Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 9 декември. Денеска е Зачнување на св. Ана. Денес Црквата ги слави светите Јоаким и Ана, родителите на Марија, која се удостои, како избрана од целиот човечки род, да го роди самиот Бог. Уште попрецизно, Црквата се сеќава со радост на зачнувањето на онаа што подоцна ќе ја слават сите родови како Богородица. Во таа смисла, светите Јоаким и Ана. Црквата ги нарекува богоотци. КАТОЛИЧКИ ...

Праведните Јоаким и Ана беа бездетни цели педесет години од нивниот брачен живот. Живеја богоугодно и тивко и од сите свои приходи само една третина употребуваа за себе, другата им ја раздаваа на сиромасите, а третата ја даруваа во храмот. А беа доволно имотни. Еднаш на старост, кога одеа да Му принесат жртва на Бога во храмот, првосвештеникот Исахар го укори Јоаким: „Не си достоен од твојата рака да се прими дар, бидејќи си бездетен.“ Така и ...

Праведните Јоаким и Ана беа бездетни цели педесет години од нивниот брачен живот. На старост им се јави архангелот Гавриил, секому посебно, и им рече дека молитвите им се услишени од Бога и дека ќе родат ќерка, Марија. Тогаш Св. Ана зачна од својот маж и по девет месеци роди ќерка благословена од Бога и од сите човечки колена, Пресветата Дева Марија Богородица (поопширно под 9 септември). Тропар Денес се скршени оковите на бездетноста, ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 декември. Денеска е Св. маченици Мина, Ермоген и Евграф. Свети Мина беше римски војник во времето на цар Максимијан. Во една прилика, царот го испрати да ги смири нередите што беа настанале во Александрија и да ги гони тамошните христијани. Имено, царот не знаеше дека Мина и самиот е христијанин. Мина не само што не ги гонеше христијаните, туку многумина придоби за верата во ...

Охрид, 23. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Светите маченици Мина, Ермоген и Евграф. Мина и Ермоген беа родум атињани. Обајцата живееја во Цариград, во голема чест кај царот и кај народот. Мина беше познат по неговата голема ученост и красноречивост и однадвор се држеше како незнабожец, но во срцето беше христијанин. Ермоген беше цариградски епарх и се држеше за незнабоштвото и однадвор и ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 декември. Денеска е Преподобен Данил Столпник. Се роди во Месопотамија, во селото Витара, во почетокот на петтиот век. Беше син единец на своите родители, измолен од Бога, бидејќи тие долго време немаа деца. Кога имаше 12 години Данил стапи во еден манастир. После долги години подвиг, тој се пресели близу Византион и се искачи на еден столб. На тој столб се подвизуваше цели 33 ...

Охрид, 24. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Преподобен Данило Столпник. Роден е во селото Витара кај градот Самосат во Месопотамија, од родители христијани, Илија и Марта. Беше измолен од Бога од мајка му којашто беше бездетна и како син единец го посветија од малечок на служба на Бога. Во дванаесеттата година прими монашки чин, го посети светиот Симеон Столпник и го доби неговиот ...