Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Европската унија изрази загриженост во врска со одлуката на Косовскиот совет на обвинители (TSK) да го отфрли повлекувањето на оставките поднесени од српските обвинители во Косово во 2022 година, како и указот на вршителот на должноста извршен директор на Косово. Во писмената изјава на портпаролот на Европската Унија, се наведува дека таквата одлука е „неконзистентна со законот, правилната постапка и општите барања на владеењето на правото ...
Речиси две недели по драматичниот инцидент на летот на „Рајанер“ од Солун до Меминген, првпат јавно проговори 61-годишниот Љубиша Каровиќ, кој за малку ќе го загубел животот откако се скршил прозорецот до неговото седиште. Инцидентот се случил на 10 јули, кога, според неговото сведоштво, неколку минути по полетувањето се слушнал силен удар. Наводно, дел од моторот удрил во прозорецот, кој се скршил, а поради наглата декомпресија Каровиќ бил ...
Градот кршеше шофершајбни на автомобили, силниот ветер корнеше дрвја и однесе делови од фасади, додека поројните води затрупаа некои градски улици со камења, земја и урнатини, во делови од Црна Гора. Sieh dir diesen Beitrag auf Instagram an Ein Beitrag geteilt von Pvportal (@pvportal.me) Според досегашните информации, нема повредени, објави локалниот „PV портал“. Sieh dir diesen Beitrag auf Instagram an Ein Beitrag geteilt von Radio i ...
Силно невреме со пороен дожд, грмежи и огромни зрна град ја погоди хрватска Истра, а најтешко беше во Ровињ, каде што двајца туристи завршија со повреди на главата. Невремето продолжи да се движи кон Далмација, за која беше вклучен и највисокиот, црвен метеоролошки аларм. Во Ровињ паѓале зрна град со големина на орев, а дел од нив биле поголеми од пет сантиметри. Материјалната штета врз автомобили и друг имот сè уште се утврдува. Двајца ...
Истра денеска беше погодена од силно невреме, при што над морето се развиле четири суперќелиски бури, феномен кој, според метеоролошкиот портал „Истрамет“, не е забележан во регионот во последните неколку години. Најголема штета е пријавена во областа на Ровињ, каде што паднал град со дијаметар поголем од пет сантиметри. Големите зрна мраз оштетиле бројни автомобили и предизвикале материјална штета. Бурниот систем потоа продолжил кон ...
Според информациите што ги објавија хрватските медиуми, во Доминиканската Република било пронајдено тело за кое постои сомневање дека му припаѓа на исчезнатиот Хрват Филип Михалиќ. Сепак, хрватското Министерство за надворешни и европски работи нагласува дека засега не добило официјална потврда од надлежните институции за идентитетот на лицето или за смртта на Михалиќ. Филип Михалиќ исчезна пред неколку дена за време на престојот во ...
Амир Узуновиќ (39), државјанин на БиХ, осомничен за убиство на својата партнерка Зијада (36) во словенечкиот град Вухред, е уапсен во близина на станбената зграда каде што го изврши делото. Според полицијата, по убиството тој ја преплива реката Драва и се криеше на неколку локации. Како што истакна словенечката полиција, во текот на вчерашниот ден, кога се случи делото, примија неколку повици од граѓани и секој од нив го проверија. „Двајца ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во вторникот изјави дека изборите ќе бидат распишани „многу наскоро“. Но, тој повторно не даде попрецизни информации за датумот на вонредните парламентарни и претседателски избори, кои ги најавуваше неколкупати во изминативе месеци. – Изборите ќе бидат распишани многу наскоро – кратко им одговори Вучиќ на новинарите, во текот на обиколката на работите за изградба на мостот помеѓу Велика Плана и ...
Грција е на удар на топлотен бран, а според грчките медиуми, термалните камери регистрирале температури до 60 степени Целзиусови на асфалтот на патиштата и дури 75 степени Целзиусови на покривите на зградите во некои области. Според податоците од мрежата на автоматски метеоролошки станици на Националната метеоролошка опсерваторија во Атина (meteo.gr), највисоката температура е забележана во Риза во Коринт, Макракоми во Фтиотида и Оленио во ...
Поранешниот премиер на Црна Гора Дритан Абазовиќ и некогашниот министер за внатрешни работи Филип Аџиќ дадоа изјава во Специјалното полициско одделение (СПО), а во рамките на истрагата за почасното државјанство на бизнисменот од Косово Насер Рамај, кое му беше дадено пред самиот крај на мандатот на владата на Абазовиќ, дознава „Вијести“ од повеќе извори. Абазовиќ и Аџиќ беа сослушани пред десетина дена, кога одговараа на прашањата на ...
Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, во неделата вечерта ја известила поранешната министерка за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, дека ја повлекува номинацијата за нејзино именување на позицијата специјален претставник на ЕУ за Сахел, објави словенечкиот портал 24Ур. Ова следи по притисокот од новата влада на Словенија предводена од Јанез Јанша и Европската народна партија (ЕПП), ...
Сопственик на ресторан во хрватскиот град Примоштен е уапсен откако од неразбирливи причини агресивно нападнал гости кои седеле во соседниот локал, пренесуваат хрватските медиуми. Според информациите, по видеото од инцидентот, кој брзо се проширило на интернет, полицијата веднаш го уапсила. Од полицијата информираат дека во тек е кривична истрага за да се утврдат сите околности на инцидентот. Општината Примоштен денес објави видео од ...
Ферибот полн со патници се судри со товарен брод во пристаништето на Крит ! Камерите го забележаа моментот кога патничкиот ферибот „Елирос“ и товарниот брод „Јосиф К.“ се судрија во пристаништето Суда. Во моментот на несреќата, фериботот „Елирос“ пловел на редовна линија кон Пиреја со 100 патници, 32 патнички автомобили и 74 камиони. Во исто време, товарниот брод, кој превезувал 84 камиони, изведувал маневар за пристигнување во пристаништето. ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ ги нарече потенцијалните кандидати на студентската изборна листа „некомпетентни паразити на државни јасли“, по што студентите му одговорија со иронична порака: „Но, претседателе… не сте на листата“. Политичката пресметка започна откако медиуми блиски до власта во Србија објавија список со околу 250 имиња на јавни личности, за кои тврдат дека би можеле да бидат кандидати на листата поддржана од ...
Mинистерот за внатрешни работи Бесфорт Ламалари информираше дека полициски дронови ќе бидат употребени за да регистрираат сообраќајни прекршоци во Албанија, со што според албански медиуми, се очекува намален број на смртни случаи на патиштата за 45 отсто. Секој прекршок регистриран од дрон ќе биде пријавен кај најблиската полициска патрола, која ќе го запре возачот за да му ја даде казната. Ламалари додаде дека наскоро ќе бидат поставени ...
Грција започна јавна кампања насочена кон македонските граѓани кои имаат грчко потекло и би можеле да ги исполнуваат условите за добивање грчко државјанство. Грција има потреба од вас. Зајакнете ја вашата врска со вашата татковина, стои во јавната објава на Амбасадата на Грција во Скопје. Во објавата се посочува дека граѓаните можат да најдат информации за условите, потребната документација и основните чекори за аплицирање за грчко ...
Полицијата во словенечкиот град Копер започна обемна потрага во крајбрежната област, откако непознати сторители инсценирале филмски грабеж на возило за транспорт на пари во Изола, пренесува 24Ур. Пријавата за грабеж била примена во 13:45 часот, кога е јавено дека од пред продавница во Изола неодредена количина готовина е украдена од специјализирано возило. Полицијата веднаш реагирала и го кренала нивото на тревога на максимум. Веднаш биле ...
Силна бура проследена со град го погоди Ровињ и неговата околина кратко по 9 часот утрово. „Паѓаа ледени камења. Јавуваат дека има и полесно повредени граѓани. Не се сеќаваме на толку голем град во Истра“, објави ИстраМет. Бројни жители на Ровињ и Ровињско Село испратија фотографии на кои се гледа дека градот бил со големина на орев на некои места. Некои велат дека не се сеќаваат дека некогаш виделе да паѓа мраз со оваа големина, пренесе ...
Словенечката полиција го уапси 39-годишен државјанин на Босна и Херцеговина осомничен дека ја избодел до смрт својата 36-годишна партнерка во Вухред. Тој бил пронајден кратко пред полноќ во близина на местото на убиството и не се спротивставил на апсењето. Словенечкиот портал Žurnal24 објави, повикувајќи се на неофицијални, но, како што тврди, проверени информации, дека станува збор за Амир Узуновиќ. Полицијата официјално не го објави ...
Додека илјадници туристи уживаат на грчките плажи, крадците ги користат метежот и моментите на невнимание. Грчката полиција соопшти дека уапсила две лица осомничени за повеќе обивања на возила на популарни туристички локации. Уапсени осомничени за серија обивања автомобили Како што објави порталот Grčka info, грчката полиција уапсила двајца мажи кои се сомневаат дека во периодот од 26 јуни до 14 јули обивале паркирани автомобили во ...
Пристапниот пакет за Црна Гора би требало да постави модел за финансирање на идните проширувања на Европската Унија, што дополнително ги компликува веќе напрегнатите расправи за следниот долгорочен буџет. Европската комисија минатиот месец го претстави финансискиот пакет за пристапувањето на Црна Гора, која моментално го предводи процесот меѓу земјите кандидатки. Економскиот трошок за влезот на таа држава од Западен Балкан со околу 626.000 ...
Познат е идентитетот, а објавени се и фотографии од тројцата загинати на патот кај граничниот премин Блаце. Тие загинаа откако нивното возило “мерцедес“ излетало од патот. Се работи за 56-годишната Ф.Ш.Т. од Косово, нејзиниот брат – У.Т. (64) од Косово и неговата сопруга 54-годишната Џ.К. од Турција. Нив за исчезнати откако претходно неможел да стапи во контакт, во полицијата, ги пријавил сопругот на Ф.Ш.Т., 56-годишниот М.Ш. од Косово. Тие ...
Топлотниот бран ова лето во Грција денеска го достигува врвот со очекувани температурите до 40 степени Целзиусови во некои области, покажуваат временските прогнози. Највисоки температури се очекуваат во Централна Македонија, регионот Агринио, тесалиската рамнина, Централна Грција и Пелопонез, додека островите исто така ќе бидат многу жешки. Меѓу градовите каде што се очекуваат особено високи температури се Атина, Ламија, Солун и Триполи. ...
Иако ударите од молњи во луѓе се ретки, тие можат да имаат смртоносни последици. Затоа, лекарите советуваат одговорно однесување за време на грмотевици, пишува хрватски „Дневник“. Силвија Тотар од Загрепскиот наставен институт за итна медицина објасни како да се пружи прва помош. „Доколку некое лице е во несвест, треба да се постави во странична положба. Доколку бурата и грмотевиците сè уште траат, треба загрозеното лице да се премести на ...
Полицијата, планинска служба за спасување и Црвениот крст на Хрватска спроведуваат обемна потрага по тројцата мажи кои исчезнаа во неделата во областа на реката Сава кај Ругвица. Во акцијата се вклучени беспилотни летала, пловила, а потрагата се одвива по бреговите на реката. Сè уште нема траги од исчезнатите мажи. Нивните лични документи се пронајдени во близина на брегот на реката Сава, што дополнително ја насочи потрагата кон таа област, ...
М.В.(29) од Аранѓеловац е уапсена под сомнение дека избодела маж (56), потврди за РТС Вишото јавно обвинителство во Крагуевац. Според неофицијални информации, станува збор за емотивни партнери. Како што се дознава, осомничената наводно го прободела двапати со нож во пределот на левата страна од градниот кош. Осомничената за кривично дело обид за убиство е приведена до 48 часа. Таа ќе биде приведена во Вишото јавно обвинителство во Крагуевац ...
Најпродаваните коли во Грција во првата половина на 2026 година покажуваат дека купувачите сè повеќе избираат мали теренци и хибридни автомобили. На врвот убедливо се најде „Тојота јарис крос“, пред „Пежо 2008“ и стандардниот „Тојота јарис“. Во првите шест месеци од годината во Грција биле регистрирани 83.869 нови патнички автомобили, што претставува раст од 7,4 отсто во споредба со истиот период во 2025 година. „Тојота јарис крос“ го освои ...
Агенцијата за надзор на работата на албанската полиција (АМП) објави дека во првата половина од годинава, 24 полицајци биле отпуштени од редовите на државната полиција, додека до Обвинителството за разни кривични дела се упатени досиејата за 232 полицајци и двајца вработени во Националната гарда. -Во текот на првата половина од годинава, 9 полицајци, еден службеник од гардата и еден вработен во противпожарната и спасувачка служба беа уапсени ...
Ниското ниво на водата во Дунав во близина на Опатовац, град помеѓу Вуковар и Илок, откри остатоци од брод за кој се верува дека потонал пред околу 90 години, објави општина Ловас на својата Фејсбук страница. Според градоначалничката на општина Ловас, Леа Видиќ, историјата „буквално се појавила од Дунав“, поради што општината објави фотографии на својата официјална веб-страница и ги покани локалните жители, историчарите и секој што има ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ најави поддршка за државјаните на Србија кои сакаат да се вратат од странство и повторно да живеат и работат во земјата, пренесе Н1.рс. Тој нагласи дека државата ќе подготви програма за субвенции и поддршка за граѓаните кои живеат во странство, а сакаат да се вратат во Србија. Вучиќ вели дека најчесто се враќаат пензионери, но дека има и помлади семејства кои размислуваат за враќање. Според него, целта е ...