Поранешниот претседател Румен Радев оствари убедливо водство на парламентарните избори во Бугарија, откако неговата коалиција „Прогресивна Бугарија“ освои меѓу 38 и 39 проценти од гласовите, според првичните излезни анкети. Вакво високо ниво на поддршка за една политичка опција не е забележано од 2009 година. Партијата ГЕРБ бележи историски најслаб резултат од 14 до 16 проценти, додека со сличен резултат од околу 14 проценти се позиционира и ...

„Прогресивна Бугарија“ има добиено најмногу гласови на гласањето во Република Северна Македонија за парламентарните избори во Бугарија. За коалицијата предводена од поранешниот бугарски претседател Румен Радев гласале вкупно 160 избирачи, покажуваат податоците од извештаите на записниците во петте избирачки секции на територијата на земјата, јавува БТА. Со втор резултат е коалицијата „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“, која ...