Двајца музички уметници, македонскиот кларинетист Игор Иванов и францускиот гитарист Ромен Петио, им приредија невообичаен музички коцерт на велешани. Иванов и Петио во дуо состав, освен што ја прикажаа блиската и суптилната музичка комуникација меѓу кларинетот и гитарата на концертот „Танго – Романса – Фолк“, кој што се одржа во Ликовен салон Велес, покажаа како функционира македонско француска уметничка соработка преку членување во ансамбл ...
Игор Иванов (кларинет) и Ромен Петио (гитара) повторно се среќаваат во Велес на еден исклучителен концерт, со програма која минува низ повеќе големи европски и јужноамерикански музички традиции. На програмата е музичко патување исполнето со различни бои со дела на Мануел де Фаља, Астор Пјацола, Енрике Гранадос, Бела Барток и македонската композиторка Ана Андовска. Меѓу народната музика и уметничката музика, ибериските ритми, влијанијата од ...

