Македонската репрезентација вечерва од 18 часот го игра последниот натпревар од првата фаза на Европското првенство 2026. Во Хернинг, избраниците на Кире Лазаров ќе се соочат со Романија во обидот за победа со која ќе останат надежите и за пласман во главната фаза од шампионатот. Никола Митревски добро ги познава Романците, посебно нивниот селектор Георге Буричеа, со кого соработуваше…. „Во Романија играв две години заедно со нивниот селектор ...
Македонските ракометари добија ден одмор од стручниот штаб по големиот напор кој беше вложен против Португалија, а после херојското реми кое го остваривме, денеска е време и за прва победа на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Нашата репрезентација не зависи сама од себе и победа над Романија не е гаранција за пласман во главната рунда, но пред да дојде време за било какви калкулации, најважно е избраниците на Кире да се ...

