ВМРО-ДПМНЕ во соопштение оцени дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, доживеал „целосен пораз“ на локалните избори и побара од него да поднесе оставка. Од партијата тврдат дека СДСМ изгубила во повеќе општини, меѓу кои и „бастионот Струмица“, а дека во Скопје не успеала да влезе ниту во вториот круг. Според ВМРО-ДПМНЕ, во главниот град партијата на Филипче се пласирала на четвртото место, зад ВМРО-ДПМНЕ, Влен и Левица, што во соопштението се ...

„Граѓаните и во бастионот на СДС јасно им кажаа ‘не’ на нивните политики. Венко Филипче ни помалку ни повеќе ја направи СДСМ трета партија, а по општини гледано некаде и четврта“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата додаваат дека СДСМ не успеала да го заземе ниту второто место, односно во повеќе општини е трета или четврта, меѓу кои ги наведуваат Битола, Брвеница, Бутел, Дебарца, Карпош, Кисела Вода, Кочани, Македонски Брод, Могила, Долнени, ...

Лидерот на СДСМ Венко Филипче треба да поднесе оставка по резултатите од локалните избори, на кои катастрофално изгуби и ДУИ, оцени денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. Македонија е обоена во црвено, ВМРО-ДПМНЕ ја има убедливо најголемата победа. Во вториот круг очекуваме уште една победа и работа – рече Николоски на партиска прес-конференција. Убеден е дека Скопје ќе го направи вистинскиот избор и оти кандидатот за ...