Европол соопшти дека во голема координирана акција низ 26 земји членки биле запленети повеќе од осум милиони фалсификувани и потенцијално опасни детски играчки, само неколку недели пред почетокот на божиќната трговска сезона. Акцијата, втора по ред за две години, ја подигна вкупната бројка на конфискувани нелегални играчки на речиси 17 милиони, што уште еднаш го отвора прашањето за огромниот прилив на неквалитетни производи на европскиот пазар. ...
Во две големи операции спроведени во изминатите две години, од пазарот на Европската Унија се отстранети 16,6 милиони пакувања фалсификувани и штетни играчки, во вредност од 36,8 милиони евра, а 555 лица се пријавени кај судските и здравствените власти, објави Европол. Во операцијата LUDUS IV (2023-2024), се запленети 8,4 милиони пакувања играчки, во вредност од околу 28,1 милиони евра, 125 лица се пријавени кај судските власти и 150 кај ...

