Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Денеска (26.06.2026) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на официјалното затворање на Регионалниот специјализиран квалификациски курс за К9 единици, организиран во рамките на проектот „Поддршка на националните власти на Република Северна Македонија во намалување на ризикот од пролиферација на оружје и злоупотреба на мало и лесно оружје”, што се одржа во Кампот за обука во Лазарополе. Во своето обраќање, министерот ...
Собранието денеска во рамки на 108. седница ги донесе законите за судска служба и за јавнообвинителска служба. Пратениците од опозицијата не дадоа поддршка бидејќи според нив двете законски решенија не се реформски и со нив само декларативно се следат целите од Реформската агенда. Пратениците од владеачкото мнозинство, пак посочија дека законските решенија, се донесени низ демократска процедура и во нив се инкорпорирани и двете крупни ...
Два активни и еден изгаснат пожар се регистрирани на територија на државава до 14 часот, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите во населбата Свети Недела во општина Штип и во селото Матејче во општина Липково каде гори ниска вегетација. Според ЦУК, изгаснат е пожарот на депонијата во селото Банско во општина Струмица. Два активни и еден изгаснат пожар се регистрирани на територија на државава до 14 часот, ...
На 25.06.2026 полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода А.И.(51), Ф.И.(25), Б.И.(21), Ш.И.(38) и Ш.И.(42), сите од Тетово, членови на две семејства кои живеат во иста куќа, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Имено, според пријавеното, околу 21:30 часот настанала вербална, а потоа и физичка пресметка помеѓу нив, при што Ш.И.(42) со метален предмет ги нападнал роднините Ф.И., Б.И. и А.И. и ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека согласно насоките од Владата како и барањата од корисниците на шумите – ЈП „Национални шуми” и Националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Согласност се издава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање ...
Во Штип започна одржувањето на најголемиот опен-ер музички фестивал во Македонија – Д ФЕСТИВАЛ! Со тридневна програма која деноноќно ќе се одржува од 26 до 28 јуни, градот Штип е домаќин на илјадници посетители од земјава и регионот, како и стотици артисти кои ќе приредат над 80 музички концерти на 5 сцени. Годинава во полн сјај се враќаат фестивалскиот камп и неверојатното шаренило од дополнителните културно-уметнички, спортски и забавни ...
Либерално-демократската партија (ЛДП) не даде поддршка на предложениот Закон за високата раководна служба, затоа што наместо вистинска реформа, тој нуди само привидна професионализација, велат од партијата. Претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, смета дека со негласањето на овој, закон Владата ја пропушти можноста да покаже дека навистина државата е пред партијата, а професионалноста пред политичката определба. ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60) од село Волино, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Тој, во својство на градоначалник на општина Дебрца, свесно, со пропуштање на должен надзор и со несовесно постапување, односно без потпишан договор овозможил на неколку правни субјекти во деловна зграда сопственост на општината, на катастарска парцела во селото ...
Бугарската стратегија сè повеќе се префрла од билатералниот спор кон европските институции кога е во прашање евроинтегративниот пат на земјава. Тоа е јавното мислење на политиколозите кои ги следат анализи и јавни настапи на бугарските политичари. Тие оценуваат дека, во Бугарија гласно се нагласува потребата Софија максимално да ги користи механизмите во Европската Унија за да спречи отворање на веќе договорените прашања. Посебно внимание ...
Здравјето и интересот на граѓаните е највисок приоритет. Во насока на превенција во пресрет на најавените високи летни температури, Општина Чаир презема мерки за заштита и превенција на здравјето на граѓаните. Стручни тимови на општината направија проверка и санација на сите јавни чешми на територија на Чаир, а дополнително ќе бидат поставени и пунктови со вода, кои ќе бидат поставени на најфреквентните локации. Дополнително, на јавни ...
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка и членка на Извршниот одбор Точно две години од владеењето на Христијан Мицкоски и неговата Влада. Две години во кои граѓаните наместо резултати добија лаги, дефокус и закани. Наместо подобар животен стандард, добија економски колапс, најниски плати во Европа и раст на сиромаштијата на 22%. Наместо европска иднина, граѓаните добија изолација. Наместо правда, добија политичка ...
Министерот за здравство Азир Алиу порача дека неговиот политички ангажман не е поврзан со функцијата што моментално ја извршува, туку со желбата да придонесе за позитивни промени во општеството и подобар живот за граѓаните. Тој нагласи дека ќе продолжи да работи и да придонесува во јавниот живот, без разлика дали во иднина ќе биде министер, професор или експерт. „Дали мојот придонес ќе биде како министер, како експерт или како професор – ...
Амбасадорката на Сојузна Република Германија во Северна Македонија, Н.Е. Петра Дрекслер, го посети новиот логистички центар на Lidl во Куманово, една од најголемите и најсовремени инвестиции од ваков тип во земјата и регионот, во вредност од 115 милиони евра. За време на посетата, амбасадорката се запозна со капацитетите на објектот, одржливите стандарди и практики применети во неговата изградба, како и со софистицираните логистички ...
Министерот за здравство, Азир Алиу, на денешната прес-конференција информираше за потпишувањето на договорот за учество на нашата држава во програмата EU4Health, што претставува значаен чекор кон натамошно приближување на македонскиот здравствен систем до европските стандарди и политики. „Со потпишувањето на Договорот за EU4Health во Брисел направивме важен исчекор за македонското здравство. Станува збор за најголемата програма на ...
На 25.06.2026 во 12:20 часот на улица „Питу Гули” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода К.Р.(79) од охридското село Коњско. Тој, претходно, на булевар „Туристичка” во Охрид, управувајќи патнички автомобил „мерцедес” со охридски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода во која оштетил шест паркирани патнички автомобили, по што не застанал, туку продолжил да го управува возилото. По преземени мерки, тој ...
Соопштение за јавност на Левица: Левица реагира дека Владата на Христијан Мицкоски, зад формулациите за „почитување на судската одлука” и „правна сигурност”, признава дека проектот „Иловица – Штука” повторно се враќа на маса и дека државата повторно го отвора патот за еден од најконтроверзните рударски проекти во историјата на Македонија. Од партијата посочуваат дека Владата нема обврска да стане политички застапник на мултинационална ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју за емисијата „Вин-Вин” на телевизија Телма, посочи дека новата програмска рамка на СДСМ е поставена инклузивно и дека во неа се издвоени неколку клучни сфери кои се од интерес на граѓаните и на кои следната влада ќе треба да им посвети најголемо внимание. „Процесот на подготовка на програмската рамка беше работен многу инклузивно. Идентификувавме неколку ...
Во акцијата, издадени се налози за апсење на 10 лица, меѓу кои е и Сокол Бибај (43), еден од клучните членови на криминалната структура. Бибај се споменува и во аферата „Двојник“, кога македонските власти издавале македонски пасоши на познати криминалци од регионот и пошироко. Групата дејствувала во периодот 2019–2021, воспоставувајќи канали за транспорт на кокаин од Еквадор и Колумбија кон европските пазари, главно преку пристаништата во ...
Со цел да се намали ширењето на морската риба Lagocephalus sceleratus, која е отровна и опасна за консумација и нанесува голема штета на опремата на рибарите, но и да се заштити морскиот екосистем и да се поддржат приходите на рибарите, министерот за земјоделство и храна на Грција Маргаритис Схинас соопшти дека грчките рибари ќе добиваат по 5,33 евра за килограм уловена риба, а пилот програмата ќе се спроведе во јужниот дел на Егејското ...
Вчера (25.06.2026) околу 18:00 часот во Кочани полициски службеници од Мобилниот тим при Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, сопреле патничко моторно возило „Опел“ со кочански регистарски ознаки управувано од Р.А.(37) од Кочани. При извршената контрола било констатирано дека лицето не поседува возачка дозвола а при преглед на возилото биле пронајдени 1.848 парчиња брендирана роба (маици, ...
Јапонија денес евакуираше повеќе од два милиони луѓе, издавајќи предупредувања за поплави и лизгање на земјиштето додека се приближуваше тајфунот Мехала. Обилните дождови предизвикани од бурата додека минуваше покрај соседниот Тајван парализираа делови од островот, принудувајќи околу шест милиони луѓе да останат без работа, а учениците да не одат на училиште. Мехала, која сега ослабе во тропска бура, се приближува кон јапонските острови ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Објавувањето на доверлива дипломатска комуникација од страна на Бугарија е скандал без преседан и директен удар врз безбедноста и достоинството на Македонија. Тоа е сериозен дипломатски скандал и чин кој отвора низа прашања за одговорноста, професионалноста и почитувањето на меѓудржавните односи. Бугарското МНР тврди дека документот е за далечното минато, но без разлика на обидите на бугарското ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Тендер коалицијата на Христијан Мицкоски се распаѓа пред очите на граѓаните. Наместо Влада којашто работи за интересот на граѓаните гледаме отворена тепачка за фотелји, позиции и бизниси, која се заканува да премине во вистинска војна меѓу криминалните кланови. ЗНАМ, партијата која беше создадена и финансирана од Мицкоски, повеќе не постои. Преостанати се само двајца – Максим Димитриевски и Горан Минчев, кои ...
Во Паркот на Франкофонија, во сабота, 27 јуни, од 12:00 до 18:00 часот, ќе се одржи петтото издание на меѓународната манифестација „CRUISE CULT – The Art of the Motorcycle 2026″, финансиски поддржана од Општина Центар и Министерството за култура и туризам. На настанот, во организација на CRUISE CULT и ЦСУ – Скопје, ќе бидат изложени над 90 мотоцикли од Англија, Холандија, Германија, Белгија и Македонија. Посетителите ќе имаат можност да ...
Тежок инцидент ја вознемири населбата Бутел во Скопје, откако куршум удрил во паркирано возило само неколку секунди откако покрај него поминал неговиот сопственик. Bu gönderiyi Instagram'da gör 24 info (@24info.mk)'in paylaştığı bir gönderi Безбедносна камера го снимила драматичниот момент во кој куршумот директно удира во шофершајбната на автомобилот, предизвикувајќи сериозни оштетувања. Според снимката, само неколку секунди претходно ...
Бројот на жртви од двата земјотреси што ја погодија Венецуела се искачи на околу 235, а повеќе од 4.300 лица се повредени, изјави министерот за здравство Карлос Алварадо. Вториот земјотрес беше најсилниот што ја погодил земјата во повеќе од еден век. Алварадо изјави за државната телевизија дека здравствените установи згрижиле повеќе од 4.300 повредени лица до 19 часот во четврток, од кои повеќето имале полесни повреди, но дека имало и ...
Работната група за Изборниот законик вчера одржа уште еден состанок каде тема на разговор биле неколку теми, дознава 24инфо.мк од свои извори. Една од клучните новини што се предвидува со измените е дијаспората да гласа онлајн на изборите, промена која наишла на поддршка од повеќето партиски претставници во работната група. Сепак на ваквите измени се спротивтавиле дел од помалите политички партии, аргументирајќи дека дијаспората ќе биде ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервјуто за „Вин-Вин” на Телма рече дека Владата на Христијан Мицкоски намерно ги манипулира граѓаните околу европскиот процес, ширејќи стравови наместо да работи за државните интереси. Филипче истакна дека власта свесно ги искривува фактите од преговарачката рамка и европските документи, претставувајќи ги како закана наместо како можност за Македонија. „Ги ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Територијата на Македонија до вторник, 30 јуни ќе се наоѓа под влијание на Суптропски антициклон кој ќе одржува да имаме претежно стабилно, суво, сончево и многу топло време со многу високи температури на воздухот кои насекаде кај нас ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието и во југоисточните предели тие ќе се искачат до околу 40 степени. Повремено ќе засилува фенски ветер од источен и од ...
Вчера се заокружи третото коло во уште три групи на Светското првенство во фудбал. Јапонија остана непоразени против Шведска и го осигура второто место во групата. Таа позиција и донесе пласман во 1/16 финалето а таму противник ќе и биде Бразил. Мечот ќе се игра в понеделник од 19:00 часот. Неколку часа подоцна ќе се сретнат Холандија и Мароко. Веќе и официјално, репрезентацијата на БиХ ќе игра против САД а натпреварот ќе се игра на втори ...