Леброн Џејмс и Лука Дончиќ постигнаа повеќе од половина поени на Лос Анџелес Лејкерс, но тоа не беше доволно за победа над еден од најслабите тимови во Источната конференција – Шарлот Хорнетс. „Езерџиите“ во својот дом во Лос Анџелес загубија со 117-135 и го претрпеа четвртиот пораз во последните пет натпревари во НБА лигата, а вкупно петнаесетти сезонава. Словенечкиот ас блесна со 39 постигнати поени, а Леброн го следеше со десет помалку, ...

Фантастичниот Ламело Бол постигна 27 од своите 30 поени во второто полувреме, израмни рекорд во кариерата со девет тројки, а Шарлот Хорнетс ги победија Лос Анџелес Лејкерс со 135-117 во еден од најинтересните натпревари од НБА синоќа. Уште еден одличен реализаториски настап имаше Лука Дончиќ и статистички разновидната игра на Леброн Џејмс, но тоа практично не значеше многу за Лејкерси. Бол имаше 11 асистенции и шест скока, а во второто ...