Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер го загуби натпреварот од Охрид (29-25) во рамките на Суперлигата, а оваа средба имаше и „трето полувреме“. По мечот во „Билјанини Извори“ имало многу тензија, па од СВР Охрид информираа дека ракометар на гостинот е приведен. <<< - ПОВРЗАНО - „Трето полувреме“ во Охрид: Поднесена пријава против ракометар на Еурофарм Пелистер Сепак, од таборот на пелистерци демантираа дека Дејан Манасков е приведен. ...
Министерството за внатрешни работи објави дека ракометарот на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков бил приведен поради физички напад на член на стручниот штаб на противничкиот тим по вчерашното суперлигашко дерби, а битолскиот клуб излезе со еден вид демант. РК Еурофарм Пелистер со кратко соопштение ги демантира медиумите дека Манасков бил приведен по поразот од Охрид, потенцирајќи дека ракометарот бил повикан само на информативен разговор. – ...
Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер негира дека нивниот играч Дејан Манасков бил приведен по вчерашниот меч меѓу тимот од Битола и Охрид. Во кусото соопштение велат дека Манасков бил на информативен разговор во полициска станица. „Ракометарот на Еурофарм Пелистер – Дејан Манасков беше повикан на информативен разговор во СВР Охрид, по што е пуштен дома, ги демантираме сите медиуми, дека нашиот ракометар е приведен“, порачаа од битолскиот клуб. ...
Од таборот на РК Е. Пелистер информираат дека ракометарот Дејан Манасков бил повикан само на информативен разговор во СВР Охрид по инцидентот по мечот во Охрид и нападот на помошниот тренер на охриѓани, Крсте Андоновски. „Ракометарот на Еурофарм Пелистер – Дејан Манасков беше повикан на информативен разговор во СВР Охрид, по што е пуштен дома, ги демантираме сите медиуми, дека нашиот ракометар е приведен“ – информираа од РК Е. Пелистер. ...

