Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Соопштение за јавност на ЛДП: Додека западнонилската треска се шири, имаме заболени и веќе еден починат пациент, надлежните институции повторно се однесуваат како проблемот да ќе исчезне ако доволно долго молчат. Ова не е тема за бирократски соопштенија и префрлање на топката од една институција на друга. Ова е јавно здравје и човечки животи. Според досега објавените информации, епидемија е прогласена во Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, ...
Македонија денеска одбележува 25 години од потпишувањето на Охридскиот мировен договор потпишан меѓу тогашните најголеми политички партии во присуство на специјалните претставници од Европската унија и САД, Франсоа Леотар и Хавиер Солана и Питер Фејт и Џејмс Пердју. Договорот беше потпишан за време на конфликтот во 2001 година меѓу македонските вооружени сили и албанската ОНА со кој се стави крај на воениот конфликт. Преговорите траеја во ...
Без вода денеска од 8:30 часот ќе останат дел од корисниците на улиците „Васил Ѓоргов“ и „Народен фронт“ во Општина Центар поради дефект на водоводната мрежа. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“, прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „Васил Ѓоргов“ број 20. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на санацијата на дефектот Без вода денеска од 8:30 ...
Соопштение за јавност на Левица: Мицкоски гордо зборува за некакви стратегии и механизми со кои Владата наводно спречила сушно сценарио и обезбедила вода во Тиквешката акумулација. Реалноста кај Возарци е до тој степен апсурдна што буквално може да се нарече политичка сатира – водата во езерото се задржува затоа што не смее да се испушта низ Црна Река и дополнително да ги натопува и еродира веќе поткопаните фундаменти на мостовите. Она ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Талогот во СДС го надмина секое дно, одредени центри блиски до СДС шират паника во Скопје обидувајќи се вештачки да креираат криза, хистерија и паника кај граѓаните дека водата е контаминирана и загадена. СДС шират паника по социјалните мрежи преку лажни пораки од активисти на СДС дека наводно во водата имало бактерии, дека е контаминирана и загадена со цел да создадат паника кај населението и поради ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Граѓаните се соочуваат со здравствени последици од труење со вода, со небезбедна вода во над 50 населени места, со загадени реки а сега и со епидемија од западно нилска треска. Што прави премиерот и министрите во Владата? Прмеиерот Мицкоски е на екскурзија. Министерот за полиција Панче Тошковски, беше задолжен за хиперхлокирање на водата во Гостивар и чистење на цевките. Сега Тимчо Муцунски – министер за ...
Украина има само една десетина од пресретнувачките ракети што итно ѝ се потребни од Соединетите Држави за да ги запре сè поинтензивните руски напади со балистички ракети, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека секојдневно води „милиони“ телефонски повици и доверливи разговори со сојузниците за да обезбеди дополнителни залихи. „Оваа година имаме два и пол пати помалку пресретнувачи отколку што имавме во 2025 ...
Центарот за управување со кризи инфомира дека на ден 13.08.2026 година, до 07:30 часот, регистрирани се вкупно 51 пожар на отворен простор. Од нив, пет пожари се активни, четири се под контрола, а 42 се изгаснати. Активни пожари има во: Општина Студеничани – над с. Моране, Вртекица и Рамни Габер (мешана шума). Општина Босилово – с. Старо Балдовци (ниска вегетација и шамак). Општина Новаци – с. Маково (ниска вегетација). Општина Крива ...
Аеродромот во Катанија ќе остане затворен до два часа по полноќ во петок поради активноста на вулканот Етна, јави германската агенција ДПА. Затворањето на аеродромот беше повторно продолжено во среда, само неколку часа откако компанијата што го управува соопшти дека летовите ќе останат суспендирани до четврток во 16 часот. Не се исклучени понатамошни продолжувања. Прекинот се случи во средината на врвот на туристичката сезона, погодувајќи ...
Пожарот кој се прошири од правец на селото Моране зафати дел од подрачјето на селото Габер, каде што противпожарните екипи во текот на целиот ден водеа борба со огнената стихија. Поради тешкиот и непристапен терен, во гаснењето од воздух беа вклучени и три авиони „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување. На терен во Габер е директорот на Центарот за управување со кризи, заедно со командантот на Противпожарната бригада на Град ...
Повеќе лица попладнево биле повикани на информативен разговор во полициска станица по ширењето информации дека водата за пиење во Скопје наводно е загадена со бактеријата ешерихија коли, јавува телевизија Сител. Информациите што се проширија меѓу граѓаните и на социјалните мрежи предизвикаа вознемиреност и загриженост околу безбедноста на водата за пиење во главниот град. Според информациите објавени вечерва, Министерството за внатрешни ...
Владата утре, 13 август, ќе одржи свечена седница по повод одбележувањето на 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Свечената седница ќе започне во 11 часот и ќе се одржи во Свечената сала на Владата. Како што е најавено, на седницата ќе се обратат Беким Сали, прв заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, и Александар Николоски, заменик-претседател на Владата и министер за транспорт. Настанот ...
Македонија денеска се соочува со најголем број истовремено активни пожари ова лето. Според информациите до 17 часот на 12 август, на територијата на државата се активни вкупно 21 пожар. Пожарите се регистрирани во повеќе општини, а гори ниска вегетација, шума, грмушки, ниви и други површини. Сите расположливи екипи се на терен и интервенираат на погодените локации. Еден од пожарите е во Општина Македонски Брод, на местото Видуш во близина ...
Соопштение за јавност на ДОМ: Од 13 август до 14 септември 2026 година граѓаните ќе имаат можност да учествуваат во јавната анкета за Нацрт-Деталниот урбанистички план за Градска четврт Ј 05 – „Барутана”, со кој се предвидува нова градба на падините на Водно. ДОМ ги повикува сите граѓани на Центар, но и сите скопјани кои го чувствуваат Водно како заедничко природно богатство на градот, да се вклучат во јавната анкета и да ги достават ...
Водата од градскиот водоснабдителен систем во Скопје е микробиолошки исправна и безбедна за пиење, покажуваат најновите лабораториски испитувања спроведени од Секторот за санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Според Извештајот од тестирање бр. 6637, изработен на 11 август 2026 година, испитаниот примерок земен од водоснабдителниот систем на Град Скопје, на локацијата кај Пивара, ги исполнува пропишаните стандарди за ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја изрече првата глоба за напуштање новородени животни во Македонија. Скопјанец кој оставил легло со мали мачиња во парк во близина на трговски центар е казнет со 550 евра во денарска противвредност. Случајот бил откриен благодарение на граѓанин кој го забележал напуштањето на животните и го пријавил до ЈП „Лајка“. Тој доставил и фотографии и видеоснимки со кои било документирано оставањето на ...
Соопштение за јавност на Левица: Орце Ѓорѓиевски денес повторно покажа дека функцијата градоначалник ја разбира првенствено како ПР-платформа за лична промоција и партиски пресметки. Од непроверена порака што кружеше низ преписки за наводна неисправност на водата, успеа да произведе политички спектакл, да ги прогласи скопјани за хистерични и да ја обвини опозицијата дека е единствениот причинител на недовербата на граѓаните во власта. ...
Во пресрет на Денот на рударите, македонското рударство се соочува со двоен проблем – бројот на работниците во секторот се намалува, а новите инвестиции и работни места изостануваат. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во индустријата во јуни 2026 година е намален за 2,3% во однос на истиот месец лани. Најголемиот пад е регистриран токму во секторот „Рударство и вадење камен“. „Бројот на ...
Интензивна борба со шумскиот пожар што избувна во близина на селото Моране, во општина Студеничани. Поради тешко пристапниот и ризичен терен, во гаснењето се вклучени и воздухопловни сили, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Bu gönderiyi Instagram'da gör 24 info (@24info.mk)'in paylaştığı bir gönderi Во операцијата се ангажирани три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, кои од воздух дејствуваат врз огнените жаришта. ...
Трагичен настан е регистриран во прилепското село Беровци, каде што 68-годишен маж бил пронајден починат со прострелна рана во пределот на градниот кош. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера во 07:33 часот во СВР Битола, А.В. од село Беровци пријавил дека во нива во атарот на селото го пронашол својот татко С.В.(68), кој не давал знаци на живот и имал прострелна рана во пределот на градниот кош. На местото ...
19-годишен жител на Тетово е пријавен за исчезнат, откако неговата баба пријавила во полиција дека се оддалечил од домот и оттогаш не е пронајден. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 11 август во 16:30 часот во СВР Тетово. З.А.(64) пријавила дека нејзиниот внук С.А.(19) на 10 август се оддалечил од домот, по што му се губи трагата. Од МВР информираат дека се преземаат мерки и активности за ...
Прогласувањето епидемија на Западно-нилска треска во одредено место, значи дека е утврдено ширење на инфекцијата во таа област и дека ризикот за населението е поголем од вообичаено. Прогласувањето епидемија е пред сè јавно-здравствена и административна мерка за организирано справување со заразна болест, а не нужно знак дека постои непосредна опасност за населението. Тоа не значи дека сите жители се заразени, ниту автоматски значи дека ...
Бесим Красниќи од скопското село Кондово, кој издржувал затворска казна во КПУ „Идризово“, не се вратил во затвор откако му истекол одобрениот 30-дневен прекин на издржувањето на казната поради лекување. Откако судот го одбил неговото барање прекинот да биде продолжен, Красниќи не се појавил повторно во затворската установа, по што била издадена наредба за негово приведување. Красниќи во „Идризово“ беше спроведен во 2024 година за да го ...
Почина 83-годишен пациент кој бил заразен со вирусот на западнонилска треска. Според информациите, пациентот имал и повеќе хронични заболувања. Смртниот случај доаѓа во период кога во Скопје е регистриран зголемен број заболени, а Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје – Скопје прогласија епидемија на западнонилска треска во повеќе делови од главниот град. Според информациите, епидемијата е прогласена на подрачјата на ...
Во Европската Унија од денеска на сила се новите регулативи за амбалажа и амбалажен отпад, а една од најзначајните промени се однесува на таканаречените PFAS-соединенија во амбалажата за храна. Промената особено ќе влијае врз амбалажата што потрошувачите секојдневно ја добиваат со храната за носење, како што се кутиите за хамбургери и помфрит, кесите за ќебапи и хартијата за пекарски производи. Соединенијата PFAS се користат во таквата ...
Москва ќе возврати доколку западните земји запленат руски трговски бродови – изјави рускиот претседател Владимир Путин, пренесе новинската агенција ТАСС. – Ако овие планови бидат спроведени, ќе мораме да возвратиме на ист начин – рече Путин, реагирајќи на мерките што ги одобри Европската Унија, а кои им овозможуваат на земјите-членки да го конфискуваат и продадат товарот од руските бродови од т.н. „флота во сенка“ кои ги прекршуваат ...
Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас за да ги провери информациите за енормно загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче. Надлежен јавен обвинител ќе ги координира активностите на Државниот инспекторат за животна средина и надлежните инспекциски служби со цел да се извршат проверки во однос на потеклото на депонијата, како и можните последици. Доколку бидат утврдени ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро ги демантира пласираните дезинформации во јавноста дека водата од скопскиот водоснабдителен систем е небезнедена за пиење поради наводно присуство на бактерија Escherichia coli. „Како одговорна институција ја информираме јaвноста дека АХВ до овој момент нема добиено известување од скопското јавно комунално претпријатије за незадоволителен резултат од лабораториско тестирање на водата за ...
На 11.08.2026 во СВР Скопје 36-годишна жена пријави дека 15-годишен малолетник, кој од претходно се познавал со нејзината малолетна ќерка, објавил слики со експлицитна содржина на социјални мрежи од нејзината ќерка. Со малолетникот бил извршен службен разговор во полициска станица во присуство на родител и адвокат и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 11.08.2026 во СВР Скопје 36-годишна жена пријави ...
По информациите и шпекулациите што се проширија на социјалните мрежи дека водата од скопскиот водовод наводно не е исправна за пиење, директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана, вели дека на Клиниката нема податоци за пациенти со гастроинтестинални проблеми предизвикани од консумирање на водата. Според Цана, во овој период има зголемен број пациенти, што е вообичаено во услови на високи летни температури, но бројките не ...