На граничниот премин Табановце помеѓу Македонија и Србија денеска имало редици од странски возачи што чекале да платат казни за сообраќајни прекршоци снимени со камерите на Безбеден град. На возачите што патуваат низ Македонија до Грција или се враќаат од Грција им се препорачува да обрнат посебно внимание на ограничувањата на брзината, бидејќи камерите на системот Безбеден град ги контролираат и главните транзитни правци низ земјата. View ...

Имплементацијата на системот „Безбеден град“ од МВР велат дека продолжува и оти неговата примена постепено ќе се прошири и на останатите гранични премини во државата Странците кои со возила поминуваат низ земјава, а сториле сообраќаен прекршок од денеска ќе бидат казнувани на граничниот премин „Табановце“, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Оттаму додаваат дека на „Табановце“, при излез од државата, при контролата се ...