Попладнево во манстирот Светите Петнаесет свештеномаченици во Струмица викарниот епископ Стобиски г. Јаков заедно со свештенството и монаштвото на струмичката епархија отслужија молебен канон кон Пресвета Богогодица за утеха, поткрепа и исцеление на постраданите како и за покој на душите на загинатите од пожарот во Кочани. На молебенот присуствуваа голем број верници како и членови на потесното семејство на младиот музичар Џоко Ѓоргиев кој ...

Сериозна, но стабилна им е состојбата на повредените пациенти кои во моментов се лекуваат од здобиените повреди од пожарот во Кочани. Се размислува и за враќање на дел од оние кои се лекуваат во странство. По извршената обдукција на починатите лица во пожарот, кај сите е констатирана насилна смрт од задушување што е предизвикано директно од пожарот. Според последните информации, вкупно 162 повредени пациенти моментално се лекуваат од здобиените ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржа прес-конференција на која информираше за тековните активности и мерки преземени од Министерството во врска со згрижувањето и поддршката на македонските граѓани повредени во пожарот во Кочани, кои во моментов се хоспитализирани во 14 европски држави. „Преку Кризниот штаб и нашите дипломатско-конзуларни претставништва направивме сè што е во рамките на нашите ...

Кај сите 59 настрадани во пожарот во Кочани причината за смртта е насилна и е настаната поради насилно задушување и е во директна поврзаност со пожарот во дискотеката „Пулс“, информира денеска првиот човек на Судска медицина, Александар Станков, во врска со обдукцијата на телата на сите починати во дискотеката. „Обдукциите почнаа во вечерните часови на 16 март, а завршија во претпладневните часови на 18 март. Паралелно со обдукциите, беше ...

Осомничени се 34 физички лица за несреќата во Кочани во која загинаа 59 лица, од кои шест деца. Сите осомничени се обезбедени истакна денеска на прес државниот јавниот обвинител, Љупчо Коцевски. Сите лица од 2012 до 2025 година заеднички воопшто не постапиле според прописите за мерки за заштита и со тоа предизивикале опасност за животот и телото за луѓето. „Верижните пропусти и незаконити дејствија на одговорните и службени лица довеле до тоа да ...

Вечерва во манастирот на Светите Петнаесет свештеномаченици во Струмица Викарниот епископ Стобиски Јаков со свештенството и монаштвото на Струмичката епархија на МПЦ-ОА отслужи молебен канон кон Пресвета Богогодица за утеха, поткрепа и исцеление на настрадите во Кочани и на сиот народ, како и за покој на душите на загинатите. На молебениот канон присуствуваа голем број верници, како и членови на семејството на трагично загинатиот струмичанец ...

Струмица, 19 март 2025 (МИА)-Вечерва во манастирот на Светите Петнаесет свештеномаченици во Струмица Викарниот епископ Стобиски Јаков со свештенството и монаштвото на Струмичката епархија на МПЦ-ОА отслужи молебен канон кон Пресвета Богогодица за утеха, поткрепа и исцеление на настрадите во Кочани и на сиот народ, како и за покој на душите на загинатите. На молебениот канон присуствуваа голем број верници, како и членови на семејството на ...