Инвестициите во Неготино само во делот на улици и плоштади, комунални проекти, паркови, изнесуваат над 4 милиони евра, што креираат нови слика за Неготино. Поддршката на Владата за Неготино и за другите општини е огромна и континуирна, порача денеска од Неготино, заменик претседателот на Владата, Александар Николоски. Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалничката Марија Нацева, извршија увид во изградба на инфраструктурни ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше и се обрати на свеченото пуштање во употреба на новоуредените простории за разговор со деца во Секторот за внатрешни работи Струмица, активност што се реализира во рамките на проектот „Шведска поддршка на полициските реформи во Република Северна Македонија”. На настанот присуствуваа амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, шефот на ...

Елегантни канцони, премиум вина и поглед кон зајдисонцето ќе ја одбележат музичката вечер со Павле Камилоски на терасата на Queen’s Sunset Bar во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид. Камилоски пред охридската публика ќе настапи со репертоар исполнет со медитерански мелодии, романтични композиции и препознатливи канцони, во амбиент создаден за опуштена летна вечер покрај езерото. Настанот е организиран во соработка со винаријата „Душа“, чии ...

Министерството за внатрешни работи распиша јавен повик за прием на 200 редовни ученици во Средното полициско училиште „7-ми Мај“, кое функционира во рамки на Полициската академија. Право на пријавување имаат ученици кои ја завршиле втората година од средното образование и ги исполнуваат законски утврдените услови. Кандидатите треба да бидат државјани на Република Северна Македонија, да немаат наполнето 18 години на денот на објавувањето ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, преку објава на својот профил на Фејсбук информираше дека започнало уривањето на објектот познат како „Тобако Али“. Во кратката објава, Ѓорѓиевски напиша: „СЕ РУШИ ТОБАКО ‘АЛИ’“, додавајќи дека со добар збор и домаќински пристап може да се најде решение и за најсложените ситуации. „Со добар збор и домаќински пристап, нема невозможно решение!“, порача градоначалникот во својата објава. ...

Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови се очекува нестабилно време со повремен локален дожд и грмежи. Според прогнозата, на одредени места ќе има поинтензивни процеси проследени со пообилен пороен дожд од над 15 литри на квадратен метар, силен ветер со брзина поголема од 60 километри на час и услови за краткотрајно невреме со појава на град. Максималната дневна температура ќе се ...

На редовната седница, Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2026 година. Според Извештајот, во првиот квартал од 2026 година, банкарскиот сектор ја задржа својата стабилност со високо ниво на солвентност и задоволителна ликвидност, и добар капацитет за справување со претпоставените шокови, како што покажуваат резултатите од спроведените стрес-тестови. Кредитирањето и ...

Падот на производството и намалувањето на бројот на рудари се уште еден сигнал дека македонското рударство има потреба од нов инвестициски циклус. Официјалните податоци покажуваат дека производството во секторот „Рударство и вадење камен“ во мај е пониско за 3,6 проценти во споредба со истиот месец минатата година. Во меѓувреме, некои од постојните рудници се приближуваат кон исцрпување на своите резерви, што отвора ризик од дополнително ...

Четири лица од демирхисарското село Обедник се лишени од слобода по полициски претреси во кои биле пронајдени повеќе парчиња оружје и муниција. На 1 јули 2026 година во 10:10 часот, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода Е.Р. (57) и Е.Р. (20), двајцата од село Обедник. При претрес во нивниот дом, извршен по наредба на Основниот суд Битола, биле пронајдени три ловни пушки, сигнален пиштол, 170 парчиња муниција од ...

Четиринаесетгодишно момче е тешко повредено по брутален напад што се случил на 22 јуни во населбата Ченто. Според тврдењата на неговите родители, нивниот син бил без никаква причина нападнат, претепан и избоден седум пати со нож. Bu gönderiyi Instagram'da gör 24 info (@24info.mk)'in paylaştığı bir gönderi Семејството за 24инфо раскажува дека момчето околу 21:30 часот излегло од дома да се најде со своите братучеди, иститот се движел да ...

Единаесетгодишно дете од тетовското село Сараќино било каснато од куче додека се движело низ селото, информираат од полицијата. Според информациите од СВР Тетово, на 2 јули околу 00:20 часот, Р.С. од Сараќино пријавила дека претходната вечер, околу 22:30 часот, нејзиниот 11-годишен син бил нападнат од куче пред куќа на жител на селото. Како што е наведено во пријавата, кучето било без надзор и не било соодветно врзано, при што детето се ...

Три лица, меѓу кои и двајца малолетници, се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на автопатскиот патен правец Охрид-Подмоље, кај клучката „Св. Еразмо“. Според информациите од полицијата, несреќата се случила на 1 јули 2026 година во 16:20 часот, кога патнички автомобил „Опел“ со струшки регистарски ознаки, управуван од С.М. (70) од струшкото село Подгорци, излетал надвор од коловозот и удрил во метален ...

На 01.07.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје 31-годишна жена пријави дека на 30.06.2026 околу 22:00 часот во парк на подрачјето на општина Аеродром нејзината 12-годишна ќерка била физички нападната од 14-годишна малолетничка која била заедно со нејзина другарка и кои претходно ја натерале во два наврати да клекне на колена и да се извинува. Потоа откако тргнала да си оди била физички нападната од друга малолетничка, а целиот чин бил снимен ...

Сопственик на автомобил во Тетово пријавил оштетување на своето возило, по што полициската истрага открила проектил од непознат калибар. Според информациите од СВР Тетово, на 1 јули, Е.Д. (48) од гостиварското село Равен пријавил дека на улицата „Јане Сандански“ во Тетово забележал оштетување на предниот дел од неговото паркирано патничко возило „Рено Каптур“. По извршениот увид, полициските екипи под возилото, на заштитната маска, ...

Државниот завод за ревизија (ДЗР) објави конечен извештај за финансиското работење и усогласеноста на ЈЗУ Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија за 2024 година, при што се утврдени слабости во повеќе сегменти од работењето на оваа здравствена установа. Според ревизорскиот извештај, забележани се недостатоци во управувањето со залихите на лекови и медицински материјали, во спроведувањето на јавните набавки, како и во ...

Лидерот на Социјалдемократски сојуз на Македонија, Венко Филипче, преку објава на социјалните мрежи соопшти дека ќе го номинира Горан Герасимовски за нов потпретседател на СДСМ. „СДСМ дополнително се зајакнува. Со задоволство ги информирам членовите дека Горан Герасимовски ќе го номинирам за нов потпретседател на СДСМ. Горан е човек кој со силна, посветена и одговорна работа ја заслужи довербата на граѓаните на Општина Центар. Победата и ...

Пишува: Салим Кадри Керими, историчар – дипломат во пензија Во текот на вчерашниот ден, на страниците на овој медиум, имав прилика со големо внимание и љубопитност да ја прочитам најновата колумна на почитуваниот проф. д-р Јове Кекеновски, под наслов: „Македонија живее во срцата на Измир“. Колумната претставува искрен и емотивен запис за неговата средба со потомците на иселениците од Македонија кои денес живеат во Измир. Исто така, ...

Турската групација „Казанџи Холдинг“ и официјално влезе на македонскиот пазар со регистрацијата на компанијата „Акса Енерџи Македонија“, која според досегашните најави треба да биде носител на еден од најголемите енергетски проекти во државата – целосна гасификација и изградба на секундарната дистрибутивна мрежа. Регистрацијата на новата компанија се толкува како сигнал дека по долгогодишниот застој конечно би можело да дојде до ...

По вечерашната седница на Претседателството на ВЛЕН, донесена е одлука претставници на коалицијата во Владата да бидат личности кои носат нова енергија, одговорност и посветеност во служба на граѓаните. За министер за правда е предложен универзитетскиот професор Џетон Шасивари, за министер за односи меѓу заедниците е предложен Агон Ферати, додека за министер за култура и туризам е предложен Седат Сулејмани. Во новиот владин состав ...

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје вечерва се одржа традиционалниот свечен прием по повод големиот јубилеј – 250 години од американската независност. Настанот, кој традиционално се организира неколку дена пред официјалниот празник 4 Јули – Денот на независноста на САД, собра бројни гости, меѓу кои дипломати, претставници на политички партии, градоначалници, јавни личности и новинари. Вршителката на должноста ...

Турската демократска партија (ТДП) донесе одлука да биде дел од новата владина коалиција со еден министерски ресор, со цел турската заедница повторно да добие свој претставник во Владата. На прес-конференција, претседателот на ТДП, Зулфикар Зејнулах, изјави дека партијата по подолги консултации и разговори донела одлука да го прифати учеството во Владата, оценувајќи дека е неопходно турската заедница повторно да биде институционално ...

Возач од Тетово е лишен од слобода откако бил фатен како вози со повеќе од двојно поголема брзина од дозволената на патот Гостивар–Тетово. Како што информира Министерството за внатрешни работи, денеска околу 18:00 часот, на клучката Боговиње, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, со специјално возило „пресретнувач“, измериле брзина од 177 километри на час на делница каде што максимално ...

Основното јавно обвинителство Штип отвори истражна постапка против 38-годишна жителка на Кочани, доцент на Универзитет „Гоце Делчев“, поради сомнение за кривично дело – примање поткуп. Според Обвинителството, осомничената, како лице кое врши работи од јавен интерес, директно побарала 300 евра од студент за да му овозможи да го положи испитот, иако претходно не покажал доволно знаење за преодна оценка. Настанот започнал на 16 јуни, кога ...

Пишува: Проф. Д-р Иван Анастасовски Би сакал да потенцирам дека и предходно децидно пишував дека со “Платформа“ не е возможно да се детронизира ВМРО-ДПМНЕ, но сепак денес сме сведоци дека заедно со инфомациите за реконтрукција на Владата, во медиумите се актуелизираше и темата за т.н. “Платформа“ за подобра иднина (читај за подобар СДСМ). Таа платформа мене лично ми делуваше како платформа за „спас“ и внатрешна борба во самиот СДСМ, но ...

„Разговори за иднината во 12:05“ е нова демократска платформа за подигнување на нивото на општественатадебата. Времето на часовникот е симболична порака дека веќе е доцна, но не смееме да дозволиме да стане предоцна за Македонија. Денешната прва сесија се одржа по традиционалното демократско начело „Chatham house rules“. Поканетите учесници припаѓаат на три неформални групи на општествени чинители. Едната група се влијателни граѓански ...

Силно невреме проследено со пороен дожд попладнево го зафати Скопје, предизвикувајќи поплавени улици и отежнат сообраќај во повеќе делови од градот. На фотографијата може да се забележи целосно поплавена сообраќајница, каде возилата и мотоциклистите со тешкотии се движат низ надојдената вода. Граѓаните на социјалните мрежи споделуваат фотографии и видеа од поплавени булевари, подвозници и населби. Надлежните служби апелираат до возачите ...

Во време кога светската економија сè повеќе зависи од критичните минерали, рударството повторно се наметнува како една од индустриите со најголем извозен потенцијал. Економските експерти оценуваат дека Македонија мора да го засили извозот за да обезбеди стабилен економски раст и да го намали хроничниот трговски дефицит. Денес најголем дел од македонскиот извоз доаѓа од автомобилската и рударската индустрија, но глобалните трендови ...

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе Обвинителен акт до Основниот кривичен суд Скопје против директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, кој се товари за кривичното дело „Примање поткуп“. Според обвинението, осомничениот како службено лице во март годинава директно побарал и прибавил значителна имотна корист за себе за да изврши ...

Универзитетски професори, адвокати, граѓански активисти, актуелни пратеници, градоначалник и поранешни функционери на СДСМ се дел од првата дебата „Разговори за иднината во 12:05“, која ја модерира универзитетскиот професор и поранешен пратеник и функционер на СДСМ, Игор Ивановски. На трибината, покрај веќе објавените учесници – Андреј Петров, Гордан Георгиев, Емилијан Станковиќ и Александар Бајдевски – присуствуваат и пратеничките ...

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска одржа прес конференција заедно со националната координаторка за трансплантација, проф. д-р Билјана Кузмановска, на која информираа за имплементацијата на модулот во системот Мојтермин за евидентирање на волјата на граѓаните да бидат органодарители. Со денешната прес-конференција заокружуваме еден од најчовечките, најсмелите и најуспешно финализирани процеси што ги водевме во здравството. Со ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.77
56%
1018
weather icon

Белград

23ᴼ / 20ᴼ
2.68
77%
1015
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
0.92
93%
1017
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
0.76
66%
1018
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
0.78
58%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
1.31
91%
1017
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
0.45
48%
1015
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.93
42%
1016
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
2.19
47%
1016
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 18ᴼ
0.89
74%
1017
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
1.79
61%
1015
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 18ᴼ
1.26
100%
1016
Currency

61.645

Currency

54.0748

Currency

72.2733

Currency

37.5845

Currency

38.2802

Currency

66.639

Currency

7.94166

Currency

0.6944

Currency

0.3326

Currency

0.52508

Currency

1.14476

Currency

0.56011

Сребро

1891.04

Цинк

0.00

Иридиум

247560.75

Кобалт

56.29

Паладиум

41378.01

Калај

52.95

Рутениум

49029.89

Родиум

260421.05

Бакар

12.79

Злато

130535.25

Платина

52309.26

Алуминиум

3.18