На седницата на Уставниот суд не се одлучи дали да се поведе постапка по иницијативата на Елизабета Дуковска бидејќи се гласаше изедначено, 4 беа „за“ и исто толку гласаа „против“ поведување. Судот ќе го почека изборот на нов уставен судија за мнозинство во одлучувањето. Ако некој од актуелните судии не го смени мислењето, многу веројатно ќе се чека изборот на Мери Дика во Собранието. На огласот, Судскиот совет ја исфрли Дуковска од игра за ...
Уставниот суд не пресече и со изедначен број гласови, четири „за“ и четири „против“, не одлучи да поведе постапка за оспорените одредби од Законот за судови и Законот за управни спорови, односно не собра доволен број гласови да каже дека нивната колешка, судијката Елизабета Дуковска, била неуставно разрешена со одлука на Управниот суд, две години по нејзиниот избор за уставен судија, без право на жалба. Останува да се чека гласот на новата ...
„Иако за овој предмет барам поведување постапка за одредбите, не значи дека ако се поведе постапка денеска, тоа ќе биде ’спасување’ на судијата Елизабета Дуковска чијшто избор за уставен судија беше поништен од Управниот суд… бидејќи ќе предложам укинување, а не поништување на одредбите… што би значело во иднина да не може да се повторува таква постапка“, рече уставната судијка Добрила Кацарска, известителка во предметот во кој се оспорени ...
Уставните судии се поделија. Четири наспрема четири за прашањето дали управниот суд може да поништува избор на уставен судија, член на судскиот совет или гувернер, дилема што се отвори откако управен го поништи изборот на Елизабета Дуковска, две години откако таа водеше предмети, гласаше и земаше плата во уставниот суд. Известителката на овој предмет, Добрила Кацарска вели дека овој предмет нема да ја „спаси” Дуковска, но ќе спречи вакви ...
Скопје, 22 април 2026 (МИА) - Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска ја одржа 10. седница, на која расправаше по пет иницијативи за оценување на уставноста и законитоста, одлучуваше по едно барање за заштита на слободите и правата и донесе две одлуки со кои укина спорни одредби од подзаконски акт и колективен договор Судот одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста на член 34 од Законот за изменување и дополнување на ...

