Тренерот на Еспањол, Маноло Гонзалес, на денешната прес-конференција пред градската пресметка со Барселона на некој начин ги оправда најавите за напади и навреди кон голманот на Барса, Жоан Гарсија, кој летоска направи „предавство“ и трансфер од едниот во другиот тим, а ја критикуваше и одлуката главен судија да биде Каталонец. „Ова е посебен натпревар во однос на соперништвото. Победата утре би била огромен поттик за нашата самодоверба и ...
Дербито меѓу Еспањол и Барселона кое ќе се одигра утре ќе биде едно од најжешките во последните неколку години, од една страна поради трансферот на Жоан Гарсија, но од друга и поради сите најави кои се направија во јавноста во изминатите две недели додека траеше двонеделната божиќна и новогодишна пауза. Навивачите на Еспањол се најдоа на мета на шпанските новинари и Ла Лига најави дека ќе бидат преземени посебни мерки за одржување ред на ...

