Досегашниот министер за локална самоуправа Златко Перински е избор на Владата за нов директор на Фондот за здравство на местото на Сашо Клековски кој со реконструкцијата станува министер за здравство. Законот за здравствено осигурување, во член 57 пропишува директорот да има најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен – високо образование од областа на менаџментот, економските науки, финансиите, бизнис администрацијата, ...
Златко Перински ќе биде в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување до изборот на нов директор по распишувањето на јавен оглас. Според договорот за реконструкција на владата меѓу коалиционите партнери, Иван Стоиљковиќ се сели од министерството за политички систем и односи меѓу заедниците во Министерството за локална самоуправа, а Златко Перински од таму заменува на директорското столче во Фондот за здравствено осигурување на местото на ...
Комбинации од политичко, административно и академско искуство. Кај дел од имињата, образовни профили кои привлекуваат внимание, други пак, со долгогодишна работа во граѓанскиот и јавниот сектор. Со освежен состав ќе се заокружи најавената реконструкција на Владата. Промени има во повеќе ресори. Досегашниот министер за здравство Алиу ја напушта функцијата, а на негово место доаѓа досегашниот директор на Фондот за здравство. Сашо Клековски ...

