Црногорската полиција го бара лицето кое синоќа фрли солзавец на концертот на латино ѕвездата Рики Мартин на централниот плоштад во Подгорица по повод Денот на независноста. Солзавецот предизвика паника кај граѓаните, а концертот беше накратко прекинат, но набрзо продолжи. „Синоќа, околу 23 часот, во близина на сцената беше активирана рачна канистра со солзавец, што предизвика кратка паника кај граѓаните. Концертот набрзо продолжи. Полицајци ...
Поради инцидентот со солзавецот концертот на Рики Мартин за момент морало да биде прекинат. На социјалните мрежи беше објавено видео од граѓани како бегаат од плоштадот откако е фрлен солзавец. - Луѓето плачеа и бегаа од настапот на Рики Мартин. Фрлен е солзавец. Многумина мислеа дека е бомба. Настапот дури сега продолжи - изјави изворот за Telegraf.rs. Рики Мартин набрзо се врати на сцената и со насмевка им рече на публиката: - Ништо нема ...

