СДСМ упати критики до Владата поради состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, оценувајќи дека институциите ненавремено реагирале и побара кривична одговорност од надлежните. Од партијата реагираат на најавата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за почести анализи на водата, прашувајќи зошто таквите проверки се најавуваат дури сега и зошто во процесот не е поактивно вклучено Министерството за здравство. — реклама — СДСМ тврди ...

Водата од градскиот водовод во Гостивар сè уште не е безбедна за пиење и засега може да се користи само за технички потреби, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по седницата на Главниот штаб за управување со кризи. Тој соопшти дека забраната ќе биде укината дури откако ќе се добијат три последователни анализи кои ќе потврдат дека водата е исправна на сите мерни точки во градот. „Штом ќе имаме три последователни резултати кои ...

Паче Тошковски, министер за внатрешни работи, најави „почести анализи“ на водата во Гостивар.Министер за полиција ќе ја проверува водата? Каде е министерот за здравство Клековски? И тој е на екскурзија како Мицкоски? Нема место на светот каде министер за полиција што до вчера се занимаваше со хиперхлорирање, денеска станува стручњак за анализи на вода. Што работеа досега, реагираат од СДСМ. Зошто дури сега најавуваат анализи? Водата беше ...

СДСМ обвини дека здравствениот систем во Гостивар не е подготвен да се справи со последиците од, како што наведуваат, епидемијата предизвикана од загадена вода. — реклама — Од партијата тврдат дека во гостиварската болница дежура еден специјалист инфектолог, четворица специјализанти и дерматолози, оценувајќи дека тоа не е доволно за справување со зголемениот број пациенти. — реклама — Според СДСМ, дел од пациентите од Гостивар се префрлаат на ...

Анализата за состојбата со водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена најдоцна до 20 август, најави синоќа министерот за здравство Сашо Клековски. Клековски во гостување на телевизија „Канал 5“ изјави дека епидемиолошката состојба во градот постепено се стабилизира и дека бројот на пациенти кои првпат се јавуваат со стомачни проблеми е намален. „Во основа сега излегуваме од акутната фаза, веќе можам да кажам дека сме влезени во нормален ...

Министерот Клековски вчера објави: анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена дури до 20 август. Трујат луѓе со месеци. Епидемија на жолтица. Бактерии во водата. А резултатите ќе ги кажат дури за две недели, стои во соопштението на СДСМ. „Како тогаш можеа да тврдат дека водата е „технички исправна“? Единствен одговор: Затоа што Мицкоски лично рекол дека е исправна. За да се претстави како спасител и да собере евтини политички ...

СДСМ тврди дека проблемите со водоснабдувањето и загадената вода во повеќе делови од Македонија прераснале во сериозен здравствен и институционален проблем, за кој досега никој од власта не понел одговорност. Од партијата наведуваат дека во повеќе од 50 населени места е регистрирана загадена вода, а како најтежок пример повторно го посочуваат Гостивар, каде, според нив, околу 4.000 граѓани побарале медицинска помош. „Не може цела држава да ...