Прашан дали ќе има поедноставување на начинот за плаќање на казните кога системот ќе стане целосно оперативен, тој рече дека техничкиот тим што работи на него размислува за воведување посебна апликација преку која ќе се врши плаќањето на глобата За тоа дали ќе има праг на толеранција во однос на дозволената брзина, односно ако во градските средини е дозволено да вози со брзина од 50 километри на час, системот да дозволува извесна отстапка, ...
Началникот на Секторот за внатрешн работи (СВР) Скопје, Сашо Топаловски, вели дека системот „Безбеден град“, кој одброи точно една недела откако почна со тест-периодот, ги снима и табличките во боја што ги имаат службените возила на институциите, но, според него, засега не се знае дали некои од нив ќе бидат ставени на листа на возила за кои ќе има исклучоци, како што тоа, на пример, би било со специјализираните возила на противпожарните служби ...

