Откако бил пријавен сигнал за киднапирање на летот Варшава – Тел Авив и летот бил пренасочен кон Кипар, израелските медиуми открија за што станува збор. Имено, откако било забележано дека авионот има активиран сигнал за киднапирање, Израел презел безбедносни мерки и ги кренал борбените авиони во воздух. Меѓутоа, во меѓувреме, пилотот изјавил дека сè е во ред и дека по грешка го притиснал копчето за сигнал за киднапирање. Пилотот потоа ...
Авион на „Електра ервејс“ што леташе од Варшава за Тел Авив беше пренасочен кон Кипар откако пилотот во пилотската кабина го активираше меѓународното предупредување за киднапирање. Според израелската телевизија Н12, Израел ги подигна борбените авиони како мерка на претпазливост и му нареди на патничкиот авион, кој превезуваше околу 180 патници, да не се упатува кон аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, туку да го смени курсот кон Кипар. ...

