Македонската ракометна репрезентација, по вчерашното реми (29-29) со домаќинот Швајцарија на „Жолтиот куп“ во Винтертур, од денеска се сели во Данска каде ќе бидат реализирани завршните подготовки пред стартот на Европското првенство на 16 јануари. Македонската експедиција денеска преку Цирих и Франкфурт ќе се пресели во својата подготвителна база во Силкеборг каде, според информациите од нашиот табор, се очекува да пристигне околу 16 часот. ...

По крајот на турнирот националниот тим замина од Винтертур уште утрово, а отпатува кон Данска со три промени на лет. Поради итноста на патувањето и слабата поврзаност ракометарите летаат од Цирих до Франкфурт, па до Билунд и на крај до Силкеборг. Токму Силкеборг ќе биде нашата база во следните неколку денови, поточно до 13 јануари, а дури потоа ќе се пресели во соседен Хернинг. Доколку нема доцнење Кирил Лазаров ќе одржи тренинг попладнево во ...