Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Поранешниот тренер на Фенербахче, Жозе Мурињо, поднесе тужба против Турција до Европскиот суд за човекови права поради дисциплинските санкции што му беа изречени додека го водеше турскиот клуб. Судот во Стразбур ја прифати тужбата на разгледување и официјално побара изјава од турската влада, која има рок од шест месеци да одговори, јавуваат турските медиуми. Случајот произлегува од санкциите што му ги наметна Дисциплинскиот одбор за ...
Во последните неколку месеци се зборуваше многу за тоа, но сега се чини дека е готово. Лука Модриќ ќе ги обеси копачките по Светското првенство. Хрватскиот интернационалец и еден од најдобрите играчи за врска на 21 век одлучи да ја заврши својата играчка кариера по Светското првенство, објавува добро информираниот италијански новинар Нико Скира. Договорот на Модриќ со Милан, кој го имаше до крајот на тековната сезона, истече, и многу е јасно ...
Најтрофејниот европски кошаркарски тренер Жељко Обрадовиќ во разговор за шпанските медиуми откри дел од своите размислувања за иднината, но не даде конкретен одговор дали повторно ќе седне на тренерската клупа. Иако во јавноста сѐ погласно се шпекулира за неговото можно враќање во кошарката, легендарниот стратег истакна дека во моментов не размислува за конкретен ангажман и дека конечната одлука ќе ја донесе по завршувањето на националните ...
Натпреварите на Светското првенство можно е да имаат и по неколку часа одложување доколку бидат лоши временските услови. ФИФА нема утврден рок во своите правила за тоа кога натпреварот мора да биде прекинат, а во Соединетите Американски Држави има строги локални протоколи кои мора да се почитуваат. Според протоколот на САД, натпреварот мора веднаш да се прекине ако се открие гром во рамките на осум милји, или околу 13 километри, од ...
Италијанските тенисери Сара Ерани и Андреа Вавасори го освоија трофејот во мешани двојки на Ролан Гарос, откако во финалето ги победија Габриела Дабровска од Канада и Еван Кинг од САД со конечни 2-1, по сетови 4-6, 6-3 и 10-4. Мечот за титулата траеше еден час и 19 минути, а Ерани и Вавасори го одбранија тронот освоен минатата година, стигнувајќи до вкупно четвртата Грен-Слем титула во кариерата. Истата двојка во 2024 и 2025 година ...
Јапонската репрезентација се најде во центарот на вниманието пред стартот на Светското првенство, откако изрази сериозно незадоволство од условите во тренинг базата што им беше доделена во Монтереј. Фудбалерите и стручниот штаб се непријатно изненадени од состојбата на теренот во тренинг центарот на Тигрес, кој според нив не е соодветен за подготовка на врвни спортисти. Најголемата загриженост е можноста за повреди, поради што Јапонците ...
Од огромни очекувања откако пристигна од Фиорентина за 80 милиони евра, до растечко разочарување кај фановите на „Старата Дама“. Ова е анизата за Душан Влаховиќ на „Тутоспорт“. Србинот сега го напушта клубот како слободен агент, и заминува во друга средина. Влаховиќ пред четири години пристигна како огромно засилување. Тој е вториот најскап трансфер во историјата на клубот после Кристијано Роналдо, но ниту одблиску не беше како Португалецот. ...
Четирикратниот светски првак Италија третпат по ред нема да биде дел од најголемиот планетарен фудбалски собир, па јасно е дека нешто мора да се менува во националниот состав. По шокантната елиминација од Босна и Херцеговина, Италија синоќа го одигра првиот меч, и тоа на гости кај Луксембург. Аѕурите славеа минимално со 1:0, а привремениот селектор Силвио Балдини направи драстична промена во составот. Тој реши во стартните 11 да бидат ...
Поранешниот возач на Формула 1 и брат на легендарниот Михаел Шумахер, Ралф Шумахер (50), се омажи со својот партнер Етјен Буске-Касањ (36) минатиот викенд, објавувајќи емотивна порака и фотографии од свадбата на Instagram. Ралф, кој е во врска со Етјен повеќе од две години, се разведе од сопругата Кора во 2015 година и јавно се изјасни како геј една година претходно. Венчавката се одржа во Сен Тропе, беше снимена, а премиерата ќе се одржи на ...
Светското првенство на ФИФА започнува на 11 јуни со натпреварот помеѓу Мексико и Јужна Африка во Мексико Сити. Овогодинешното издание носи сосема нов формат на натпреварувањето. За прв пат во историјата ќе се натпреваруваат 48 репрезентации, што значи рекорден број натпревари – дури 104, во споредба со 64 одиграни на целиот турнир во 2022 година. Вкупно 48 репрезентации ќе бидат поделени во 12 групи од по четири екипи. Двете најдобри екипи ...
Мексико, кој е еден од трите земји домаќини на Светското првенство кое започнува за седум дена, се најде во центарот на еден проблем поврзан со јапонската фудбалска репрезентација. По доаѓањето во базата во Монтереј, Јапонците биле непријатно изненадени од тоа во каква состојба се наоѓа теренот на којшто треба да тренираат и да се подготвуваат пред почетокот на Мундијалот. Јапонците биле толку револтирани што се заканиле дека дури ...
Поразот на Сан Антонио од Њујорк во првиот натпревар од НБА финалето не го загрижува Виктор Вембањама, кој порача дека неговиот тим ќе изгледа многу подобро во продолжението на серијата. Никси славеа на гостински терен со 95-105 и веднаш ја одзедоа предноста на домашниот паркет. „Секој тим ве брани на различен начин и од мене се бара да пронајдам решенија. Бев лош вечерва, не е покомплицирано од тоа. Им дозволивме премногу офанзивни скокови и ...
„Шишињата за вода за повеќекратна употреба повеќе не се дозволени на стадионите на Светското првенство “ – вака гласи анредбата од страна на ФИФА, кон организаторите САД, Мексико и Канада, на претстојниот Мундијал. Светската кровна организација смета дека екстра популарните шишиња на тој континент се потенцијална опасност, па за да се спречи секаква можност од евентуална повреда, истите нема да бидат дозволени. Секако, ова го покренува ...
Во својата континуирана мисија за масовна промоција на олимпизмот и негување на спортските вредности ширум државата, Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) успешно ја организираше спортската манифестација „Олимписки ден“. Овој значаен настан, кој е дел од стратешката програма на МОК за инспирирање на младите кон активен начин на живот, се реализираше со огромна поддршка и во директна соработка со Општина Кичево и основното училиште „Кузман ...
Еден до најдобрите дефанзивци во домашниот шампионат, Бојан Илиевски има истечен договор со неговиот досегашен клуб Струга ТЛ. Битолчанецот сега има одврзани раце за да одбере каде сака да ја продолжи неговата кариера, а опциите се следни Секако дека Струга ТЛ како сериозен и стабилен клуб со европски амбиции му понуди нова соработка, но во исто време повремениот македонски репрезентативец има опција да замине и во Хрватска. Според ...
Пријателскиот натпревар меѓу Албанија и Израел во Тирана донесе тензии и инцидент на теренот, откако гостите славеа со минимални 0-1. Клучниот момент се случи во 73. минута кога Оскар Глук го постигна единствениот погодок на средбата. Сепак, наместо само радост по голот, израелскиот фудбалер испровоцира бурна реакција кај домашните. Глук за време на прославата им гестикулираше на албанските навивачи да замолчат, а воедно го покажуваше и грбот ...
Кадетската екипа на Вардар стигна до престижната двојна круна во македонскиот фудбал откако во спектакуларен финален натпревар успеа да го освои трофејот во Купот на Македонија. „Црвено-црните“ надежи во големото дерби славеа против вечниот ривал Пелистер по подобро изведување на пенали, откако регуларниот дел од средбата заврши со нерешени 3:3. Спектакл во 90 минути и постојани резултатски пресврти Финалистите одиграа извонреден и крајно ...
Пријателскиот фудбалски натпревар меѓу Албанија и Израел, одигран синоќа во Тирана, заврши со победа на гостите од 1-0, но беше обележан со наелектризирана атмосфера и на теренот и на трибините. Уште пред почетокот на дуелот, израелските фудбалери беа пречекани со негодување. За време на интонирањето на националната химна на Израел, околу 6.600 навивачи на стадионот „Ер Албанија“ испратија свирежи. The Israeli national anthem was booed ...
Екипата на Баер Леверкузен се одлучи кој ќе биде новиот тренер. Станува збор за Шпанецот Карлес Мартинез Новел, кој досега го водеше Тулуз. 42-годишникот ќе го замени Каспер Хјулманд, кој доби отказ по завршувањето на сезоната. Новел потпиша договор на две години. Ова тренерско име е целосно изненадување, ако се има во предвид дека „фармацевтите“ беа во преговори со Андони Ираола, но тој на крајот се реши да ја прифати понудата од Ливерпул. ...
По донекаде надреалната презентација на Енрике Рикелме, првиот и единствен конкурентски кандидат на Флорентино Перес во борбата за водство на „Кралскиот клуб“ по 20 години, се огласи и 79-годишникот. Рикелме, да потсетиме, ги најави Ерлинг Халанд и Родри како мега засилувања доколку членовите на клубот гласаат за него! Во меѓувреме, Манчестер Сити објави дека би можел да поднесе тужба против бизнисменот за лажни наводи - додека од друга ...
Тотенхем подготвува нова понуда за дефанзивецот на Брајтон, Јан Пол ван Хеке, откако нивната првична понуда беше одбиена. Брајтон го проценува 25-годишниот холандски репрезентативец на речиси 80 милиони евра, и покрај фактот дека му останува само една година од договорот. Тренерот на Тотенхем, Роберто Де Зерби, под чие водство играше Ван Хеке кога Италијанецот го водеше Брајтон, би можел да игра клучна улога во преговорите. Таа врска е ...
Јапонската фудбалска репрезентација се подготвува за учество на најголемиот светски фудбалски настан, а играчите од земјата на „изгрејсонцето“ пристигнаа во својата база каде што доживеаја, благо речено, вистински шок. Имено, јапонскиот тим требаше да се подготвува во тренинг центарот на „Тигрес“, но тој е во толку лоша состојба што јапонското раководство се закани со повлекување од Светското првенство, што секако би бил невиден преседан. 🚨 ...
Само неколку дена откако доби отказ од Ливерпул, Арне Слот е блиску да преземе друг тим во Премиерлигата. Тој се раздели од Ливерпул на 30. мај, откако Ливерпул ја имаше една од најлошите сезони во последните години, завршувајќи на разочарувачкото петто место без ниту еден трофеј. Се очекува поранешниот менаџер на Борнмут, Андони Ираола да биде неговата замена, а веќе е постигнат усмен договор. Се шпекулираше со преземање на Милан по ...
Грчкиот стручњак Василис Спанулис е новиот тренер на кошаркарот Арис, објави клубот од Солун. Спанулис (43) потпиша тригодишен договор со Арис. Грчките медиуми објавија дека годишно ќе заработува 1.200.000 евра. Претходно ги тренираше Перистери и Монако, а моментално е тренер на грчката кошаркарска репрезентација. Спанулис го замени Игор Миличиќ на тренерската позиција на клубот од Солун. Кошаркарите на Арис ја завршија сезоната во грчкото ...
Фудбалската репрезентација на Панама се најде во центарот на вниманието на социјалните мрежи, откако видео од еден од нивните отворени тренинзи стана вирално и предизвика бројни реакции. На снимката се гледаат потешкотии во реализацијата на една вежба, како и неколку непрецизни додавања на фудбалерите, што веднаш доведе до низа коментари. Панама, која по вторпат ќе настапи на Светско првенство по дебито во 2018 година, е сместена во групата ...
Дојде време за разделба помеѓу Душан Влаховиќ и Јувентус. Србинот си заминува од Торино, и сега тимот ќе мора да бара негова замена. Тоа е главна тема во италијанските медиуми, а Јувентус сега ќе мора да се сврти кон некои други решенија во нападот и се чини дека ќе биде многу тешко да се најде играч со слични карактеристики и ист квалитет. Меѓутоа Јувентус нема намера да купи еден, туку двајца голгетери, со цел да го засили нападот кој во ...
Тјери Анри е жива легенда на Арсенал и последно беше доста актуелен по непосакуваниот пораз кој го претрпе неговиот омилен тим во финалето во Лигата на шампиони, но од друга страна, како Французин не штедеше и комплименти за новата извонредна сезона на ПСЖ и Луис Енрике како лидер на проектот. Анри не го криеше разочарувањето како фан на Арсенал и жалеше за новата пропуштена шанса во финале на Лига на шампиони, но неколку дена подоцна, Тити е ...
На 06-ти јуни (сабота), по повод Денот на Европа, ќе се одржи меѓународна велосипедска тура со над 80 учесници и дипломатски претставници во организација на Европска куќа од Струга. Колоната, како што информираат организаторите, ќе се движи со полициска придружба на следните улици: СТРУГА (10:30 – 11:30 ч.): Старт од Општина Струга, по ул. „Владо Малески“ и ул. „Маршал Тито“ кон ГП Ќафасан. ОХРИД (15:15 – 16:30 ч.): Влез по бул. „Св. Наум ...
Со проширувањето на Светското првенство на 48 репрезентации, на Мундијалот во 2026 година за првпат во историјата ќе настапат четири национални селекции – Узбекистан, Јордан, Зеленортските Острови и Курасао. Ова историско проширување им овозможи на помалите фудбалски нации да се најдат на најголемата светска сцена и да испишат нови страници во својата спортска историја. Доколку не се сметаат 13-те репрезентации кои учествуваа на првото ...
Како и претходните години, германската фудбалска репрезентација во последните недели пре дпочетокот на Мундијалот има интензивни преговори со Федерацијата за наградите кои би ги добиле според остварениот пласман. На преговарачката маса се капитенот на Германија, Џошуа Кимих, членот на советот на тимот, Џонатан Тах (30), кој го претставува тимот, и извршниот директор Андреас Ретиг, кој ја претставува федерацијата. Според информациите од ...