Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во активностите за поставување нов систем за полевање во Ново Лисиче, спроти паркот „Авионче“, околу Спортскиот терен „Никола Христовски – Кољо“. Овој простор за првпат добива современ систем, со кој се обезбедуваат подобри услови за одржување на тревниците и на зелените површини. Системот ќе биде во должина од околу 2,5 km и ќе опфаќа повеќе од 300 прскалки, со што ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање каква е споредбата на растот на јавниот долг и БДП во двата периоди — на владеењето на Владата на СДСМ и ДУИ и Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ — истакна: „Кога водите еден процес, и во политиката мора да правите компаративна анализа. Ако не правите компаративна анализа, тогаш лутате во магла и не знаете каде ќе стигнете. Јас се обидов вчера да ...
Од 9 до 11 септември 2026 година, Охрид ќе биде домаќин на Ohrid 2026 Regional Conference, регионална конференција посветена на актуелните предизвици во еврозоната и нивното влијание врз фискалните политики на земјите од Западен Балкан кои се надвор од Европската Унија. Конференцијата, која ќе се одржи во хотелот Inex Olgica во Охрид, е во организација наBalkan Economic Forum (BEF), под покровителство наМинистерството за финансии на ...
На тениското игралиште во Маврови Анови в недела (23.08.2026) од 11 часот ќе се одржи „Повторно на стаза“, настан посветен на повторна употреба, поправка, размена и пренамена на спортската опрема. Настанот го организира Здружението за едукација, истражување и промоција на еколошки практики – БУКА, како дел од иницијативата за развој на пилот-модел за циркуларна спортска опрема во Маврово. Во фокусот на настанот е прашањето што се случува ...
Соопштение за јавност на ДУИ: Демократската унија за интеграција ја поздравува подготвеноста што ја изрази премиерот Христијан Мицкоски за одржување предвремени парламентарни избори, доколку тоа го побара опозицијата. Го бараме тоа. Конечно и премиерот разбра дека оваа состојба е неодржлива и дека на државата ѝ е потребен нов политички мандат. Владата го загуби легитимитетот да продолжи со европската изолација, влошувањето на ...
Една жена почина, а друга е сериозно повредена откако дрво падна врз нив за време на силни бури што предизвикаа големи штети во делови од Германија во текот на ноќта, соопшти полицијата. Двете жени, на возраст од 58 и 47 години, шетале заедно во Валдорф, во западната покраина Рајнска област-Пфалц, околу 50 километри јужно од Келн. Како што се приближувала бурата, тие побарале засолниште под летниковец. Бурата откорнала дрво во близина и ...
Од почетокот на годинава заклучно до јуни од наплата на патарина во државава инкасирани се рекордни 1.919.775.277 денари (над 31 милиони евра), во споредба со минатата 2025 година наплатени се 21.891.532 денари повеќе, информираа од Јавното претпритијатие за државни патишта (ЈПДП). Најфреквентна наплатна станици е Тетово по што следуваат Петровец, Романовце, Глумово, Миладиновци, Желино, Гостивар, Стоби, Кадрифаково, Преод, Сопот, Демир ...
„Скопје се Лади” се враќа со уште поголема сила! Оваа година, домашните диџеи ќе го отворат второто издание на најголемиот летен електронски музички фестивал во Македонија, кој на 5 септември ќе го претвори Стадионот на АРМ -Скопје во вистинска музичка оаза. Потоа, на сцената ќе настапи светски познатиот турски DJ и продуцент Burak Yeter, еден од највлијателните имиња на глобалната електронска денс сцена. Авторот на мегахитовите „Tuesday” ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Еден месец СДС се обидува да избега од вистината, но фактите се јасни, заедно со Лимани ја делат локалната власт во Гостивар, а со тоа ја делат и одговорноста за состојбите во општината. Наместо да побараат одговорност од своите партнери во локалната власт и да ја признаат сопствената политичка одговорност, од СДС продолжуваат со обиди за префрлање на вината врз ВМРО-ДПМНЕ. Додека СДС ширеше политички ...
СВР Битола поднесе кривична пријава против Љ.Б.(59) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „проневера во службата“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“, К.С.(60) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Ј.Д.(41) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „прикривање“ и ...
Соопштение за јавност на Левица: Весна Јаневска повторно се обиде да се извлече од скандалот со студентскиот оброк така што наместо одговор понуди нова измислица. Министерката тврди дека оброкот бил покачуван, дека Владата на ДПМНЕ дури и однапред дала повеќе и дека критиките на Левица и стуфентите биле неоправдани. Само што реалноста е сурово едноставна – официјалните повици на МОН за 2024/2025 и 2025/2026 и понатаму стојат на 140 ...
Центарот за управување со кризи информира дека на ден 19/20.08.2026 година, до 07:30 часот, регистрирани се вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е под контрола, а 31 пожар се изгаснати. Активни пожари има во Општина Прилеп: с. Чаниште – крак кон с. Крушевица – с. Лопатица, крак кон Црна Река и крак кон с. Орле, Општина Новаци (ниска вегетација). Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер ...
Соопштенеие за јавност на СДСМ: Христијан Мицкоски синоќа повторно излезе со „сопствена анализа”. Платите растеле 70% побрзо, пензиите 325% побрзо, инфлацијата била седум и пол пати помала, долгот два и пол пати помал. Самиот си ги споредил 23 месеци со 84 месеци и заклучил дека победил. Тоа не е економија. Тоа е трик со калкулатор. Го споредува врвот на светската инфлација од Јули 2022 – војна, енергетски удар, скок на храна насекаде, со ...
Соопштение за јавност на ВЛЕН: Во ДУИ веќе не се знае кој ја води партијата. Али Ахмети пушта пробни балони за повлекување, Бујар Османи се загрева за лидерската фотелја, а луѓето на Артан Груби испраќаат пораки и ги потсетуваат сите кој до вчера бил главен во партијата. Три приказни и една голема паника. Ахмети глуми дека ја држи ситуацијата под контрола, но есапот никако не му излегува. Ако го брани Артан, го зема на свој грб целиот ...
Денеска во Македонија ќе имаме уште еден летен жежок ден со сончево време и температури кои во делови од земјата ќе се искачат близу 40 степени. Во утринските часови времето ќе биде претежно сончево, а во текот на денот ќе има мала до умерена облачност. Попладне во планинските и повисоките подрачја ќе има услови за локална нестабилност, со краткотраен дожд и ретки грмежи. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со максимална температура ...
Пилот на мал авион загина вчера во судир со хеликоптер на полицијата на државата Пенсилванија во близина на пистата на аеродромот Карлајл во североисточниот дел на САД, околу 170 километри северозападно од Филаделфија. Двајца полицајци од хеликоптерот преживеаа, јавува АП . Авионот се приближувал кон пистата кога свртил кон нисколетен полициски хеликоптер, изјави полковник Џорџ Бивенс на прес-конференција. Федералната администрација за ...
Општина Чаир вечерва ја заокружи програмата на културното лето со концертот на Младинскиот оркестар на Западен Балкан, во рамки на 14. издание на фестивалот „Сцена на албанската сериозна музика”. Под диригентската палка на Десар Сулејмани, младите музичари од земјите на Западен Балкан приредија посебна вечер на класична музика на Плоштадот „Скендербег”. Од 1 јуни, Плоштадот „Скендербег” и Старата скопска чаршија беа сцена на богата ...
Македонска навигација (М-НАВ) повторно се најде во фокусот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Како што објави „Фокус“, до Обвинителството се поднесени повеќе кривични пријави против членови на Управниот одбор, а последното дополнување било доставено на 18 август. Во центарот на случајот е краткорочната позајмица од седум милиони евра за Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), која М-НАВ ја одобри откако ...
Германија се обидува да ја ублажи кризата поради недостатокот на квалификувана работна сила со увоз на работници, а за да ги отвори вратите уште повеќе за доаѓањето на имигранти на работа, признава се повеќе странски квалификации, јави ДПА. Минатата година, според официјалната статистика, германските власти одобриле 86.600 барања за признавање на странски квалификации. Тоа е десет проценти повеќе од претходната година, односно 21 и 25 ...
Датумот на раѓање може да биде повеќе од само дел од информацијата што е запишана во документи. Во астрологијата и нумерологијата, се верува дека денот, месецот и годината на раѓање можат да откријат одредени особини, преференции и начини на кои лицето пристапува кон врските, работата и секојдневниот живот. Иако ваквите толкувања не се научно потврдени, многумина ги сметаат за интересни како начин за забава и самоанализа. Вашиот датум на ...
Околу половина од нафтата што моментално се произведува во Венецуела се извезува во САД – изјави заменик-министерот за енергетика на САД, Кајл Хауствајт, наведувајќи дека земјата дневно произведува околу 1,25 милиони барели нафта. – Во изминатите неколку месеци повеќе од 500.000 венецуелски барели, односно приближно половина од производството на таа земја, се испорачуваат во САД, во рафинерии изградени токму за тој вид нафта – изјави ...
Противпожарната бригада на Град Скопје активно интервенира за гаснење на пожарот во селата во Општина Студеничани, а во гаснењето на пожарот се ангажирани и три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али заедно со противпожарните екипи на терен, ја следи состојбата и координацијата на активностите, со цел навремено да се реагира и да се спречи понатамошното ширење на ...
Повеќе од 100 лица загинаа при уривање на импровизиран рудник за рачен ископ на злато во селото Замбоје, во близина на границата со Камерун, соопштија локалните власти во Централноафриканската Република (ЦАР). Според изјавата на Жервез Ганагоро, волонтерка на Црвениот крст која учествувала во спасувачката акција, од под урнатините веќе се извлечени повеќе од 100 тела, а дел од преживеаните се во критична здравствена состојба. Бертран Бе ...
Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во координација и соработка со СВР Охрид и СВР Велес преземаа мерки и активности и расчистија две кривични дела „измама“ извршени во Охрид и Струга, при што сторителот се стекнал со противправна имотна корист од 5.500 евра. Имено, по преземени мерки утврдено е дека сторители се лицата А.С. и Д.С., двајцата од Велес, по што денеска (19.08.2026), полициски службеници од ...
Нема никаква дилема дека ќе разговараме, разговараме и сме разговарале со цел да бараме решение. Прашањето е што разговарате и која е вашата црвена линија до која вие одите во тие разговори. Тоа е нашата задача и пред граѓаните кои ни ја дале довербата, но и како Влада, да разговараме и тука нема никаква тајна и ќе продолжиме да разговараме – изјави премиерот Христијан Мицкоски, во однос на тоа дали постојат разговори за да се најде ...
Турското Министерство за образование со нова наредба објавена денеска ги задолжи сите наставници во образовните институции под негова надлежност да носат мантили слични на оние што ги носат медицинските работници, почнувајќи од новата учебна година во септември, објави порталот „Хаберлер“. Според наредбата, белите мантили со логото на Министерството ќе бидат задолжителен дел од облеката што наставниците ќе ја носат врз цивилната облека. ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вечерашното интервју во „Тема на денот” во дневникот на ТВ Сител вели дека Владата има мандат од граѓаните за 4 години, но доколку опозицијата побара предвремени парламентарни избори, тогаш е спремен да свика лидерска средба, да договори термин и повторно да ги победи СДСМ. „Мојот став и ставот на оваа Влада е познат во јавноста, а тоа е дека ние добивме мандат од граѓаните за 4 години и ...
Албанскиот пазар на возила доживува значителна промена во изборот на потрошувачите, при што целосно електричните возила заземаат сè поголем удел во новите регистрации во 2026 година. Генералниот директорат за услуги за патен транспорт објави дека, во периодот јануари-јули 2026 година, за првпат се регистрирани 6.396 целосно електрични возила, бројка што претставува зголемување од 126% во споредба со истиот период минатата година. Според ...
Од денес започна примената на воспоставениот механизам за постапување со возачите на возила со странски регистарски таблички кај кои системот „Безбеден град“ евидентирал сторен сообраќаен прекршок на територијата на Македонија. На Граничниот премин Табановце, при излез од државата, се појавуваат возила кај кои системот има претходно евидентирано сообраќајни прекршоци. На возачите им се соопштува дека е евидентиран прекршок и им се издава ...
Рускиот претседател Владимир Путин ѝ нареди на владата да подготви програма за обновување на логистичките бази и складовите што беа оштетени или уништени во украинските воздушни напади. Од 18 јули украинските сили со дронови нападнаа повеќе од 20 складови на водечката руска компанија за онлајн трговија „Вајлдберис“ (Wildberries). Во експлозиите и пожарите предизвикани од нападите беше уништен голем дел од нејзините логистички центри. ...