На комеморацијата за починатиот пејач Халид Бешлиќ, која ќе се одржи во Народниот театар во Сараево со почеток во 11 часот, говор ќе одржат Дино Мерлин, Емир Хаџихафизбеговиќ и Енис Бешлагиќ. Се очекува нивните зборови да го осветлат значењето на животот и делото на Халид – како на музички, така и на општествен план. Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина го прогласи понеделник, 13 октомври, за Ден на жалост. „Со оваа одлука оддаваме почит ...

Ковчегот со телото на пејачот Халид Бешлиќ бeше покриен со ќебе или покров на кој било напишано следново со арапско писмо: „Ла илаха илла Алах“ (لا إله إلا الله) што значи: „Нема друг бог освен Алах“ Тоа е првиот дел од исламскиот шахадет (исламско исповедање на верата), кој често се пишува на погребни покровови во исламската традиција. Во горниот дел (поблиску до главата) често има продолжение: „Мухамедун расул Алах“ (Мухамед е Пратеникот на ...

На трогателниот собир што се одржа во Сараево во чест на легендарниот пејач Халид Бешлиќ, емотивни моменти ја одбележаа вечерта. Еден од највпечатливите моменти се случи кога Ханка Палдум одржа говор посветен на нејзиниот долгогодишен пријателк и колега. View this post on Instagram A post shared by N1 Bosna i Hercegovina (@n1bih) Со солзи во очите, пејачката истакна колку Халид ѝ значи, не само како музички соработник, туку и како близок ...

Комеморацијата за легендарниот фолк пејач Халид Бешлиќ започна во 11 часот наутро во Народниот театар во Сараево, а започна со минута молчење. Потоа, се обратија внуците на Халид, Ламија и Белмин, кои порачаа дека тој за нив бил „љубов, гордост и штит“ за нив. Зборуваа и многу колеги на Халид, како што се Емир Хаџихафизбеговиќ, Фахрудин Пецикоза, Енис Бешлагиќ и други, а говорот на Дино Мерлин беше особено емотивен, којшто расплака многумина во ...

Денес (13. Октомври) ќе биде погребан пејачот Халид Бешлиќ, а во негова чест се одржа и комеморација која Hayat Media BIH ја пренесуваше во живо. Пејачот Дино Мерлин е еден од говорниците на комеморацијата за Халид Бешлиќ во Народниот театар во Сараево, а неговите зборови ја расплакаа целата сала. Имено, Дино упати сочувство до семејството, а потоа сподели „слики“ од неговата последна средба со Халид, во болницата. – Драги роднини, драги ...

Легендата на народната музика Халид Бешлиќ ќе биде погребан денес, 13 октомври, во Сараево, а пред погребот во 11 часот ќе се одржи комеморација. Познати личности, колеги на Халид, луѓе од светот на музиката, глумата и политиката полека пристигнуваат во зградата на Народниот театар. Прв пристигна докторот кој му го спаси животот на Халид во 2009 година, д-р Зариќ, а потоа и Емина Јаховиќ – видливо депресивна, oбјави српски Телеграф. Колку сите ...