25 години подоцна, Охридскиот рамковен договор останува темел на меѓуетничките односи во земјава. Што е постигнато, а што сè уште останува предизвик? Од правичната застапеност до децентрализацијата и финансирањето – дел од прашањата и по четврт век остануваат отворени. Охридскиот договор не е само лекција од минатото и темел на меѓуетничките односи, туку обврска за иднината. Пораката од одбележувањето на 25-годишнината од потпишувањето е ...
Историски договор кој пред 25 години донесе мир, стабилност и заедништво во земјава и кој треба постојано да се одржува на патот на зреење на Македонија кон граѓанското општество. Вакви пораки денеска беа испратени од панел-дискусијата посветена на досегашната имплементација и на идните предизвици на Охридскиот рамковен договор, во организација на Министерството за односи меѓу заедниците, во Клубот на пратениците. На панел-дискусијата беше ...
Амбасадорот на Албанија во Македонија, Денион Мејдани, по повод 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор, преку објава на социјалните мрежи ја истакна важноста на Договорот за уставниот поредок и европската иднина на земјата. Мејдани оценува дека Охридскиот договор ги постави темелите за поправедна држава, заснована врз еднаквост, правична застапеност, официјална употреба на јазиците и децентрализација. Тој нагласува дека и по 25 години ...
Охридскиот рамковен договор не треба да се гледа само како историски документ, туку како жив механизам на уставниот поредок и како политичка насока за институциите на земјата. Научивме дека стабилноста не е случајност, таа се гради преку компромиси, почитување на договорите, довербата и почитување на различностите – истакна во својот говор во Владата, првиот вицепремиер Беким Сали. Вицепремиерот Александар Николоски пак истакна дека пред ...
По повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, порача дека договорот претставува темел на мирот, соживотот и демократската иднина на државата. Филипче истакна дека Македонија е заеднички дом на сите граѓани, а различностите треба да се негуваат како сила на општеството, а не да се користат за политички поделби и ширење омраза. Тој потсети дека со Охридскиот рамковен договор ...

