Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против три лица кои се товарат дека сториле по едно кривично дело – Предизвикување стечај на банка од член 181 став 1 од Кривичниот законик, како и обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 3 во врска со ставовите 2 и 1 од Кривичниот законик. ...

Еврокомесарката за проширување Марта Кос на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во Владата денеска истакна дека Северна Македонија е една од земјите со најдобри постигнувања во делот на реформската агенда со исполнување на 10-те реформски барања, со исклучок на Изборниот законик. Сепак, рече таа, усвојувањето на договорените уставни измени останува неопходниот следен чекор за почнување преговори и ја охрабри ...

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи судскиот процес против 13 полициски службеници, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“. На денешното рочиште, јавната обвинителка Спасенка Андонова прво продолжи со изведување докази на Обвинителството. Во судницата беа пуштени видео – снимки, за кои беше кажано дека се од внатрешноста на дискотеката „Пулс“, каде ...

Либерално-демократската партија (ЛДП) со гордост ја информира јавноста за историскиот меѓународен успех. Претседателката на ЛДП и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, е избрана за потпретседателка на Парламентарното собрание (ПС) на ОБСЕ. На 33-тата годишна сесија на ПС на ОБСЕ во Хаг, Холандија, кандидатурата на Зајкова доби силна поддршка од парламентарните делегации на 57 земји од Европа, Северна Америка и Централна ...

Изминатите две години Владата покажа дека реформите не се декларативна определба, туку конкретна работа што се мери преку резултати, економски показатели и создавање подобри услови за живеење на граѓаните. Нашата цел е изградба на функционални институции, посилно владеење на правото, поефикасна администрација, конкурента економија. Тоа не го правиме зашто некој го бара од нас, туку зашто веруваме дека е единствениот исправен пат. Во тој ...

СВР Скопје целосно го расчисти случајот од 30.06.2026 во 21:40 часот во парк во општина Аеродром, кога 12-годишно девојче, беше физички нападнато од малолетнички, а други присутни малолетници снимале со мобилни телефони. Од страна на ОКР Аеродром и Драчево во содејство со ОКР Кисела Вода до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против две малолетнички за сторено кривично дело „насилство“, предвидено и казниво по чл. 386 од Кривичниот ...

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера попладне лишиле од слобода 33-годишен жител на Скопје, по претрес во неговиот дом каде биле пронајдени наркотична дрога и предмети поврзани со нејзина употреба. Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 7 јули околу 17:30 часот, на подрачјето на скопската населба Кисела Вода бил приведен М.Т. (33) од Скопје. Претресот бил извршен врз основа на ...

Патолошки причини, односно смрт предизвикана од болест или природен процес во организмот, се првичните наоди од форензичката обдукција на 24-годишната девојка од Македонија, која беше пронајдена мртва во стан во областа Сикиес во Солун, објави грчкиот медиум Thestival.gr. Според првичните информации, обдукцијата не покажала знаци кои би упатувале на насилна смрт или извршено кривично дело. Надлежните грчки институции сега ги очекуваат ...

На покана на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес учествува на Самитот на НАТО во Анкара, како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Силјановска-Давкова. Главни теми на Самитот, на кој се очекува да бидат донесени важни одлуки за иднината на Алијансата, се зајакнувањето на колективната одбрана, инвестициите во одбранбените ...

Судијката Даниела Димовска е избрана за нов претседател на Основниот кривичен суд Скопје, одлучи денеска Судскиот совет на седница по спроведената постапка за избор. Изборот следува по јавен оглас на кој се пријавија двајца кандидати – Даниела Димовска, судија и досегашен вршител на должност претседател на Основниот кривичен суд Скопје, и Ивица Стефановски, судија во истиот суд. Претседателот на Комисијата за избор, Ивица Николовски, ...

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денот во Анкара, каде што престојува поради Самитот на лидерите на НАТО, го започна со утринско трчање во паркот „Сегменлер“ во општината Чанкаја. Bu gönderiyi Instagram'da gör 24 info (@24info.mk)'in paylaştığı bir gönderi Во раните утрински часови Макрон го напуштил хотелот во кој е сместен и, придружуван од членовите на своето обезбедување, преку улиците Аргентина и Иран пристигнал во паркот, ...

Google Street View се враќа во Македонија за обемно обновување на сликите од Street View со поширока покриеност низ целата земја, носејќи нови панорамски погледи на Google Maps. Од живите градски плоштади и историските улици на Скопје до спокојните брегови на Охридското Езеро и планинските патишта што ги поврзуваат градовите низ целата земја, Street View повторно ќе го долови еволутивниот пејзаж на Македонија и ќе го направи подостапен за ...

Дињата е едно од омилените освежувања во текот на летото, но малкумина знаат дека, иако најчесто ја сметаме за овошје, ботанички таа припаѓа на семејството на краставиците и се класифицира како зеленчук. Освен што е вкусна и сочна, дињата е идеален избор за сите кои внимаваат на исхраната. Во 100 грама содржи само околу 34 калории, има мала количина шеќери и висок процент вода, што ја прави одлична намирница за хидратација и одржување на ...

Несекојдневен и вознемирувачки инцидент се случил рано утринава во Штип, откако градежна механизација започнала со уривање на дел од семејна куќа додека во неа сè уште се наоѓале сопствениците. Според сведочењето на сопственикот Џенгис, настанот се случил околу 4 часот наутро. Тој тврди дека багер пристигнал пред неговиот дом и со корпата двапати удрил во ѕидот од куќата, додека тој и неговото семејство спиеле. Од ударите бил оштетен дел ...

Реконструкцијата на железничката обиколница на Скопје, на делницата од Драчево до Илинден, е успешно завршена, со што се создаваат услови товарниот железнички сообраќај да биде пренасочен надвор од главниот град. Денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со директорот на ЈП Железници Инфраструктура Синиша Ивановски, извршија увид на реконструираната пруга, каде што беше реализирано и ...

Речиси секој барем еднаш изговорил некоја желба, добра вест или надеж за иднината, а потоа инстинктивно чукнал во дрво. Иако многумина го прават тоа без размислување, овој ритуал има длабоки историски корени и со векови е присутен во различни култури ширум светот. Научниците кои ја проучуваат секојдневната култура и народните обичаи посочуваат дека не постои едно единствено објаснување за потеклото на оваа практика. Сепак, ...

Овен Денес ќе бидете полни со енергија и ентузијазам, што ќе ви помогне лесно да ги завршите обврските кои долго време ги одложувавте. На работното место можно е да добиете нова задача или понуда што ќе отвори перспективи за напредок. Не носете важни одлуки набрзина, туку внимателно анализирајте ги сите детали. Во љубовта, слободните Овни би можеле да запознаат личност која ќе им го привлече вниманието, додека оние во врска ќе имаат ...

Пишува: Проф. Д-р Иван Анастасовски Во демократијата, силата на власта никогаш не е единствениот показател за стабилноста на политичкиот систем. Во секој демократски политички систем, опозицијата претставува суштински механизам за политичка контрола, институционална рамнотежа и демократска отчетност. Затоа, подеднакво важна и силата на опозицијата, но и нејзиниот капацитет да биде коректив, да предлага алтернативи и да ја одржува живата ...

По неколкудневното стабилно време, денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со чести сончеви интервали, но во попладневните и вечерните часови на повеќе места се очекува развој на локална нестабилност. Според прогнозата, ќе има услови за пороен дожд, грмежи и краткотрајно невреме, особено во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а долж Повардарието повремено ќе биде засилен. ...

Новак Ѓоковиќ повторно покажа зошто со години е еден од најголемите шампиони на тревата во Лондон. Српскиот ас по вистинска драма го совлада Феликс Оже-Алијасим со 3:2 во сетови и обезбеди пласман во полуфиналето на Вимблдон, каде што ќе се соочи со првиот носител, Јаник Синер. Иако многумина сметаат дека годините веќе треба да бидат хендикеп, Ѓоковиќ уште еднаш демонстрираше исклучителна физичка и ментална подготвеност. На Централниот ...

Пратеничката на СДСМ и поранешна министерка за одбрана, Славјанка Петровска, остро реагираше по денешната седница на собраниската комисија за ребалансот на Буџетот, обвинувајќи дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги отфрлиле предлозите за повисоки плати во секторот одбрана и за пожарникарите. Во објава на Фејсбук, Петровска посочи дека на комисијата биле одбиени трите амандмани со кои, како што наведува, се барало покачување на платите на ...

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, учествува на 36. Самит на НАТО, кој се одржува во Анкара, каде што со лидерите на земјите-членки разговара за безбедносните предизвици и иднината на евроатлантската соработка. Bu gönderiyi Instagram'da gör 24 info (@24info.mk)'in paylaştığı bir gönderi Во пресрет на официјалниот дел од Самитот, Сиљановска-Давкова присуствуваше на приемот што го организираше претседателот на ...

Многу родители се прашуваат дали е добро бебето да спие во нивна близина и кога е вистинското време да се навикне на сопствено креветче. Според препораките на Американската академија за педијатрија (ААП), бебињата треба да го делат просторот за спиење со родителите во текот на првите шест месеци од животот, но не и истиот кревет. Експертите објаснуваат дека бебето најбезбедно спие во свое креветче поставено во истата соба со родителите. ...

Иако многумина ги избегнуваат хорор филмовите поради стравот што го предизвикуваат, научните истражувања сугерираат дека тие можат да имаат и позитивно влијание врз организмот. Сепак, ефектите зависат од тоа колку навистина ќе се исплашите додека ги гледате. Една британска студија од 2012 година покажала дека луѓето кои силно реагираат на страшни сцени можат да согоруваат до 184 калории за време на еден хорор филм. Тоа е приближно исто ...

Маслинките не се само вкусен додаток во салатите и медитеранската кујна – тие се вистинска ризница на хранливи материи и важен дел од здравата исхрана. Иако многумина ги сметаат за зеленчук, маслинките всушност се овошје и нудат бројни придобивки за организмот. Една од нивните најголеми предности е позитивното влијание врз здравјето на срцето. Благодарение на здравите незаситени масти и антиоксидансите, маслинките помагаат во одржување на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп од Анкара повторно упати остри критики кон дел од сојузниците во НАТО, оценувајќи дека Соединетите Американски Држави вложуваат најмногу во Алијансата, но не добиваат соодветна поддршка од партнерите кога тоа им е потребно. Говорејќи пред новинарите по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Трамп порача дека е „многу разочаран“ од однесувањето на некои земји-членки на НАТО. Воедно, тој ...

На висорамнината Думре, во близина на Белш, централна Албанија, се појави редок природен феномен познат како вулкан од кал. Според првичните информации без никакви претходни потреси или предупредувања, се отворил кратер со голем дијаметар, ослободувајќи огромни облаци природен гас во воздухот и изнесувајќи илјадници тони врела сулфурна кал на површината. – По настанот, геолози и други стручни лица излегле на терен за да ја испитаат ...

Турската полиција утринава приведе дел од учесниците на демонстрациите против НАТО во централниот дел на Анкара откога тие ги прекршија строгите безбедносни мерки и целосната забрана за протести за време на самитот на алијансата – јавија локалните медиуми. На видеоснимка на опозицискиот весник „Џумхуриет“ (Cumhuriyet), објавена на Х, се гледа како полициски службеници им ставаат лисици на демонстрантите и ги влечат кон полициски автобус ...

Главниот град на Турција денеска е под највисоко безбедносно ниво во пресрет на 36. Самит на НАТО, на кој се очекува пристигнување на 52 лидери од земјите членки и партнерите на Алијансата. Градот функционира како вистинска тврдина – со десетици илјади полицајци на улиците, борбени авиони Ф-16 во воздух и целосно изменет режим на движење. Но, покрај строгите мерки, вниманието на посетителите го привлекува и едно поинакво лице на Турција. ...

На 06.07.2026 околу 22:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на општина Аеродром била пронајдена почината С.П.(37) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт, без видливи траги на насилство, а по насоки од јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција. На 06.07.2026 околу 22:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на општина ...

Кох од гриз

51 минута - Бриф
weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.5
54%
1018
weather icon

Белград

23ᴼ / 21ᴼ
2.68
74%
1015
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
1.3
90%
1016
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
0.42
63%
1017
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.66
56%
1016
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.94
89%
1016
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
0.89
46%
1016
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.62
44%
1016
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
2.53
46%
1017
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 20ᴼ
0.45
69%
1016
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
2.24
54%
1015
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 18ᴼ
1.43
100%
1016
Currency

61.645

Currency

54.0748

Currency

72.2733

Currency

37.5845

Currency

38.2802

Currency

66.639

Currency

7.94166

Currency

0.6944

Currency

0.3326

Currency

0.52508

Currency

1.14476

Currency

0.56011

Иридиум

247560.75

Рутениум

49029.89

Бакар

12.79

Сребро

1891.04

Алуминиум

3.18

Калај

52.95

Платина

52309.26

Родиум

260421.05

Цинк

0.00

Злато

130535.25

Паладиум

41378.01

Кобалт

56.29