Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
„На денешната седница, Владата ја разгледа и ја усвои информацијата доставена од Министерството за локална самоуправа во врска со настапување на законски основ за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница. Министерството за локална самоуправа, по претходно добиено известување од претседателот на Советот на Општина Брвеница, ја започна постапката поради настапување на законски предвидена околност што доведува до ...
Цените на угостителските услуги во јуни 2026 година се зголемени за 0.2 % во однос на претходниот месец. Споредено со јуни минатата година, пак, угостителски услуги поскапеле за 2.6 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Цените на угостителските услуги во периодот јануари – јуни 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 2.8 %, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 0.8 %. ...
Грција се позиционира како еден од идните центри за производство на критични минерали во Југоисточна Европа. Со пет нови рударски проекти, соседната земја планира да обезбеди дополнителни приходи, нови работни места и стратешка улога во снабдувањето на Европската Унија. Во Македонија, пак, и покрај потврдените резерви на бакар во Иловица, најголемата инвестиција во секторот сè уште не е реализирана. Земјата останува без нови рударски ...
За утре се одложени завршните зборови за случајот „ДКСК“. На новинарско прашање, каков е доказот којшто денеска го нудат, што е она што всушност ќе треба да се докаже со него во врска со обвинението за првообвинетата, одговор даде адвокатката Надица Фундуки. Таа појасни дека на денешната главна расправа од страна на одбраната беше доставен доказ во дополнение на доказна постапка, со којшто, како што истакна, смета дека обвинението против ...
Општина Центар воведува нови дигитални решенија со цел побрзо, поефикасно и поедноставно користење на услугите за паркирање, без потреба од чекање на шалтери. Во фокусот на овие реформи е развојот на нови мобилни апликации преку кои граѓаните ќе имаат целосен увид и контрола врз услугите што ги користат. Апликациите ќе овозможат навремени известувања, поднесување барања, следење на статусот на услугите, како и поедноставена комуникација ...
Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, изрази поддршка за барањата на судиите-поротници, оценувајќи дека надоместоците што ги добиваат се несоодветни на условите во кои работат и на обврските што ги извршуваат во правосудниот систем. Одговарајќи на новинарско прашање во врска со протестот на судските поротници, кои од денеска не учествуваат на дел од рочиштата поради незадоволство од висината на надоместоците, Камбовски ...
Во Основниот суд во Куманово, во четврток, на 9 јули треба да започне судскиот процес против 25-годишниот Т.Б. од Старо Нагоричане, обвинет за повеќе кривични дела поврзани со убиства и обиди за убиство на жени на подрачјето на Општина Старо Нагоричане, соопшти Јавното обвинителство. Според обвинението на Основното јавно обвинителство Куманово, обвинетиот се товари за четири кривични дела убиство и два обида за убиство, квалификувани ...
Денеска во СВР Охрид беше одржан работен состанок со полициски службеници од Министерството за внатрешни работи на Република Србија кои од утре, се до 31 август, заедно со полициски службеници од македонското министерство за внатрешни работи, ќе спроведуваат заеднички полициски патроли низ Охрид. Нивниот работен ангажман ќе се реализира врз основа на потпишан Протокол за соработка за време на туристичката сезона во Охрид по што од утре, и ...
Секоја аптека мора да ги има лековите што се на позитивната листа и што се издаваат на рецепт, истакна денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој ги повика граѓаните да пријават во Фондот, преку инфо-мејлот или формуларот за информации, доколку некоја аптека одбие да издаде лек на рецепт. – Секој лек што е на позитивната листа мора да се издава на рецепт, додаде Клековски, одговарајќи на ...
Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 10.07.2026 година (петок), во раните утрински часови ќе изврши авионска дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите ...
Ребалансот на Буџетот уште еднаш покажа дека културата не е приоритет за оваа власт. Наместо инвестиции во културното наследство, македонскиот јазик и капиталните културни проекти, се крати токму таму каде што државата има обврска да заштитува и да вложува, обвини пратеничката од СДСМ Бисера Костадиновска-Стојчевска на седницата на Комисијата за буџет. Таа посочи дека зад бројките во ребалансот се крие јасна политика на запоставување на ...
Прес-конференцијата на Калтрина Зекољи, ВЛЕН Вчера беше потпишан договорот со историска тежина за финансирање на втората делница од автопатот Скопје–Блаце, во вредност од околу 200 милиони евра. Оваа капитална инвестиција става крај на една долга голгота од лаги, одолговлекувања и празни ветувања. Со години, патот Скопје–Блаце беше симбол на разочарувањето и на предизборните ветувања што постојано се повторуваа. Тоа беше најјасниот доказ ...
Во стан во Солун вчера била пронајдена мртва 24-годишна девојка, македонска државјанка, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, веројатно не станува збор за кривично дело, иако властите ги чекаат официјалните резултати од обдукцијата за да се утврдат причините за смртта. Според државната новинска агенција АНА-МПА, бидејќи членови на семејството на девојката не можеле да стапат во контакт со неа, нејзино блиско лице се ...
Земјите членки на НАТО ќе инвестираат околу 40 милијарди долари во наредните пет години во своите капацитети за одбрана од дронови, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Тој рече дека неколку сојузници во НАТО се обврзале да соработуваат во набавката, складирањето, транспортот и управувањето со резервите на критични одбранбени материјали. Според него, на самитот во Анкара земјите од Северноатлантската алијанса имаат ...
Соопштение на ЛДП: Успехот на Либерално-демократската партија (ЛДП) на меѓународна сцена веќе дава конкретни и брзи резултати во директна заштита на интересите на македонските граѓани. Само еден ден по завршувањето на Конгресот на АЛДЕ партијата во Виена, каде на предлог на ЛДП и сестринските партии од ЛИБСЕН со огромно мнозинство беше усвоена Итната резолуција против малтретирањето на ЕУ-границите, Европската комисија официјално најави ...
На 06.07.2026 во 19:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишија од слобода 30-годишната Т.Д. од Велес, затоа што во домот со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот 37-годишен вонбрачен сопруг. Повредениот бил пренесен во Општата болница во Велес за укажување лекарска помош, а Т.Д. била приведена и задржана во полициска станица. Од страна на полициски службеници предметот бил пронајден и одземен, известен е ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против две физички лица, управители и сопственици на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Намерно предизвикување стечај“ од член 254 и „Оштетување или повластување на доверители“ од член 257 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. Првопријавениот Ѓ. З., во ...
Соопштение на ДУИ: На Самитот на НАТО во Турција, Северна Македонија се претставува со делегација без ниту еден претставник Албанец. Ова е одраз на политички менталитет кој ја гледа државата како сопственост на една етничка заедница, а Албанците само како внатрешен декор. Северна Македонија е мултиетничка држава и членка на НАТО благодарение на политичката архитектура изградена врз еднаквост, соодветна застапеност и Охридскиот рамковен ...
Општина Илинден започна со реконструкција и санација на Домот на култура во населеното место Мралино, во рамките на програмата за обновување на домовите на култура на територијата на општината. Проектот предвидува комплетна обнова на кровната конструкција, поставување нов пластифициран лим, како и монтажа на нови хоризонтални и вертикални олуци, со што ќе се обезбеди долготрајна заштита на објектот. Предвидено е поставување нови ПВЦ врати ...
„Има една скриена квака која никој не ја артикулира. Само ние ја артикулираме, но нашиот глас не допира до мејнстрим медиумите, а тоа е тајниот договор помеѓу ДПМНЕ и ДУИ”, рече претседателот на Левица и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев во интервју за „Слободен печат” за измените на Изборниот законик. Тој потсети дека 61 пратеник беа присутни во салата, од кој четири или пет на ДУИ, што како што рече значи дека ДУИ му го обезбеди ...
Експлозии утрово се слушнаа низ Дамаск во време кога францускиот претседател Емануел Макрон се наоѓа во историска посета на земјата. Макрон влегувал во претседателската палата за да се сретне со сирискиот претседател Ахмад ал-Шар кога експлозиите се случиле во близина на хотелот „Фор сизонс“(Four Seasons). Сириските власти сè уште не го коментираа инцидентот. Канцеларијата на францускиот претседател соопшти дека Макрон е безбеден по ...
Позитивната листа е проширена со три нови антикоагулантни лекови еноксапарин, надропарин и ривароксабан, кои од 1 јули се достапни во аптеките во земјава. Кај еноксапаринот се достапни два бренда, кај надропаринот е достапен еден бренд и кај ривароксабанот во почетниот период ќе биде достапен еден бренд. Тоа ќе значи заштеда на граѓаните и олеснет пристап, истакна денеска на прес-конференција во Владата, генералниот директор на Фондот за ...
„Бедна минимална плата, растечка сиромаштија, нови задолжувања и граѓани кои сè потешко можат да си дозволат основни производи, тоа е реалноста овие две години со ВМРО е на власт“, нагласи потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, во емисијата „Само вистина” на Канал 5. Тренчевска посочи дека, Владата колку и да се обидува преку бројки и статистики да создаде слика за економски успеси, секојдневието на граѓаните покажува дека ...
Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција на СДСМ: Наместо да се пикаат по сокаци и ќошеви на партијата и пуштаат голобради деца со сомнително минато да зборуваат за образованието, доволен податок за тоа што ВМРО-ДПМНЕ има направено за образованието е тоа што по 7 години власт на СДС и ДУИ и максимална запоставеност, за прв пат уште во јуни има бесплатни учебници за сите ученици од септември. Младите се врвен приоритет на Владата ...
Националниот Едниошалтерски Систем претставува еден од најзначајните проекти за дигитализација и модернизација на постапките со увозот, извозот и транзитот на стоки. Неговата цел е да обезбеди единствена електронска платформа преку која компаниите ќе можат побрзо и поефикасно да ги спроведуваат законските постапки поврзани со надворешната трговија, истакна денеска заменик претседателот на Владата, Александар Николоски на седницата на која ...
Општина Гази Баба го објави јавниот повик за субвенционирање на набавка на печки на пелети. „Со оваа мерка се поттикнува користењето на поеколошки и поефикасни системи за затоплување, кои придонесуваат за намалување на загадувањето на воздухот; почиста и поздрава животна средина; поефикасно и поквалитетно затоплување на домовите; намалување на трошоците за греење на долг рок и поттикнување на користење енергенси со помало влијание врз ...
Соопштение од СДСМ за прес-конференцијата на Кристијан Дојчиновски Владата на ВМРО не инвестира во младите, туку крати од младите. Со ребалансот на Буџетот власта повторно покажаа кои им се приоритетите. Наместо повеќе пари за младите и демографските политики, тие ги кратат средствата. Сега има помалку пари за демографски политики, за над 70 проценти – од 71 на само 21 милион денари. Програмата за млади ја кратат за уште 1 милион денари. ...
Албанија купи шест артилериски системи „БОРАН“ од Турција, со што стана третата земја во светот што купува ваков систем, по Македонија и Бангладеш, објави албанскиот новински портал „Шќиптарја“, повикувајќи се на турскиот медиум „Улу Савунма“. Договорот за нивна набавка е потпишан со турската државна компанија MKE (Компанија за машинско индустриско производство) и предвидува испорака на шест топовски системи од 105 милиметри, како и ...
Како дел од напорите за привлекување нови инвестиции, поттикнување на извозот и продлабочување на економската и трговската соработка, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, официјалната посета на Државата Катар ја заокружи со две значајни деловни средби, со извршните директори на Qatar Airways и Barzan Holdings. На средбата со раководството на Qatar Airways, една од водечките светски авиокомпании, ...
„Во изминатите две години покажавме дека со професионална, одлучна и неселективна работа можат да се постигнат конкретни резултати. Денес криминалитетот во државата е на најниско ниво во последните 20 години, а вкупниот криминалитет е намален за 30%. Истовремено, ја зголемивме ефикасноста во откривањето на кривичните дела и нивните сторители на 69%. Во борбата против организираниот криминал сузбивме над 30 организирани криминални групи, а ...