На Соединетите Американски Држави и Иран им бил презентиран рамковен план за примирје, објави американскиот портал Аксиос, но возможно е тој да пропадне уште на самиот почеток, затоа што висок ирански претставник веднаш го отфрли едниот од двата негови централни столбови, отворањето на Ормускиот теснец, дополни подоцна „Ројтерс“, цитирајќи неименувани извори. Предлогот е составен од дипломатите на Пакистан, Турција и Египет и замислен е како ...
Тој одлуката ја објави на неговата социјална платформа Трут соушл (Truth Social), наведувајќи дека условот таа да опстои е Иран повторно да го отвори Ормускиот теснец. Во објавата Трамп ваквата ситуација ја опишува како двостран прекин на огнот Американскиот претседател, Доналд Трамп вечерва соопшти дека го прифаќа предлогот на Пакистан и ќе ги суспендира заканатите за бомбардирање на енергетската инфраструктира и мостовите во Иран за две ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека осамна голем ден за светскиот мир, кој, како што изјави, го сакаше и Иран затоа што „му беше доста“ како и сите други, и рече дека САД ќе помогнат во развојот на сообраќајот во Ормуската Теснина и дека може да следи „златна ера на Блискиот Исток“. „Ќе има многу позитивни акции. Ќе се акумулираат големи пари. Иран може да го започне процесот на реконструкција. Ќе испорачуваме залихи од сите ...
Цените на суровата нафтата паднаа по објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД се согласиле на двонеделен прекин на огнот со Иран. Референтна цена на нафтата Брент за идна испорака падна за 16 проценти на околу 92 долари за барел. Сепак, тоа е сè уште далеку над нивото од околу 73 долари на кое беше непосредно пред почетокот на конфликтот кон крајот на февруари. Американската референтна сурова нафта WTI падна за 19 проценти ...
Иако Соединетите Американски Држави, Израел и Иран формално тврдат дека прекинот на огнот е во сила, реалноста покажува дека договорот е исполнет со нејаснотии, противречни изјави и различни толкувања за тоа што всушност е договорено и како треба да се спроведува. Според анализата на американскиот портал „Аксиос“, токму овие разлики ќе мора да се надминат на претстојните преговори во Исламабад закажани во Петок оваа недела. Но, и покрај ...
Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, ги обвини САД за прекршување на двонеделниот договор за прекин на огнот веќе по првиот ден. „Длабоката историска недоверба што ја имаме кон САД произлегува од нивното постојано прекршување на сите видови обврски - образец што, за жал, повторно се повтори“, изјави Галибаф во соопштение објавено на социјалните мрежи. Три делови од иранскиот предлог за прекин на огнот во 10 точки ...
Синоќешниот договор за двонеделно примирје меѓу САД и Иран, ја турна цената на суровата нафта на помалку од 100 долари за барел. Утрово барел сурова нафта од типот Брент се продава за 93,85 долари, што е пад за 14% во однос на вчера кога цената се движеше околу 108 долари за барел. Пад има и цената на WTI нафтата од 15,24% во однос на вчерашниот ден. Сепак, останува да се види дали Ормутскиот теснец ќе стане целосно функционален во следните ...
Израел се согласува на 14-дневното примирје што го објави американскиот претседател Доналд Трамп на само два часа пред истекот на рокот кој му беше поставен на Иран за отворање на Ормускиот Теснец или соочување со засилени воени напади, изјавил висок претставник на Белата куќа за „СиЕнЕн“. Според истиот извор, Израел се согласил привремено да го сопре бомбардирањето врз ирански цели додека траат дипломатските преговори. Израел се согласува ...
По веста за примирјето меѓу САД и Иран и најавените мировни преговори, финансиските пазари веднаш реагираа, а криптовалутите забележаа силен раст, предводени од биткоинот кој за кратко ја надмина границата од 72.000 долари. Водечката криптовалута порасна за над 4 проценти, при што на 8 април достигна раст од 4,3 проценти и се искачи над 71.000 долари, тргувајќи се околу 71.600 долари. Позитивниот тренд се прелеа и на останатите пазари, во ...
Група новоотворени кориснички сметки на платформата за обложување Полимаркет направиле прецизни и навремени облози за тоа дали САД и Иран ќе постигнат примирје на 7 април, при што оствариле профит од стотици илјади долари, покажуваат податоци од анализата на блокчејн трансакциите, пренесува Асошиејтед Прес. Обложувањата биле направени само неколку часа пред објавата за двонеделно примирје во вторникот, иако тогашната реторика на американскиот ...

