Исчезнувањето на морскиот мраз долж источниот брег на Гренланд им овозможи на големите китови да навлезат во области кои со децении им биле недостапни, а научниците нивното пристигнување го поврзуваат со големите промени во арктичкиот екосистем. Големите морски цицачи, меѓу кои се грбавите китови, финвалите и шилестите китови, сега во текот на летото ги користат отворените води покрај брегот за да се хранат. Станува збор за област во која ...

Повлекувањето на мразот, предизвикано од затоплувањето на морињата, отвори нови области за нивно летно хранење и доведе до голема промена во екосистемот на регионот, објави Би-Би-Си. Која е причината? Истражувањето покажа нагло зголемување на бројот на грбави китови - додека до 2006 година немаше регистрирани видувања на нив во областа, во 2007 година имаше седум, а до 2024 година дури 150. Врз основа на воздушни снимки, сателитско следење ...