиси трипати подолго од претходно, во рамките на зајакнувањето на одбранбените капацитети поради војната во Украина. Околу 1.600 млади Данци вчера ја почнаа воената служба според новата програма, јавија локалните медиуми. Воената служба во Данска е главно доброволна. Младите кои ги исполнуваат условите прво сами се пријавуваат, додека во ретки случаи, кога ...

Три кандидатки за функцијата генерален секретар на Обединетите нации истакнаа дека фокусот на нивната работа на оваа функција, доколку бидат избрани, ќе биде борбата против криминалот. Трите кандидатки говореа за време на настан во Монтевидео, Уругвај. Костариканката Ребека Гринспан, Марија Фернанда Еспиносаод Еквадор и Керолин Родригес-Биркет од Гвајана ги претставија своите изборни програми. - Ние сме регион на мирот, зафатен од насилството ...

Центарот за управување со кризи соопшти дека до 07:30 часот утрово се регистрирани 29 пожари на отворен простор, од кои два се активни, а 27 се изгаснати. Активни се пожарите во Општина Кавадарци (помеѓу с. Раец и с. Ќесендре, каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација), како и во Општина Прилеп (ул. „Дебарска“, м.в. Теке (депонија), а другите три правци се изгаснати). Според ЦУК, изгаснати се следните пожари: Општина Бутел – ул. ...

Поради најавените високи температури до 7 август, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита од топлотниот бран, особено во периодот од 11 до 17 часот кога ризикот од изложеност на сонце е најголем. - Кога амбиентниот воздух се приближува или ја надминува нормалната телесна температура од отприлика 36,7°С способноста на човековото тело да се лади слабее. Дополнително, кога релативната влажност ...

Бројот загинати во двојните земјотреси што ја погодија Венецуела кон крајот на јуни се искачи на повеќе од шест илјади. Според најновите податоци на претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригез, досега се потврдени 6.125 жртви. Се очекува бројот на загинати дополнително да расте, бидејќи според неофицијални проценки меѓу 17.000 и 29.500 лица се уште се водат како исчезнати. Родригез изјави дека расчистувањето на урнатините ...

Најмалку тројца членови на екипажот се тешко повредени во напад со дронови извршен врз турски товарен брод во Црното Море. Генералната дирекција за поморски работи на Турција синоќа соопшти дека бродот „Надежда“ бил погоден на околу 20 наутички милји (37 километри) од руското пристаниште Новоросијск, додека пловел кон турскиот град Самсун Турските власти не наведоа кој стои зад нападот. Турските медиуми, повикувајќи се на изјава на капетанот ...

Шумските пожари кои веќе трет ден горат на периферијата на Спокен во американската сојузна држава Вашингтон уништија најмалку 700 објекти и принудија 64.000 луѓе на евакуација, соопштија денеска локалните власти. Три пожари во областа се прогласени за највисок приоритет за гаснење во САД, вклучително и пацифичкиот северозапад, кој е погоден од суша, каде голем број пожари веќе со недели горат и го влошуваат квалитетот на воздухот во ...

Министрите за внатрешни работи и правосудство на земјите членки на Европската Унија денеска ќе одржат вонреден состанок преку видеоконференција за да разговараат за масовниот влез на мигранти во шпанската ексклава Сеута. Ирска, која моментално претседава со Советот на ЕУ, соопшти дека го свикала состанокот на Советот на ЕУ за правосудство и внатрешни работи, а со состанокот ќе претседава ирскиот министер за правда, внатрешни работи и ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури ќе се движат во интервал од 10 до 20 степени, додека дневните ќе достигнат од 33 до 40 степени Целзиусови. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени. Според прогнозата ...

На граничниот премин „Табановце“ за влез во државата се чека 30 минути, а на „Богородица“ за излез околу еден час, информира АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се препорачува прилагодена брзина на движење, ...

Летото во Охрид и оваа сезона ја донесе веќе познатата слика на социјалните мрежи – фотографии од фискални сметки за кафе, вода, паркинг и лежалки, проследени со бурни дебати. Додека за едни цените се отидени „во плафон“, за други се сосема реални па и најниски во споредба со регионот.Но, стручната јавност го пренасочува фокусот од самата цена кон нешто многу поважно – квалитетот на услугата односно дека вистинскиот проблем не е во бројките ...

Не треба да се бараат гаранции од ЕУ, потребно е да се направат внатрешни заштитни механизми, кои ќе гарантираат дека евентуалните уставни измени за внесување на Бугарите во уставот, нема да бидат неповратни. Нашиот уставен систем е таков што – еднаш кога ќе се направат уставни измени, потоа е политички не можно да се вратат назад. Потребно ни е бадентерово мнозинство и кога еднаш ќе се направи после тоа станува иреверзибилно. Да се најде ...

Дискусија за состојбите во СДСМ, адресирање на стратегијата на опозицијата, која во моментов не може да биде реален конкурент на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, но и дебата со таканаречениот независен кампус, кој би сакале да го придобијат во своите редови – ова, според дел од фронтмените на иницијативата „12:05“, е целта на средбите што досега дел од поранешните функционери на СДСМ, Игор Ивановски, Андреј Петров, Емилијан Станковиќ и Никола ...

Опасната бактерија Псевдомонас аеругиноса, која е отпорна на антибиотици и предизвикува инфекции на кожата, очите и ушите, а особено е опасна за лицата со нарушен имунитет, е потврдена во гостиварскиот водовод, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според него, медицинските докази укажуваат дека кај чувствителни лица бактеријата може да предизвика и инфекции на уринарниот тракт и на белите дробови. ...

Владата да не бара гаранции од ЕУ - потребен е механизам што ќе овозможи уставните измени да не бидат неповратни. Ова го анализира професорот по политички науки Огнен Вангелов во интервју за ТВ 24. Според него, ако еднаш се усвојат уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот, за кои е потребно Бадентерово мнозинство, нивното поништување би било политички невозможно. Вангелов, смета дека уставните експерти треба да најдат механизам со ...

Вонредни надзори во струмичката болница, Клиничката болница во Штип и Универзитетската клиника за неврологија во Скопје - Министерството за здравство го истражува случајот со 19 годишната Станка Михајлова, која што според тврдењата на семејството останала неподвижна по породувањето со царски рез. Случајот ќе биде разгледан темелно, професионално и до крај, а доколку се утврдат пропусти, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно законските ...

Дискусија за состојбите во СДСМ, адресирање на стратегијата на опозицијата, која во моментов не може да биде реален конкурент на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, но и дебата со таканаречениот независен кампус, кој би сакале да го придобијат во своите редови – ова, според дел од фронтмените на иницијативата „12:05“, е целта на средбите што досега дел од поранешните функционери на СДСМ, Игор Ивановски, Андреј Петров, Емилијан Станковиќ и Никола ...

Опасната бактерија Псевдомонас аеругиноса, која е отпорна на антибиотици и предизвикува инфекции на кожата, очите и ушите, а особено е опасна за лицата со нарушен имунитет, е потврдена во гостиварскиот водовод, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според него, медицинските докази укажуваат дека кај чувствителни лица бактеријата може да предизвика и инфекции на уринарниот тракт и на белите дробови. ...

Добитникот на златниот медал на престижниот Меѓународен пијанистички натпревар „Ван Клајбурн“, украинскиот пијанист Вадим Холоденко, вечерва ќе настапи на фестивалот „Охридско лето“. Холоденко важи за еден од најистакнатите пијанисти на својата генерација. По освојувањето на златниот медал на натпреварот „Ван Клајбурн“ во 2013 година, тој изгради успешна меѓународна кариера, настапувајќи со водечки оркестри и во најреномираните концертни сали ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
2.06
23%
1014
weather icon

Белград

32ᴼ / 30ᴼ
7.2
33%
1016
weather icon

Загреб

34ᴼ / 32ᴼ
3.6
25%
1015
weather icon

Софија

26ᴼ / 25ᴼ
5.14
30%
1017
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
4.67
24%
1017
weather icon

Љубљана

33ᴼ / 32ᴼ
2.06
27%
1016
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
8.49
44%
1014
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
5.14
31%
1013
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
3.09
21%
1012
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
4.02
29%
1018
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 32ᴼ
3.6
22%
1016
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 26ᴼ
13.38
71%
1015
Currency

61.4762

Currency

53.2218

Currency

72.0205

Currency

37.6704

Currency

38.3539

Currency

65.3905

Currency

7.89266

Currency

0.63222

Currency

0.33409

Currency

0.52502

Currency

1.11186

Currency

0.55759

Калај

56.34

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Родиум

282926.57

Алуминиум

3.25

Рутениум

53852.50

Платина

56103.05

Злато

140678.81

Кобалт

45.39

Сребро

2080.30

Паладиум

41731.67

Бакар

13.28