Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Арне Слот би можел експресно да се врати во англискиот фудбал откако остана без ангажман во Ливерпул. Според англиските медиуми, холандскиот стратег е прв фаворит за нов менаџер на Фулам. Иако се очекуваше Слот да направи подолга пауза по заминувањето од „Енфилд“, интересот од премиерлигашот очигледно ја менува ситуацијата. Покрај Фулам, името на Слот се поврзува и со Вест Хем, како и со неговиот поранешен клуб Феjнорд. Арне Слот официјално ...
Светското првенство би можело да донесе невообичаено долги прекини на натпреварите поради строгите безбедносни протоколи кои важат во Соединетите Американски Држави при појава на невреме и електрични празнења. Според американските правила, секој спортски настан мора веднаш да биде прекинат доколку се регистрира молња или електричен удар во радиус од осум милји (околу 13 километри) од стадионот. Во таква ситуација, фудбалерите се повлекуваат ...
Германскиот математичар и економист Јоаким Клемент верува дека има исклучително прецизна формула со која може да го пресмета победникот на претстојното Светско првенство 2026 година, иако натпреварувањето сè уште не е започнато. Неговиот аналитички модел привлече големо внимание во текот на изминатите години, бидејќи Клемент успеа да предвиди кој ќе го освои Светското првенство три пати по ред! Анализата што ја врши не се базира само на збир ...
За фаворитската улога на Холандија на утрешниот премиерен меч од новото издание на Европската лига 2026 против нашата одбојкарска репрезентација, веројатно и не треба да се зборува. Доволно е само да се погледнат последните три меѓусебни натпревари на овие две репрезентации кои „лалињата“ ги добија со максимални 3:0. Македонија утревечер (19 ч.) ќе ја пречека Холандија во салата „Парк“ во Струмица на почетокот на силното репрезентативно ...
Македонија пред една недела беше погодена од трагичната вест за смртта на младиот 13-годишен фудбалер, Аган од селото Черкези, кој загина во сообраќајна несреќа откако беше удрен од возило додека беше на електричен тротинет. Неколку дена потоа младиот Давид од редовите на ФК Еуроспорт постигна гол и му го посвети на Аган, а приказната сега доби продолжение откако семејството на 13-годишното момче го посети Давид. Семејството на Аган дојде ...
Англискиот премиерлигаш Ливерпул е подготвен за големи промени ова лето, откако и официјално беше ставен крај на соработката со трофејниот холандски стручњак, Арне Слот. Холанѓанецот, кој го предводеше Ливерпул до титулата во Премиер лигата во својата прва сезона, не ги исполни големите очекувања во својата втора сезона и затоа доби отказ пред неколку дена. Раководните лица на „црвените“ решија да не губат многу време во потрагата по неговиот ...
Патрис Евра привлече доста внимание во моментот кога Арсенал стави крај на 22-годишното чекање во Премиер лигата, а неколку дена по финалето во Лигата на шампиони, сега се најде во фокусот со луд перформанс. Евра беше човекот кој го нарече Арсенал „Нетфликс ФК“ поради фактот што секоја сезона имаше нов обид за титула во Премиер лигата, но откако Микел Артета и неговите играчи ставија крај на долгото чекање, Евра сега се нафрли на друго поле. ...
Тренерот на Скопје, Александар Таневски, не го криеше задоволството по обезбедениот пласман во Првата македонска фудбалска лига, истакнувајќи дека успехот има посебна тежина за него поради силната поврзаност со клубот. „Тешко е со неколку реченици да се опишат сите емоции по завршувањето на натпреварот. За мене, овој клуб никогаш не бил само клуб. Тука поминав пет сезони како фудбалер, ја имав честа да бидам капитен и доживеав многу убави, но ...
8007 Дубаи – Партизан (18.00 часот) Ова е прв меч од финалето на АБА-лигата кое се игра во три добиени средби. Двата тима се евролигаши, а Дубаи ќе се обиде првпат да ја освои титулата во регионалната лига, во која некогаш играа тимови само од просторите на поранешна Југославија. По неколку месеци, Дубаи се враќа во својата сала, а од друга страна, Партизан оди по рекордната деветта титула во јадранската лига. Традицијата покажува дека кога ...
Македонски судиски тим предводен од судијката Ирена Велевачкоска ќе ја дели правдата на натпреварот од Лигата Ц, Група 2 во рамките на женската Лига на нации помеѓу репрезентациите на Бугарија и Гибралтар. Средбата ќе се одигра утре со почеток од 17:00 часот на стадионот „Славија“ во Софија. Покрај Велевачкоска, во судискиот тим од Македонија се и помошничките Вјолца Изеири и Тамара Цветановиќ, додека улогата на четврти судија ќе ја извршува ...
Њујорк направи пресврт во второто полувреме и се избори за стартна победа во НБА финалето, но во моментите кога почнуваше да се дистанцира на семафорот, следеше и мал прекин. Финалето во Тексас беше прекинато од страна на натрапник кој влета на теренот, односно од фан на Сан Антонио кој сакаше да направи селфи со главната ѕвезда. Млад фан на Спарси влезе на теренот и единстена цел му беше одблиску да се фотографира со францускиот ...
Мундијалот започнува за седум дена, а познати се листите на сите 48 репрезентации, секоја од нив има по 26 играчи, што е вкупно 1248 фудбалери, а сега е познато кој клуб може да тврди дека има најмногу членови на Светското првенство. Тоа е Манчестер Сити, вицешампион на Англија и освојувач на двата англиски купа, кој испраќа дури 19 играчи од 12 различни репрезентации на Светското првенство. На овој начин, Сити го сруши рекордот поставен од ...
Во минатото бевме сведоци на прекини на големи спортски настани поради влетување на навивачи на терен, но никогаш досега такво нешто се немаше случено во големото финале на НБА-лигата. Се до рано утрово, кога еден навивач на Сан Антонио реши да влета на терен, за да има селфи за спомен со Виктор Вембињама. Мечот беше максимално напнат и неизвесен, а на шест и пол минути до крајот Сан Антонио бркаше негатива од шест поени кога играта беше ...
Напаѓачот на Ливерпул, Коди Гакпо, изразил желба да го напушти Ливерпул. Наводно би загрижен за своето место во тимот, откако тренерот Арне Слот доби отказ. Репрезентативецот на Холандија, во Ливерпул пристигна во 2023 година од ПСВ Ајндховен. „Црвените“ за неговиот трансфер издвоија 50 милиони евра. Гакпо, зад себе има лоша сезона и покрај тоа што играше многу под палката на сонародникот Слот. Напаѓачот сака да го напушти клубот, бидејќи ...
Песната на Дубиоза Колектив „Јас сум од Босна, однесете ме во Америка“ ги собра симпатиите на многу фанови на БиХ од целиот свет, а сега стигна и до радио емисијата на Би-Би-Си. Благодарение на пласманот на фудбалската репрезентација на Би-Би-Си на Светското првенство, оваа песна во преработена верзија „оживеа“ повторно. Водителите на Би-Би-Си Радио 2 во „The Radio 2 Breakfast Show“ со ентузијазам ја коментираа оваа песна. -Босна и ...
Флавио Коболи го оствари најголемиот успех во кариерата и се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос, резултат кој е најдобар за него на било кој грен слем турнир на кој има заиграно. Италијанскиот тенисер го доби Феликс Оже-Алијасим со пресврт и со 3:1 си закажа пресметка со сонародникот Арналди, но Коболи стана посебен хит во Париз поради изјавата која ја даде на прес-конференцијата. Како човек кој верува во натприродни сили и суеверија, ...
Изборите за претседател на Реал Мадрид кои ќе се одржат в недела донесоа незапаметен хаос и војна со милионски ветувања. За првпат од 2004 година, актуелниот 79-годишен претседател Флорентино Перез се соочува со реален противкандидат во името на 37-годишниот претприемач Енрике Рикелме. Рикелме го направи својот најголем потег за време на гостувањето во популарната шпанска емисија „El Hormiguero“, каде што го презентираше дресот со број девет ...
Легендата на Челзи, Боби Тамблинг, кој беше најдобар стрелец на клубот на сите времиња повеќе од четири децении, почина на 84-годишна возраст. Тој последниот период се бореше со деменција. Помеѓу 1959 и 1970 година, Тамблинг постигна 202 гола на 370 натпревари за лондонските Сини. Овој рекорд беше на сила до 2013 година, кога го надмина Френк Лампард. Тамблинг постигна пет гола против Астон Вила во 1966 година и тоа уште е рекорд на Челзи по ...
Екипата на РК Младост 1977 е победник на бараж натпреварот за пласман во Супер машката лига и со тоа обезбеди место меѓу најдобрите екипи во македонскиот машки ракомет за натпреварувачката сезона 2026/27. Во решавачкиот меч играчите на Младост 1977 триумфираа над Струга со резултат 25:22. Најефикасен кај победниците беше Андоновски со шест голови, Илиќ придонесе со 18 одбрани. А на спротивната страна Костов и Мечкаровски по петпати се ...
Македонскиот репрезентативец Агон Елези се наоѓа на самиот врв на листата на највредни фудбалери во Премиер лигата на Босна и Херцеговина, откако неговата пазарна вредност е проценета на 800.000 евра. Играчот за врска на Сараево кој има 25 години го дели првото место на оваа листа со Маџид Шошиќ од Железничар, а зад нив следуваат неколку млади таленти и репрезентативци од Борец Бања Лука, Зрињски и Сараево. Елези зад себе има одлична сезона ...
Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука да го казни ФК Вардар со 15.000 евра. Причина за санкцијата е скандалозната прослава на шампионската титула, по натпреварот со Струга ТЛ и беше пренесено на социјалните мрежи, а во кое беше спомената и македонската музичка ѕвезда Каролина Гочева. Снимките од прославата предизвикаа бројни реакции во јавноста и отворија дебата за однесувањето на учесниците во ...
Македонскиот ракометен голман Андреј Петковски ќе има нов интернационален предизвик во својата кариера, откако официјално се пресели во редовите на чешкиот шампион Талент Плзен. Дваесет и петгодишниот чувар на мрежата зад себе остави успешна сезона во полскиот Пулави, каде со своите настапи го привлече вниманието на повеќе европски клубови. Сепак, Петковски се одлучи кариерата да ја продолжи во еден од најуспешните клубови во Чешка, кој и ...
Италијанскиот тенисер Матео Беретини го објасни повлекувањето од четвртфиналниот натпревар на Ролан Гарос, откако поради повреда беше принуден предвреме да го заврши мечот против сонародникот Матео Арналди. Беретини го предаде натпреварот при резултат 7:5, 5:2 во корист на Арналди, а како причина го наведе проблемот со левиот колк. — реклама — „Дефинитивно станува збор за колкот. Не знам точно што е проблемот. Се надевам дека прегледите ќе ...
Флорентино Перез синоќа и официјално потврди дека по неговата победа на претседателските избори за нов тренер ќе го именува Жозе Мурињо. Сите детали од тригодишниот договор со португалскиот стратег се веќе средени, „специјалниот“ доставил листа со засилувања што Перез почна да ја исполнува (Конате, Дамфрис…), но Португалецот исто така ја составил и трансфер–листата со играчи кои слободно можат да почнат да се пакуваат, а нивните агенти да им ...
Реал Мадрид ја информирал Бенфика дека следната недела ќе ја плати откупната клаузула на Жозе Мурињо од 15 милиони евра, дознава „Рекорд“. Доколку Флорентино Перез победи на претседателските избори во Реал Мадрид, Жозе Мурињо сигурно ќе се врати во шпанската престолнина. Во среда, Перез сподели видео од Мурињо во белиот дрес. Според „Рекорд“, Мурињо ја уверил Бенфика дека видеото е генерирано од вештачка интелигенција, но португалските ...
Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис Де ла Фуенте, истакна дека Ламин Јамал ќе биде подготвен за првиот натпревар на Светското првенство. Јамал го пропушти крајот на клупската сезона поради повреда на тетивата, но Де ла Фуенте сепак го вклучи во националниот тим, велејќи дека ќе биде подготвен за првенството. „Доколку, сè биде според планираното Јамал треба да биде подготвен за натпреварот на 15 јуни, но тоа не гарантира ...
Енрике Рикелме ја запали шпанската спортска јавност со објавата дека Ерлинг Халанд е негов „втор ас во ракавот“, односно играч кој со сигурност ќе го засили Реал Мадрид доколку тој победи на претседателските избори. Претседателската кампања влегува во самата завршница и двајцата кандидати издвоија имиња кои ќе бидат лидери на новиот проект, а додека Флорентино Перез се задржа на Жозе Мурињо и Конате, неговиот помлад колега ги издвои имињата ...
Како ретко кога, во Супер типот на Sport Life фудбалот не е најброен, а токму таква ситуација имаме денеска, од 16-те понудени мечеви со зголемени квоти, само пет се фудбалски. Но, затоа дуелите се прилично атрактивни за типување, станува збор за пријателски мечеви на силни репрезентации кои ќе играат на СП 2026 и џокерите треба да се искористат. Од тенисите, супер квоти има за победи на фаворитките во денешните две женски полуфиналиња, ...
Еден од најстарите и најреномирани турнири во мал фудбал во регионот, „Петровден“ во Мешеишта, годинава ќе се одржи по 51-ви пат, продолжувајќи ја традицијата која повеќе од пет децении обединува генерации спортисти, рекреативци и љубители на фудбалот. Организаторот го отвори пријавувањето за учество на годинешното издание, кое ќе трае до 14 јуни. Котизацијата за настап изнесува 5.000 денари по екипа, додека ждрепката за групната фаза и ...
Душан Влаховиќ повеќе од една година преговараше за да ја продолжи соработката со Јувентус, за момент се чинеше дека двете страни се многу блиску до наоѓање на заеднички јазик, за вчера официјално да биде потврдено дека Србинот дефинитивно ќе ги напушти „црно-белите“ од Торино како слободен играч. Влаховиќ инсистираше на плата од осум милиони евра, плус осум милиони евра бонус за потпис на новиот договор, последната понуда на Јувентус ...