Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Белград, 11 август 2026 (МИА) – Во Србија во шумски пожари во периодот од 2006 до 2025 година изгореа повеќе од 51.632 хектари шума, односно над 516 квадратни километри, покажуваат најновите податоци на Републичкиот завод за статистика што ги пренесе порталот „Нова економија“. Станува збор за застрашувачка зафатена површина што е еднаква на околу 72.000 фудбалски игралишта. Податоците откриваат дека во изминатите две децении повеќе страдале ...
Белград, 11 август 2026 (МИА) – Србија си постави цел да биде целосно подготвена за приклучување кон Шенгенскиот простор до крајот на 2027 година - изјави српскиот министер за европски интеграции Немања Старовиќ во интервју за Радио Белград. – Имаме сопствен акциски план што треба да се реализира до крајот на 2027 година, за да бидеме подготвени за пристапување кон Шенген-зоната. Мислам дека тоа е следната голема тема, бидејќи сме свесни оти ...
Бања Лука, 11 август 2026 (МИА) – Изворите на вода во Босна и Херцеговина се загрозени од долготрајната суша, поради што во многу градови се воведени рестрикции во снабдувањето со вода, со повици за нејзино рационално трошење. Во Мостар и Лукавац има привремени плански прекини во испораката на вода, во Бања Лука испораката е ограничена за одделни приградски населби, а на Пале се во сила секојдневни четиричасовни рестрикции, пренесоа ...
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска бил примен во болница по велосипедска несреќа. Според локалните медиуми, Мицотакис отишол во болницата за итни случаи откако паднал од велосипед. Тој претрпел повреди на раката и мали гребнатини, објави „Катимерини“. По добивањето на прва помош, грчкиот премиер ја напуштил болницата. ИЗДВОЕНИ Македонија стиска палци за Никола Ѓуретановиќ – ќе се бори со европската елита! Возачите чекаат решение на 1 ...
Жителите на малото крајбрежно село Звернец во Албанија беа шокирани кога Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, ги откри плановите за изградба на луксузен медитерански одморалиште. Сепак, како што објавува американскиот весник „Волстрит џурнал“ (WSJ) во својата обемна истрага, зад гламурозните визуализации лежи темна приказна што вклучува обвинувања за грабеж на земјиште, меѓународен шверц со кокаин и перење пари. ...
Архиепископот на Тирана, Драч и на цела Албанија, Неговото Блаженство Јоан, заедно со Папата Патријархот на Александрија и на цела Африка, Неговото Блаженство Теодор II, денеска го придружуваше Неговата Сесветост Вселенскиот патријарх Вартоломеј на патувањето кон Имброс, неговиот роден остров. Присуството на тројцата Примати во Имброс е поврзано со одбележувањето на 65-годишнината од стапувањето на Вселенскиот патријарх Вартоломеј во ...
Полицијата во Беране, Црна Гора, запре свадбена поворка што тргна од Гусиње и им нареди да ги отстранат албанските знамиња од возилата, пренесува „Србија тајмс“. Според полицијата, причината е истакнување на симболот на странска земја во јавност, што таму е забрането. View this post on Instagram A post shared by SERBIAN TIMES & Serbian News (@serbian.times) Албански знамиња на автомобилите на свадбените поворки често се гледа и низ ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, повторно се осврна на случајот со неговиот син Данило, на кого во минатото му бил забранет влез во Црна Гора. — реклама — „Дали знаете дека мојот син беше протеран три години, односно му беше забранет влез?“, рекол Вучиќ, пренесуваат црногорските медиуми. — реклама — Забраната за влез на Данило Вучиќ во Црна Гора била укината во ноември 2021 година, кога црногорската полиција соопштила дека мерката е ...
Нов случај на каснување од желка „карета“ е регистриран во областа на Каштела, Хрватска. Пред два дена на плажата желка каснала млад човек во долниот дел од грбот и му нанела крвава рана. Ова е веќе петти регистриран случај на каснување од 22 јули, а новиот инцидент се случил откако капачите се надевале дека животното се оддалечило од областа, јавуваат хрватските медиуми. Мајката на повредениот млад човек изјавила дека нејзиниот син не ја ...
Цариниците на граничниот премин Хоргош спречиле обид за шверц на повеќе од 375 грама златен накит, чија вредност е проценета на над 45.000 евра. Како што соопшти српската Царинска управа, случајот бил откриен на 8 август од службеници на Одделението за сузбивање шверц. При контролата биле пронајдени големо количество непријавени златни предмети и накит. Меѓу запленетите скапоцености имало три огрлици, од кои една со дукати, три ланчиња, седум ...
Центарот за истражувачко новинарство на Србија (ЦИНС) објави снимки од надзорна камера на кои се гледа нападот врз режисерот и професор на Факултетот за драмски уметности Стеван Филиповиќ во центарот на Белград, пренесува „Н1“. Филиповиќ пред шест дена изјави дека непознати луѓе му го грабнале телефонот, а потоа му се нафрлиле и го претепале, откако ги фотографирал и снимал додека демолирале зграда која е под државна заштита. На снимките до ...
Српската полиција заплени 22 килограми марихуана при претрес на автомобил и уапси 43-годишен маж од Лазаревац. Припадници на Управата на криминалистичката полиција, во соработка со полицијата во Краљево, го уапсиле Д.Ѓ. (43) поради сомнение за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги. При претрес на патничкиот автомобил со кој управувал осомничениот, полицајците пронашле 22 килограми марихуана спакувана во вкупно 44 ...
Два патничко-туристички брода се судриле во морскиот простор кај заливот Вутуми на Антипаксос, во близина на Крф, при што тројца патници превентивно биле пренесени во Здравствениот центар на Паксос. Според досегашните информации, до судирот дошло додека двете пловила се наоѓале во акваторијата на Антипаксос. Надлежните органи веднаш реагирале, а била започната постапка за безбедно префрлање на патниците. Едниот од двата туристички брода, на ...
Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман порача дека Хрватска нема да се откаже од заложбите Хрватите во Босна и Херцеговина да остварат рамноправност. Грлиќ Радман, на маргините на музичко-хуманитарната манифестација „Блатнички ноти на добрината“, во близина на Мостар, рече дека предлогот за хрватска изборна единица, кој се наоѓа во документот за зајакнување на политичката положба на Хрватите во БиХ, неодамна усвоен во ...
Добивај вести на Viber Во соседна Албанија има скоро 40.000 регистрирани странски државјани, при што повеќе од половина од нив остануваат во земјата за да работат. Ова се податоци од полицијата. До 30 јуни 2026 година се регистрирани вкупно 38.712 дозволи за престој одобрени за странски државјани. Според државјанството, најголем број дозволи поседуваат граѓаните на Косово со 7.302 дозволи, што претставува околу 19 отсто од вкупните активни ...
Планинар на 19-годишна возраст вчераутро загинал во несреќа на Триглав, највисокиот планински врв на Јулиските Алпи во Словенија, објави словенски „Дневник“. Младиот човек се враќал од планинарскиот дом Кредарица кон долината Врат, кога се лизнал и паднал во провалија на почетокот од патеката Томишек. Поради тешките повреди, тој починал на местото на несреќата. Неговото тело било пренесено со воен хеликоптер, кој потоа се вратил по ...
Извлечени се телата на пилотот и копилотот чиј хеликоптер експлодирал и се урнал по судир со друг хеликоптер за време на мисија за гаснење шумски пожар во Грција, соопшти грчката противпожарна служба. Според државната телевизија ЕРТ, пилотот бил дански државјанин, а копилотот Грк. Со нивната смрт бројот на загинати во шумските пожари во Грција се искачи на пет, откако минатата недела тројца пожарникари загинаа на Крит и на Пелопонез. ЕРТ ...
Двајца млади Израелци кои престојувале во Црна Гора наводно за време на одморот пред служењето воен рок биле мета на група луѓе поради тоа што се Евреи, објави во понеделникот N12. Двајцата Израелци, Јоав и Дор, изјавија за N12 дека посетиле казино кога им пришол еден маж, започнал разговор, а потоа ги прашал од каде се. Од нашата мрежа Ред Бул постави јасни цели за остатокот од сезоната во… 23 минути kontra.mk Фјури против Џошуа во Њујорк: ...
Европската Унија упати апел до сите политички партии во Косово итно да постигнат договор за избор на нов претседател и да соработуваат за надминување на долготрајната политичка криза, предупредувајќи дека блокадата на институциите сериозно го загрозува европскиот пат на земјата. – ЕУ постојано ги повикува сите политички актери да обезбедат институционална стабилност. Од суштинско значење е институциите на Косово да бидат конституирани без ...
Екстремно ниското ниво на водата на реката Сава ги откри остатоците од паробродот „Словенец“, којшто повеќе од 80 години се наоѓа меѓу Сремска Митровица и Јарак. Бродот е изграден во 1913 година во Будимпешта под името „Ваг“, а по Првата светска војна му припаднал на Кралството на Срби, Хрвати и Словенци. Во 1921. е преименуван во „Словенец“. За време на Втората светска војна, бродот бил запленет од Германците, кои го користеле за пренос на ...
Грчките власти на островот Скопелос уапсиле група италијански државјани осомничени за нелегално вадење и шверцување на црвен корал. Проценетата вредност на запленетиот корал е околу 800.000 евра, а според истрагата, тој бил наменет за италијанскиот пазар. Случајот го отвори и прашањето за размерите на илегалната трговија со еден од најскапите природни материјали во Медитеранот. Црвениот корал со векови се вади од Медитеранот и се користи за ...
Романската јавност беше шокирана откако амбулантно возило, односно возило на Брза помош беше нападнато од локалното население со секири, стапови и камења во селото Речија-Кристур во округот Клуж (северозападна Романија) на 9 август. Шофершајбната на амбулантното возило била скршена, а возачот претрпел повреди од скршеното стакло. Медицинскиот тим успеал да избега од нападот и да се врати во базата. Според романските медиуми, нападот бил ...
Шестгодишно момче било физички нападнато од својата мајка на плажа во областа Ајалија, во близина на Патра, Грција, по што детето било пренесено во детската болница „Караманданио“. Инцидентот се случил во понеделникот, 10 август, пред други посетители на плажата. Според пријавата на жена која била присутна, таа забележала дека мајката со сила го шамара шестгодишниот син, по што ја известила полицијата. Полициска патрола веднаш пристигнала на ...
Бурни реакции во романската јавност предизвика неодамнешниот случај на напад врз возило на Службата за итна медицинска помош, со повици и за целосна забрана на социјалната платформа „ТикТок“ во земјата. Јавноста во Романија се разбранува откако завчера во селото Речја-Кристур во округот Клуж, во северозападниот дел на Романија, локално население нападнало со секири и камења екипа на Службата за итна медицинска помош, при што било искршено ...
Меѓу податоците за 86.000 граѓани кои ги објавија се наоѓаат имиња и презимиња, ОИБ (лични даночни броеви), датуми на раѓање, како и матични броеви (ЕМБГ) кои повеќе не се во службена употреба, но хакерите тврдат дека се користат во правосудниот систем На хакерските форуми на обичниот и на темниот интернет (dark web), српската хакерска група „INF Grupa“ објави база со податоци за 86.000 граѓани која ја презеле директно од хрватскиот ...
Жителка на Нова Варош во Србија му се обрати денеска на српскиот претседател Александар Вучиќ за време на неговата посета на тој град и тврдеше дека во 2020 година ѝ била ветена работа доколку собере одреден број гласови на парламентарните избори. Како што рече, работата никогаш не ја добила. Прашањето му го упати на Вучиќ, но и на Крсто Јањушевиќ, вршител на должноста директор на „Србија шуме“, како и на градоначалникот на општина Нова ...
Градските власти на Приштина го отстранија големиот транспарент „Слободна Украина“, закачен на зграда во центарот на градиот од 2022 година, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети Белград и го потврди непризнавањето на независноста на Косово од страна на Украина. Градоначалникот Прпарим Рама за симнувањето на транспаретот изјави дека солидарноста продолжува, но „ниту една кауза не може да се гради врз понижувањето на ...
Луксузната суперјахта „Deep Blue“, вредна околу 450 милиони евра, утрово пристигна во пристаништето во Драч, каде што се очекува да биде снабдена со гориво. Станува збор за една од најголемите и најлуксузните суперјахти изградени во последниот период. „Deep Blue“ е изградена во 2026 година од германскиот бродоградител Лурсен. Различни извори ја наведуваат нејзината должина како околу 134 до 137 метри. Според достапните информации од ...
Шумски пожар избувна утрово во областа Маратијас на грчкиот остров Закинтос, а на терен се распоредени 22 пожарникари, со поддршка на авиони, хеликоптери и локални волонтери, соопшти грчката противпожарна служба, пренесува „Прототема“. Во гаснењето учествува и пешадиска група од 17-та единица за специјални операции за шумски пожари, како и волонтери. На терен има осум противпожарни возила, два авиони и еден хеликоптер, додека цистерни на ...
Додека новиот филм „Одисеја“ ја освојува светската публика и повторно го насочува вниманието кон легендарниот свет на Хомер, во древна Троја продолжуваат археолошките ископувања предводени од Министерството за култура и туризам на Туркије, со кои се откриваат нови детали. Во рамки на археолошката сезона оваа година, истражувачите работат на неколку локации. Во Долниот град се откриваат улици со колонади и продавници од римскиот период, ...