Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Просечниот долг по глава на жител во Полска се зголеми за повеќе од 700 злоти во текот на оваа година, надминувајќи 22.700 злоти, што одговара на околу 5.200 евра, според податоците од полското биро за економски информации ERIF. Најчестите долгови вклучуваат телефонски сметки, отплата на кредити и издршка на деца. Според податоците на ERIF, вкупниот долг на Полјаците на крајот на јуни оваа година изнесувал 28,46 милијарди злоти, или околу ...
На граничниот премин Табановце, денес имало редици од странски возачи кои чекале да платат казни за сообраќајни прекршоци снимени со камерите на „Сејф сити“. Станува збор за прекршоци направени на македонските патишта на кои се поставени камери за автоматско регистрирање на сообраќајните прекршоци. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски неодамна изјави дека никој не може да му избега на системот „Сејф сити“ доколку се движи по ...
Компанијата „Мета“ на почетокот на историскиот судски процес ги отфрли обвинувањата на американските сојузни држави дека намерно се обидувала да создаде зависност кај децата од нејзините социјални мрежи Фејсбук и Инстаграм за да оствари профит. Група од 29 сојузни држави ја тужи „Мета“ и бара потенцијални казни од повеќе стотици милијарди долари, како и промени во деловните практики на компанијата. Четири држави коишто ја претставуваат ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Куршумлија изјави дека српските вооружени сили наскоро ќе располагаат со 40 борбени авиони, оценувајќи дека состојбата на српската воена авијација денес е неспоредливо подобра во споредба со периодот пред 12 или 13 години. За време на посетата на фабриката „Јумко“ во Куршумлија, Вучиќ се присети на периодот кога бил министер за одбрана и кога српските вооружени сили располагале само со еден ...
Центарот со управување со кризи информира дека до 18:00 часот часот регистрирани се вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, три се под контрола, а 11 се изгаснати. Активни се пожарите во: Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума). Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки). Општина Прилеп: с. Чаниште, крак ...
НАТО е подготвен да одговори на секоја закана и секогаш ќе стори сè што е потребно за да ги заштити своите членки, изјави денеска портпаролот на НАТО, по извештаите дека Иран размислува да нападне американски воени цели во Европа. „Нашите капацитети за одвраќање и одбрана се силни и ефикасни, како што беше демонстрирано оваа година кога воздушната одбрана на НАТО пресретна четири балистички ракети што летаа кон Турција од Иран“, додаде ...
Без електрична енергија утре ќе останат дел од корисниците од Општина Гази Баба. -Поради исклучување од подземна мрежа – промена на довод до РО (150-240мм2) од Автокоманда 10, без напојување со електрична енергија ќе останат дел од 16-та Македонска бригада зграда ВА влез 2,3 и 4, во Општина Гази Баба, соопшти РЦУК по добиено известување на АД ЕВН Македонија. Без електрична енергија утре ќе останат дел од корисниците од Општина Гази ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за ...
Словенија ќе набави три илјади ракети „воздух-земја“ за потребите на своите вооружени сили, а испораката е планирана во 2028 и 2029 година, соопшти словенечкото Министерство за одбрана. Првите 1.500 ракети треба да бидат испорачани во 2028 година, а останатите една година подоцна. Ракетите со дострел до три илјади метри ќе се користат за непосредна огнена поддршка на копнените сили на словенечката армија и на сојузничките сили, како и за ...
Пожарникарите во Србија се борат со десетици пожари што беснеат веќе неколку дена, во кои едно лице загина, а повеќе се повредени. Дополнително, метеоролозите најавуваат од денеска нов топлотен бран проследен со ветер. Ветерот значително им ја отежнува работата на пожарникарите и локалните служби на најкритичните точки во специјалниот природен резерват Делиблатско Песочиште, а во текот на ноќта повторно го разгоре пожарот и на Столови кај ...
Германското сојузно обвинителство соопшти дека утрово во Пула е уапсен украински државјанин осомничен за нападите врз гасоводите „Северен тек“ во Балтичкото Море. Во соопштението на германското сојузно обвинителство осомничениот е идентификуван како Владимир З., а се наведува дека го уапсиле локалните полициски сили во Пула, постапувајќи по европски налог за апсење. Тој е под сериозно сомнение дека учествувал во заедничко предизвикување ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во вилата „Билјана” во Охрид го прими заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, којшто престојува во официјална посета на земјава. Во пријатен разговор констатираа дека македонско-чешките односи, се одликуваат со традиционално пријателство, засновано врз меѓусебна почит и разбирање. Во делото на просветителите „Св. Кирил и ...
Единицата за насилен криминал-Одделение за насилен криминал при СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по итна постапка против В.А.(26), Д.А.(27) и С.С., тројцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „изнуда“ и „насилство“ по член 258 и член 386 од Кривичниот законик. На 17.08.2026 околу 15:20 часот на подрачјето на општина Аеродром, поради претходно нерасчистени ...
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со Димал Баша министер за инфраструктура и транспорт на Република Косово. Во делегацијата присутни беа и заменик министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири, како и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски. На средбата беа разгледани можностите за натамошно унапредување на билатералната соработка, со посебен ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска во Скопје оствари средба со државниот секретар за Европа и меѓународни прашања и портпарол на покраинската влада на Северна Рајна-Вестфалија, Кристијан Вирмер. На средбата беа разменети мислења и искуства за актуелните процеси во енергетскиот сектор, со посебен акцент на енергетската безбедност, диверзификацијата на енергетските извори и развојот на ...
Соопштение на ВЛЕН: Назначувањето на Орхан Муртезани за амбасадор и постојан претставник на Република Северна Македонија во НАТО претставува значаен момент. За првпат Албанец ја презема оваа висока дипломатска функција. Станува збор за мисија со голема одговорност, особено во време кога евроатлантската безбедност се соочува со сериозни предизвици, а од секоја земја членка се очекува целосна посветеност. Орхан Муртезани располага со ...
Во рамки на активностите за поголема даночна информираност и усогласеност во туристичкиот сектор, денес 19.08.2026 година Управата за јавни приходи во Охрид одржа информативно-работна средба со издавачи на вили, апартмани и соби, хотелиери, угостители и претставници на други дејности поврзани со туризмот. Информативно-работната средба беше реализирана од страна на стручен тим на Управата за јавни приходи, во соработка со Општина Охрид, со ...
Министерот за правда, Јетон Шасивари, денеска оствари работна средба со претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер, на која беа разгледани клучни прашања поврзани со унапредувањето на системот за правда за децата. На средбата беше истакнато дека најдобриот интерес на детето останува главен приоритет, во согласност со Конвенцијата за правата на детето. Особено внимание беше посветено на имплементацијата на Законот за правда за децата и на ...
Реакција на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски на прес-конференцијата на опозицијата, во однос на прскањето против комарците Вообичаено не реагирам на секоја прес-конференција на опозицијата. Но очигледно дека новата хистерија на СДС, по таа со скопската вода, е оваа за комарците. Без проблем, јас и за ова сум спремен да дебатирам. Само пред неколку дена видовме што значи неодговорно пласирање информации кога се создаде непотребен ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов преку видео изјава истакна дека сѐ уште е активен пожарот кај прилепското село Чаниште. Тој не очекува пожарот да го загрози ова или некое друго село. -Пожарот којшто во понеделник попладне изби во атарот на прилепското село Чаниште во прилепскиот дел од Мариово, сѐ уште е активен, но во овој момент не го загрозува селото Чаниште, ниту пак загрозува друго село, затоа ...
Министерството за одбрана на Русија денеска објави дека е извршена размена на воени заробеници со Украина. „Денеска, на 19 август, 103 руски војници беа вратени од територијата контролирана од режимот во Киев. Во замена, беа префрлени 103 воени заробеници од вооружените сили на Украина“, се вели во соопштението. Минатата недела Русија и Украина прво разменија цивили, а потоа и тела на загинати војници. Министерството за одбрана на ...
На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во официјална дводневна посета на Република Северна Македонија престојува заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Н.Е. г. Петр Мацинка. Во фокусот на средбите во Охрид беа натамошното зајакнување на билатералните односи и потврдувањето на континуираната чешка поддршка за европската интеграција на ...
На 18.08.2026 во 18:10 часот, на улица „Влашки пат” во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево лишија од слобода 15-годишник од Кичево. Претходно, тој управувал мопед со кичевски регистарски ознаки без положен соодветен возачки испит и удрил во велосипед кој го управувал А.А.(68) од кичевското село Црвевци, кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево. По целосно документирање на настанот, против ...
Градот Скопје ги известува граѓаните дека: – Авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против комарци, ќе се реализира на 20.08.2026 (четврток) и 21.08.2026 (петок) во раните утрински часови. – Терестична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против комарци, ќе започне на 23.08.2026 (недела) и ќе трае до 26.08.2026 (среда), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден Доколку временските услови не го дозволуваат ...
На 18.08.2026 во СВР Велес било пријавено дека околу 13:00 часот на улица „Александар Македонски” во Градско, патничко возило удрило во 10-годишен малолетник од село Уланци, општина Градско, по што возачот со возилото го напуштил местото. Во несреќата со телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Велес. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото и за ...
Прес-конференција на СДСМ, Александар Давчевски, претседател на Градска организација Во Скопје ескалира кризата со западно-нилска треска и состојбата е алармантна Досега има 35 потврдени случаи, 4 починати лица а 6 лица се на интензивна нега, во критична состојба. Скопјани повторно се жртви на неспособноста на човекот кој го избраа да биде нивниот заштитник – градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Наместо навремена превенција, ...
Дваесетидеветгодишната русинка Снежана Королева починала откако беше нападната од кафеава мечка во туристички камп во селото Артибаш во рускиот Алтајски регион. Королева и нејзиниот партнер кампувале на брегот на езерото Телецкое. Според сведоците, околу 1 часот по полноќ, мечката го пробила шаторот, ја извлекла жената и ја одвлекла кон реката Бија. Нејзиниот вереник, кој наводно ѝ предложил брак само еден ден претходно, бил сведок на ...
На 18.08.2026 во 15:39 часот на ул.„Македонска фаланга” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Ј.Н.(48) од Битола. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле мопед со битолски регистарски ознаки управуван од Ј.Н., при што било констатирано било дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,23 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот ќе следува соодветна ...
На денешната прес конференција, министерот за здравство Сашо Клековски информираше дека Министерството за здравство продолжува со засилени активности за информирање и заштита на населението во општините зафатени со зголемено присуство на случаи на западнонилска треска, паралелно со редовните мерки за контрола на популацијата на комарци. „Во однос на епидемиолошката состојба, според последните податоци на ИЈЗ, заклучно со 18 август 2026 ...
Од 1 септември ООУ „Александар Македонски“ во Реонски центар целосно преминува во едносменска настава. Градежните зафати за адаптација на објектот се реализираат со поддршка од Министерството за образование и наука, додека комплетното уредување на училниците е финансирано од Општина Аеродром. Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, извршија увид во подготовките на ...